во (предл.) - глава (имн.)

-Многу зборуваме денес.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А татко ми сакаше да станам глупав научник!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ми се врти во главата - процеди Михаил.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој повеќе не пие млеко, а во последно време и не е добар со здравјето откако со ова (го подига топчето) му направив дупка во главата!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дики, сакаш ли со овој мермер да ти направам дупка во главата?!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Овој записник може да го разгледа само повисокиот суд кога решава по правен лек, и во тој случај записникот повторно ќе се затвори во посебна обвивка и на обвивката ќе се назначи дека записникот е разгледан (чл. 120, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
10.  Во главата која носи наслов Кривични дела против општата сигурност на луѓето и имотот, постои казнена одредба со наслов „Предизвикување опасност при градежни работи“ која гласи: Одоворно лице кое при проектирање, раководење или изведување на некаква градба или градежни работи ќе постапи спротивно на прописите или на општопризнатите технички правила и со тоа предизвика опасност за животот или телото на луѓето или за имот од големи размери – ќе се казни со затвор од три месеци до пет години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
5.  Разделот три од овој Закон носи наслов: Извршување заради наплата на парично побарување – и во Главата XII [„Извршување 152 врз подвижни предмети“] се предвидени извршните дејствија: попис, процена, пленидба, продажба на стварите и намирување на доверителот (чл. 85, ЗИ). 153 Вујошевиќ против Сојуз на синдикатите на Македонија Спор за неисплатени плати и надоместоци1 De rebus litigiosis et convenire et transigere possumus.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Против решението на судот со кое се усвојува предлогот на странката не е дозволена жалба (чл. 164, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
7.  Како мала дигресија, не е на одмет да споменеме дека во посебниот дел на нашиот КЗ (1996), во главата насловена како „Кривични дела против работните односи“ се вели: Тој што свесно не се придржува кон закон, друг пропис или колективен договор, за засновање или престанок на работниот однос, за платата и надоместоците на платата, работно време, одморот или отсуството, заштитата на жената, младината и инвалидите или за забрана на прекувремената или ноќната работа и со тоа повреди, одземе или ограничи право што на работникот му припаѓа, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. 205
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Странките и оштетениот ќе се известат секогаш, кога и на кое место ќе се испита сведокот, односно ќе се изврши увидот или реконструкцијата со задолжително присуство на странките на тие дејствија (чл. 390, ст.3 од ЗКП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Дувна во носот со еден силен замав зема здив, па кога дувна силно, во главата да се отвори патот за животот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Илјади мисли му се плеткале во главата. Најпосле му светнало!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мислите во главата ми се редат како бескрајна низа и секоја од јасно појасно обликувана и изречена.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ако не се сетиш, не можеш да се сетиш, тогаш како некаде во главата, во мозокот, крвта да ти се згрушува, ќе почуствуваш нешто налик на потисок на одредено место во главата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Држ се Сулејман Пеливан! - викна Гоце и го ѕвекна со еден камен право во главата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ако не можеш да смислиш ништо, ако во главата немаш ни збор за повеста што сакаш да ја напишеш, тогаш кажи ја вистината - дека седиш пред белиот лист ставен во машината за пишување, со раката воврена под ременот од пантолоните, фатен за пенисот како за единственото нешто за што можеш да се фатиш.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И не само мислење, нудеше сослушување, совети, рамо за плачење, пречекуваше, испраќаше клиенти, тешејќи ги дека сѐ ќе биде во ред, дека нема да биде залудно нивното барање што го доставиле, дека ќе се случи чудо и дека токму ним ќе им биде помогнато, дека не смеат да изгубат надеж во институциите на системот, дека тој искрено верува ... иако сѐ што му се плеткаше во главата, во моментите кога ги кажуваше овие сказни од земјата на заблудата, беше едно здушено „ееххх, кутри луѓе, штом животот не ви помогнал до сега ... но којзнае...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Каква пародија.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Како остра стрела во срцето ме прободуваше мислата што секавично ми миниваше во главата...што ако умре!