Погрешна примена на материјалното право постои кога судот не ја применил одредбата на материјалното право што требало да ја примени или кога таквата одредба не ја применил правилно (чл. 345, ЗПП). 217 Папазова против Градска аптека Спор за неисплатени надоместоци1 Nemo in persequendo vel agendo deteriorem causam, sed meliorem facit (Paul. – D. 50,17,87) Со покренувањето судска постапка никој не [треба да] се доведува себеси во полоша, туку само во подобра позиција Работничката Јелена Папазова од Велес (сега 51-годишна) беше вработена во поранешната јавна Градска аптека „9ти Ноември“ во нејзиниот град – којашто, по приватизацијата, го носеше целосниот назив Приватна здравствена установа „Градска Аптека“ – Струмица, бидејќи сега седиштето на фирмата сега беше заведено во оваа општина.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Таа, во новата т.е. пререгистрираната фирма, беше вработена со договор за вработување на неопределено време бр. 03-3/22, од август 2005-та2 – три години пред да настане конкретниот работен спор со нејзиниот нов „газда“, иако претходно, во истата аптека, имаше остварен работен стаж од над 25 години, односно таа сиот свој работен век го имаше поминато во истото претпријатие.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Покрај тоа, во законот подетално се специфицираа категориите на странци на кои може да им биде издадена лична работна дозвола со важност за период до една година, односно таа им се издава на: • член на потесното семејството на државјани на Република Македонија кој поседува важечка дозвола за привремен престој, • член на потесното семејството на странец кој поседува лична работна дозвола за неодреден временски период, • странец кој по потекло е од Република Македонија или негов наследник до трето колено, кој нема македонско државјанство, • странец кој престојува во Република Македонија врз основ на дозвола за привремен престој за семејно обединување, • странец барател на правото на азил на кој барањето за признавање на правото на азил не му е решено во период од една година, по истекот на периодот од една година (дозволата за работа се издава на три месецa со можност за продолжување), • странец со признат статус на бегалец, • странец под хуманитарна заштита и • странец под привремена заштита (чл. 12).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Таа не е восхитена односно таа е ладна поради лошо изработениот крај, неуспешните сцени, навредливиот приказ на моралот...
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)