Развевај, ветре, в небото горе, развевај знамиња бескрај, празнувај празник, Родино мила, на трудот празник - Први мај!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Развевај, ветре, в небото горе, развевај знамиња бескрај, празнувај празник, Родино моја, народен празник - Први мај!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Чудни чуда! Сиот свет е страшно свртен - в небо нозе, в трева глава - на некаков детски цртеж...
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
За малку да се одделам од земјата, да се кренам в небеса.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
„В небо ли ќе избегаш...“ ѝ викаа и фрлаа со камења по неа.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Кога се качи горе на проповедалницата, тој се потпре со рацете на пармаците, се заниша, како да се токми в небо да се фрли и извика: „Народе! Луѓе, жени и деца и сѐ што е господово. И кој ме слуша и кој не ме слуша...“
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Го чистиме оружјето и низ цевките гледаме в небо.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Знаев една малечка Меѓу ѕвездите сакаше да е Да се вивне в небо За да сјае без да стивне Знаев едно гулапче Mеѓу орлите сакаше да е И глувче знаев што сакаше да лае...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)