Ја набљудував нежната линија која се превиткуваше и стануваше дел од просторот кој се губеше во бесконечноста.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Ние ли сме во бесконечноста
ниту центар, ниту власт
ниту гуска, ниту јајце
Ние, од тлото што не сме се одлепиле
ние, вистината што ја мразиме
како ѓавол ја истеруваме
масовно ја каменуваме
и ја однародуваме
ние, што наредуваме
кој да ѝ се обрати на јавноста
и како да се опише „стварноста“
за да го слушаме
- барем додека сме живи -
она што ни одговара
Сонцето мора да се врти
небото да биде недостижно
Земјата мадра.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Нечујна модификација на мртвата природа
со пејсажи врамени во бесконечноста.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Уште долго ќе сакаш да бидеш
со нив
во кругот
ќе сакаш залудно
и ќе се прашуваш:
што во бесконечноста
што во атарот на загубата?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)