можеби (мод.) - токму (прил.)

Но таа веруваше дека во книгите, можеби токму во тие книги, се крие нешто посвето, посудбинско за семејството, отколку во единствениот таков апарат за јуфки во градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И, бидејќи не се може да се контролираат работите до мерка која се чини задоволувачка, се утешуваш дека можеби токму низ непредвидливото и низ недофатливото, се раѓаат богатите и сложени склопови кои најпосле и самиот тебе ќе те задоволат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бидејќи, кој знае, можеби токму историското слепило е онаа смртна болест на машкиот свет?!
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Доста е сериозен, па затоа учителот можеби токму него го определи да ја има таа чест.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Одеднаш ми дојде и јас да се пријавам за нешто, па без да размислам се пријавив за трчање на 60 метри.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И можеби токму од таа мисла ми дојде некаква скриена сила па трчав толку брзо што стасав прв на целта.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Откако се пријавив ме фати некаков чуден страв - или подобро да речам - некаква возбуда при помислата: Што ќе биде ако другарите ми се смеат...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Бернард Лоун, пак, вели: „Затоа, само оние кои го гледаат невидливото - можат да го направат и невозможното“.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Можеби токму во оваа смисла треба да се протолкува специфичноста и осаменоста на македонскиот историски простор кој со сета своја историска густина како да е предодреден - за утопија.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Можеби токму сега, од онаа страна на морето, Габриел Гарсија Маркес беснее оти пак се покапал лижејќи чоколаден сладолед или го гризе остатокот од ноктот на левиот показалец оти уводникот во Камбио воопшто не е по негов вкус, а ако ги навикнеш луѓето да читаат лоши уводници ќе ги навикнеш да читаат и лоши книги, лошотилак ќе им се пикне и во мислите што значи и во животот.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Г.С.: А близначето може да биде било кој, можеби токму тој убиец на глушецот е придвижен од твојата грозна апатичност, што значи дека...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
И можеби токму во таа потрага си ја загубив и татковината, куќата, блиските, а, за возврат, ги открив сиџилите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Дел од тајната на драмата лежи можеби токму во тоа мало отстапување на името, кое дури читањето на текстот го открива.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
И можеби токму затоа секој обид стварноста да се смести на хартија е уште еден пораз за секој писател.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Можеби токму тоа, адаптабилноста, ги прави луѓето кои практикуваат преживување - чудна сорта.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Стеснета, стварноста овде се меша во сите свои облици и можеби токму затоа преживувањето е мачно.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И можеби токму од горделивоста на петлите тој извлекол еден вид пожртвувано задоволство, еден вид авантуристички однос кон кокошите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Постојат такви пораки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А којзнае, можеби токму таа ги поттикнуваше ваквите мои размисли?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На почетокот на тие неугледни скали кои портокаловото осветлување нежно ги простираше угоре, кон ликот на Мари-Клод во својот стан, опкружена со својот мебел, гола и заспана, ја бакнав во косата, ѝ ги погалив рацете; таа не ја побара мојата уста, постепено се одвојуваше и од грб видов како се качува низ уште едни од безбројните скалила што најпосле сите ги одведуваат а јас не можам да ги следам; дома се вратив пеш, без пајаците, празен и испран за ново исчекување; сега тие не ми можат ништо, играта уште еднаш ќе почне како толку пати порано но само за Мари-Клод, во понеделник - симнување кај станицата Курон наутро, излегување на Макс-Дормоа среде ноќта, во вторник влегување на Криме, во среда на Филип Огист, прецизно правило на играта: петнаесет станици од кои четири се спојуваат со други врски, а тогаш, на првата од тие четири, знаејќи дека ми претстои линијата Севр-Монтреј како што на другата ќе морам да ја земам врската Клиши-Порт Дофин, секој итинерер е одбран без посебна причина бидејќи никакви причини и немаше, Мари-Клод можеби ќе се качи блиску до својата куќа, кај Данфер-Рошро или на Корвизар, можеби токму ќе преседи на Пастер за да продолжи кон Фалгиер - мондријановско дрво со исушени гранки, случајноста на црвеното, плавото, белото, точкастото искушение; четврток, петок, сабота.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Деновиве имав несоница. Можеби токму поради месечината. Така велат.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Некои киберпанкери сонуваат за тоа (барем засега) да направат хаос во тие системи. Можеби токму сега минуваат низ огромниот налет на младешко разочарување? „Никогаш не сум имал илузии”, одбива Св. Витус. „Не сум можел да си го дозволам тој луксуз. Денес доаѓа време во кое растејќи се соочуваш со прашањето: Што ќе правам со својот живот?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Можеби токму во овој момент вика од болка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ме погледна низ полузатворени клепки и знаев дека ја совладуваат чувствата и дека можеби токму во тој миг ќе ми ги подземе рацете, ќе ме повлече и дека двајцата ќе полетаме за, конечно, да ја прелетаме оваа долга, бескрајна ноќ.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И можеби токму затоа Ема ми стануваше сè поблиска.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Може да претпоставиме дека веројатно тоа и била идејата на Бах; меѓутоа идејата дека истиов процес би можело да се повторува до бескрај несомнено му се насмевнувала, и можеби токму од тие причини Бах напишал на маргината: “Како што модулацијата оди по нагорна линија, така нека биде и со славата на кралот”.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Можеби токму сознанието дека можеби и јас му припаѓам на сојот на невидливите се почувствував послободен.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ја гледаше, ја гледаше низ раширените прсти, и можеби токму затоа што така долго и внимателно ја гледаше и ја испитуваше, таа му помогна да открие многу работи.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Кога веќе го спомнувам Господ, можеби токму тој Господ на посебен начин го сакаше татко ти, го штитеше, или барем не беше против него.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И како копаат дупки можеби токму за обие борчиња.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Можеби токму во тоа е моќта на тие зборови, што се непознати, а истовремено блиски, толку се маѓепснички и привлечни и можеби затоа Господ Бог преку нив е семоќен што тие секому не се познати?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)