Најмногу се надеваше во мајка си, која можеби повеќе страда од другите, можеби нејзините грижи се потешки од грижите на татка си и деда си, но таа најмногу верува во него.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Мислеше на Јана, можеби повеќе отколку кога и да било.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Кутрата, си помислив во мигот, таа имала можеби повеќе храброст од другите да ги преземе златниците и да му ги даде на вратениот емигрантски одметник и конечено тој да се компромитира.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Се гледаше море од коли, можеби повеќе илјади, а ниедна не се движеше.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Можеби повеќе некако замислен.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Затоа Константин е можеби повеќе напрегнат додека го слуша збивањето на другиот и со слух може да пресмета колку е тој оддалечен од него.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Мора да траеше секунда, можеби повеќе, бидејќи почувствував дека Маргарита ја воочи таа насмевка со која Ана не се согласува, макар само така што ја наведнува главата, што неодредено го испитува затворачот на својата црвена кожна чанта, а всушност речиси како и да е оправдано да се смееш и понатаму иако Маргарета такаречи веќе и не гледа бидејќи на некој начин гестот на Ана ја потврдува мојата насмевка, и понатаму ја прима до себе па веќе не е ни потребно таа или Маргарита да ме гледаат бидејќи и се онака темелно предадени на ништожната работа околу проверката на затворачот на црвената чанта.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)