в (предл.) - соба (имн.)

Кога излезе таа, тој се затвори в соба, ги клава очилата и ја вади полека сликата од пазува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Што е ова? Симче занеме од чудо. Тоше има теле! Дома, в соба!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
„Тоа е наследството“ ,се сневеселија и браќата. „Коњ без штала.“ „Каде ќе го чувате? В соба?“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И сега да не чујам веќе ништо! Ништо, разбра? Бегај в соба! “ викна Таки оштро.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Се затворивме в соба да акламираме: Хрушчов! Хрушчов!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Отвори ја вратата и ќе ти влезе в соба...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Тука е. Кај него в соба!
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Знаев дека тоа е невозможно, па сепак, кога третиот ден по смртта на дедо ми Баџак тато нѐ однесе во дедовата куќа во Влае, одев од соба в соба и внимателно разгледував да не најдам некоја трага од присуството на дедо ми што би значело дека тој сепак е жив: некоја недопушена цигара во пепелникот, тукушто соблечена кошула, чорапи свиткани и ставени во „беж“ еспадрилите што најчесто ги носеше, очила врз отворениот весник на канабето во дневната соба, недоиспиено, сѐ уште топло кафе...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Татко ми ја преместува печката од соба в соба Верува оти го има летото в раце Мајка ми се крсти бидејќи се сомнева дека нечестивиот управува со неговите намери “Господи летата и зимите се твоја грижа Зошто оставаш да верува дека станал чудотворец” Секогаш додека таа се моли помалиот брат се игра со нејзините зборови како маче со клопец Се враќам при татко ми токму кога ја качува печката на покривот Некој топол ветер шета околу нашата куќа.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Игор Лозински замолкна. Во мигот влезе Мајка в соба.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
По цел ден одеше од соба в соба, како ѕвер затворен в кафез и смислуваше начин како да ги собере маслинките.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
„Нешто му е случи на мојот камион“, јазикот му се движеше суво помеѓу усните, а очите му беа цврсто затворени сѐ додека не стана црно и немаше никаква светлина и беше како кога стоиш сам в соба, тукушто станат од кревет, сред мрачната ноќ.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ќе влезам в соба и ништо немам в панталони.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)