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Мене уште долго, долго ми недостасуваше звукот што го правеа патериците на Александар додека тој многу внимателно се движеше низ дневната соба во куќата на татко ми, каде што престојуваше додека закрепнуваше од сообраќајката што за среќа сите ја преживеаја без поголеми последици.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Кога се врати мислам дека со себе ја имаше донесено половина Русија. Што во торбите, што во главата.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тие два збора ми се постојано во главата, како ехо.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Доволно сум во здравтвото за да знам дека тоа во превод значи ...вашата мајка почина... ама не сакав да верувам во тоа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Се сеќавам дека, кога стрелките на часовникот, оној истиот што се уште ми одѕвонува во главата, се споија на дванаесет, за една минута стасав да ги бакнам сите тројца - дедо, баба и Александар!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Пред неколку дена Lazer се врати од Њујорк и ми рече: „Кога и да се качам на врвот на некој облакодер, секогаш во главата ми се преметка идејата за самоубиство”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тој, претпоставувам, во главата веќе го склопувал својот текст, а јас ги претресував своите реминисценции обидувајќи се да сфатам што го наведе да го употреби оној збор.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во душата исти, заблудени синови и ќерки, како половина од главата на детето кое ми се смешкаше во детството, сметајќи дека јас сум единствениот што ја има таа претстава во главата: Невидливата е претворена во црвено масло, како нашите во минатото тазе лузни по абдомените, од кои се извадени протозоите.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
А, да, зборот ми беше дека баш синоќа, во состојба кога главата ми беше полна со зборови, мисли, горчлива течност, “правила”, не земав лист хартија да ја исфрлам сета мачнина, “епохална самотија” само затоа што знаев дека денес ќе ја добијам машинава и сето тоа иако во главата внатре е хаотично, ќе биде посредено со помош на овој предмет пред мене кој бил, освен прашината, голема инспирација за Ли.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
„Не е можно! И јас сабајлево станав со таа песна во главата.”
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
А зошто и да не зборува? Нема потреба од присила.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Гледаше како денот полека се излачува од муграта.  Му дојде в глава помислата дека долго не бил во синагога.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„*Ако не успееме, јас ќе ги следам тие кутри луѓе, каде и да решиле да ги носат.*“  Карер помолча.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Така, во главата ги враќаше сликите што сам ги произведуваше и за кои сакаше да се случиле.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Можеби сум веќе упаднат и бесповратно заглавен во него”, се роеја, особено во пустите вечери, најневозможни мисли во главата на доктор Цви Корец, што тој со напор се обидуваше да ги оттргне, впрегнувајќи ги сите рационални сили во тој мачен зафат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Треба да му ја исперам кошулата“, ѝ светнува во главата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На 30 март му се вратија главоболките. Најнапред најавени од остар писок во главата, уште понеснослив од оној од локомотивите што го означуваа успешниот крај на неговата мисија, само таков што не сакаше да престане.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Од своите раце на кои му почиваа очите, додека во главата му се роеја тие мисли, Лука Карер го крена погледот кон владиката.  „И јас”, рече спокојно градоначалникот.  Таа вечер Хрисостом остана, со расплетена коса да се моли во малиот параклис.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Поради стравот, поради огромниот страв што во него беше населен уште од најмали нозе.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Насетувам што мисли му се ројат во главата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Жртвата, му светнува во главата, е поим и збор во кој се состои целата историја на Јудејците”.  Пред очите му се појавува хоризонтот на Канаан, ветената земја на која по изгонот од Египет, гледа како и толкупати во својата фантазија, како пристигаат најнапред неколкумина, по нив десетици, потоа и илјадници луѓе.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кандилото светеше цела ноќ во собата на владиката.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа ориентална приказна беше нивната фантазија, нивниот интимен филм како „Шеикот” на Рудолф Валентино, создаден во главата на малечката продавачка од киоскот во Данциг и младиот наследник на претпријатието со сточна храна, додека создаваа градови во облаци и на места на овој свет, подобри и позанесни одошто сивите квартови и улици на пристанишниот град.