Дека долгоочекуваното историско и лично остварување на достоинствен – односно мажествен – геј-идентитет ќе излезе дека било попусто и дека геј-мажите одново ќе ги потоморат сенките на патологијата, омаловажувачките стереотипи и неизбежната родово девијантна настраност?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Од што точно се плашат сите тие луѓе?
Дека грижливо поставената фасада на геј- мажественоста, со маки добиена благодарение на поединечен и колективен труд, ќе им се урне како кула од карти и ќе ги открие оцртите на она одвратноно Друго, самовилата или кралицата?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Дека секој геј-маж ризикува да го отелотворува одбивниот, презрен лик што потајно истовремено го плаши и каков што верува дека е?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ете зошто се склони да одрекуваат секакво учество во геј- културата или секаква свест за нејзиното постоење, иако одвреме-навреме активно се вклучуваат во животот на геј- заедниците.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)