А подоцна додаде: „В ред, можеби директно и не го поттикнал.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Во секој случај, она со што си имаме работа во сцените од Милдред Пирс и од Најмила мамичке не е терористичката моќ на машкото заплашување и доминирање, туку моќ на жртвата која веќе нема да трпи и која се враќа триумфално, „ранета и доминантна“, да им се спротивстави на своите прогонители со сета силина на својата болка.294
Кога би можело задеваното и тормозено настрано дете, втерано онаму в ќош на игралиштето, или кога само би можел злоставуваниот љубовник, предаден и измалтретиран од дечкото, да ги смогне и да ги канализира таа праведничка, победоносна јарост, жестината и гламурот на Џоан Крафорд, можеби би нашол во себе смелост, сила и сигурност да го возврати ударот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Барем една од приказните за стоунволските безредија вели дека она што ја подбудило толпата пред барот да даде отпор, она што ѝ ја потпалило јароста и што ги предизвикало безредијата, била глетката на туркањето на една дрег-кралица во полициско комби, која, во ненадеен грч од бес, мавнала со чантичката еден полицаец.295 Целата историја на геј-ослободувањето, на геј-спорот и на геј-отпорот, тогаш, можеби директно ѝ е должник на Милдред Пирс – или, ако не баш на Милдред Пирс, тогаш барем на општествената форма и на емоционалното искуство за кои е и класичен пример и дефинитивен масовнокултурен израз: драмата на разјарената женска немоќ што наеднаш и секавично се преобразува во мигновена, вратоломна, небрежна, јаросна, неумолива моќ.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, бидејќи изгубил надеж дека со личен труд ќе се здобие со наследник, можеби ѝ дал некаков знак на жена си да се потруди да му помогне.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Возможни биле, всушност, такви мигови.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)