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ако не сум му ги отворила сосем, сум му ги подотворила, барем.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога ја пребираше во главата таа информација почувствува посилно стегање во главата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Жилите на слепочниците му се затегнаа. Во главата почна да го чувствува пулсирањето на стравот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Јас не можам да прекршувам наредби”, рече Беренц не криејќи ја изненадата од директноста на митрополитот. Владиката не го ни почувствува кафето кое гледаше што побргу да го испие и да замине, зашто во главата имаше уште еден план.  Вечерта владиката отиде дома кај градоначалникот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во главата на Алегра одекнуваат стиховите од Песната над песните: „Таков е мојот сакан, таков е мојот мил пријател”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога го водат во собата за испитување тој поаѓа со таа мисла во главата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На лицето од рабинот, под сериозните челично-сиви очи одново се појавува истата насмевка што ваквите вечери му тлее како штотуку запалена лампа за Ханука. 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ете деновиве го пуштија на слобода и Готлиб, Хинко Готлиб, неговиот цимер-колега од затворската ќелија, еврејски новинар од Загреб и тој, подготвувајќи се за заминување, му рече дека се враќа дома.  „А како е кај тебе дома?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Потоа следеа нови прописи, педантно го класира во главата законодавството од својот домен Константин З., делегатот на Комесаријатот за еврејски прашања останат, распетлан во елекот и со пијалокот што снисходливо му го наточи помошникот и чашката што ја вртеше пред себе среде уморно издолжените сенки во својата конечно стивната скопска канцеларија.  Константин З. не ги сака Евреите, но не е ни за „конечното решение” кое го смета за претерано и во секој случај - бесполезно.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа отпива од виното. Потоа го погледнува својот љубен.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Му бучи во главата на Пискулиева. Каде сега? Ни за него нема нигде мира.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кинески циркус во главата ми гостува.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Лавовите мои во главата да ги скроти се обидува, да слушаат им наредува.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Ако го најдам, ќе ви постелам бело зглавје за да се доспиете во главата на последниот од последните оџачари скопски, насмеана меѓу устите на покривите и последните снегулки на светлината, кои паѓаат во устите и веднаш се топат, како сладок панаѓурски памук на стапче.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Во главата ми се врти, нозете ми пропаѓаат.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Јас: Во песната сум Тој: Летнат Вишен Огнодишен: Тој. отаде сонот мој Отаде мојата куќа Отаде светот Отаде сонот мој И некаде Потаму од нив: Уште чека Дур од века Зборот незгаслив. чародеј Во глава ми Лаком змеј: Ноќум бдее Песни пее: Ча ро деј. сам Знам: И во самоста Сакам да сум Сам. мисла Ништо не ме мами Ништо не ме зачудува Во мене гори таа И ме полудува. сликата. песната.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Цврчи во главата заедно со брмчењето на бубачките околу нас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Бројката сосем го обзема, му поигрува во главата, му прелева врелина и пот, па тогаш со сигурност и со нетрпение почнува да пресметува: најважно и најпрво ќе направи куќа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
По неколку пувкања ми дојде горчина во устата и како нешто да ме удри в глава.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Деца тоа не го носат,“ пувкаше Љупчо и нѐ гледаше низ чадот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Од многуте совети како да ми татнеше во главата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сите се сложивме дека е така.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ај нека е за Арно крај реката Арно во Пиза. Првин се прашуваш како тоа Арно се искачува до Пиза и си оставаш во главата место и за други прашања.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
ЗА АРНО КРАЈ РЕКАТА АРНО ВО ПИЗА
