в (предл.) - болница (имн.)

Што можев? Наредив да ја однесат в болница.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Болничарот ја преврза раната, а командантот оцени дека Лефтера не е за в болница.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А потоа и неа ја донесоа в болница на испирање.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Треба да одам в болница на преврзување, мислеше. Веднаш сега.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Здраво, ако науката смее да општи со помрачените умови.“ Иван за миг го опфати со поглед од теме до петици. „Мислите дека јас ве довлечкав в болница за да ви се одмаздам?“ „Мислев, докторе“, рече со неолекувано спокојство. „Мислев дека тоа го сторивте за доброто на Јана и за мое добро. Каде е таа?“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Среќен е што е брат му в болница и што оваа кобила е само негова.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Појде в болница. Кога се врати, не ја најде во станот. дојде по два дни а оттогаш се поретко го посетуваше и не претчувствуваше, не сакаше да претчувствува, дека, тој, измамениот човек, сознава се, во прегратките на жената се знае...
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Па? Не одговори ни за иследникот ни за себе, како што не можеше да одговори на набожното прашање еднаш, порано, ни оној калуѓер што дојде в болница смерен, набожен и со гонореја.немаше сили и не сакаше да одговори, како секој осамен, изгубен, безнадежен човек.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Оче Симеоне.“ „Што е?“ „Еден таков беше кај нас в болница. Не знаеше од која се заразил.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Или еднаш в болница во нечија крв пливаа меури на коскена срж. „Превивка“, побара.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И наеднаш не можеа да ме препознаат в болница.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Изморен сум, те утешив, сакав да те утешам. Тешко е в болница.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тогаш мене ми пукна слепото црево, и ме однесоа в болница.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали дома, дали в болница, кај мене ти е секогаш отворено.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го кренаа да го носат в болница.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме качиле на санка за в болница.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го пикнаа в болница и почнаа да го испитуваат што организам има.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Го кренаа и го префрлија в болница.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Не бев“, рече „и токму заради тоа бев несреќен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Го прашав дали случајно и тој бил ранет .
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Девојката што ја запознав во куќата под Сина Скала најмногу време им посветуваше на ранетите“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И беше со добар фат! Како да работела в болница, толку добро знаеше да ги среди раните“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Жена му, кучка, го подбуцнуваше. А сега - што стана? Тој в зандани, јас в болница.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Треба в болница да го однесат. А сега, со зејтин мачкајте го.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Бил шест месец в болница. После ја силувал и сега лежи.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
А што е со Јован, каде е тој? - Во Елбасан, в болница...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тие сега не гледаат од прозорецот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Имаш црно под очите, ајде ти в болница за да видиме што е работата, како е, да не е нешто заразно, опасно. Да испитаме, пиленце.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Болно е... В болница го носам... - објаснува чичко Лозан, мавтајќи со раце.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Паднал. Лошо паднал. Си ја скршил ногата. Лошо ја скршил. Една операција. Друга. Две години в болница.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Прашуваш зошто кај мене дошла а не отишла в болница? Не знам!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Веројатно мислеше дека умеам највнимателно да слушам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Потоа мајка му на Димче ја пренесоа в болница на лекување.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)