Подмладокот на комунистите, клубот на младите литерати (веројатно зборот - "писател" асоцира на сиромаштија и тавански незагреани сопчиња, па комунистите мораа да измислат некој нов збор за овој занает), локалниот стрелачки клуб... во триесет години на неуспешна демократија, со оглед на тоа дека беше во центарот на градот, на зградата ѝ фрлија мерак политичките партии.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Во триесет секунди, пред моите очи изминаа триесет години, можеби и повеќе, четириесет, педесет, и јас се видов истоштен и намален, двојник на брадестиот Водомар или на човекот со два гласа.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Едниот беше висок колку што ќе бев јас ако му стоев на глава на некој свој врсник.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Овој расказ на Христов спаѓа во триесет и четирите најдобри раскази што биле избрани за Антологијата од вкупно сто и педесетте раскази колку што биле објавени во разни списанија во годините 1933 и 1934 година.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Типичната современа машка геј-двојка што ја живописаа Силверстајн и Вајт ја сочинуваа „триесет и петгодишен адвокат вљубен во триесет и петгодишен лекар“; двајцата „ги делат трошоците и домаќинските обврски“ и „се ебат на смени“.70
Роберт Феро отиде уште подалеку.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Работејќи триесетина години врз сиџилите, во битолскиот кадилак (од XV до XIX век), кој ги откри, ги систематизираше и ги преведуваше во триесетте најубави години од својот живот, па можеше да состави еден вид енциклопедија од поимите на исчезнатото време, но ова што сега го работеше со Камилски, можеше да претставува игра од неговите големи соништа на Балканот, како единствен калауз да излезе од самиот себе.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)