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Се направи во главите на офицерите и чаушите една збрка,та први тие летнаа да бегаат надолу.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Шо сака со вас нека стане, кога немате семки во главите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Вамо, бре едепц'зи ниедни, кај кршите глава по аскер, не гледате шо сила е! — почна да вика Толе од својот коњ кога го виде обрачот скинат, а четниците надвор од него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Се знае ди колку лоши мисли во главата не му дојдоа додека си дојде дома и ја викна жена си да му прикрепи да растовари?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сакаше да викне, да го грабне тој „пезевенк" за врат и тука на столчето да му ја извади душата; да им викне барем на мајка си и татко си дека нема тоа да стане, но толку беше возбуден, така што немаше ни ум во главата ни сила во снагата, ни воздух во градите ни да мрдне, ни да проговори.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дури да слезат до чешмата, низ растот останаа пет шеесет може и стотина од селаните, што на Толета не му откина од острото око, бидејќи сите в глава ги познаваше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Токо, тоа помина ка помина, сега умот во главата ако сакате да не се врате!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Утредента Сиве не отиде на работа в планина, но купи цело кило пченица и на двапати по осмак ја однесе на воденицата и до вечерта донесе сто оки брашно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Гледам дека некои од дојдените сакаат да се вратат назад и да нѐ остават сами да се бориме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ете, агите јадоа, пиа, тепаа, гореа и пак живи останаме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако ми паднат на колај, ќе се расправа и со Арсланбеј и со Тренков војвода.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А сите што барем малку се одбираат во зелки знаат дека зелките немаат нозе а и чуму им се нозе на зелките кога умот е во главата а не во нозете, а од главата се стркалуваат и се истураат во јавето и сите тукушто зачнати и тукушто отсонувани соништа.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Ја искашлува тој реченицата. мојата вртелешка од сонце и месечина мирува испишана со милион бледи имиња ја покривам со туника од тага и спомени и седнувам завиткан во облак од тишина Margina #19-20 [1995] | okno.mk 59 На мојот кожлест пријател сите коски му се сместени во главата.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Се упатува кон вратата, иако знае дека нема да успее да ја отвори. Едноставно, цариник во главата.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Богата жена е решење за све, му одекнуваа во глава зборовите од другарот Спасе, кој постојано го наговараше на овој лајф стајл.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Му се наложи заклучокот дека, сепак, нешто битно се случило во главата на Донски.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
VII Со семожни мисли во главата, Татко влезе, во кабинетот на другарот Чапаев кој, во мигот, нешто зборуваше со партискиот секретар Аспарух Зафиров. Срдечно се поздравија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Псалтир Палигоров не беше од оние што немаа два грама ум в глава.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ми се редеа семожни мисли во главата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Самиот, во страв, си ја чкрапна машинката себе си во глава.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
- Чудни мисли ти идат во главата и тоа денес, кога треба да мислиме само на нашата среќа...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ама да му говори со таква сигурност за Попставревци, кои беа прочуени со своето богатство и име не само во Ресен, туку и во Битола и Солун, да му говори со сигурност дека тие ќе му ја дадат ќерката за жена, тоа никако не му влегуваше в глава.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но зошто сега ми се врти постојано во главата синиот плик?...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таа осети како ѝ се врти во главата. Ѝ се чинеше дека блесокот на тоа злато е пронижувачки поглед на самиот ѓавол што ѝ ја грабна младоста, здравјето и среќата и сега сака да ѝ ја земе и последната сила.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Години по ред гледале луѓето во главата на статуата на први мај, при првиот изгрев на сонцето. Но на неа ништо не се менувало.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И најпосле во главата на Бојан се појавува мисла: „Треба да е ден... Кој ден?“
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Кога би имал пушка, ех!“ му светна во главата за првпат оваа ненадејна мисла.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повремено немаше никаква мисла во главата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тоа беше всушност таа ненадејна мисла што му светна во главата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но Бојан упорно ја одбиваше мислата за волците, која со истата упорност одново му се враќаше в глава.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се плашеа да гледаат удолу, им се вртеше во главите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тревожна мисла му грмна во главата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Секогаш беше таков пред новата слика, иако таа веќе му беше во главата, некаде во главата - го одмеруваше распнатото платно, се мислеше и се премислуваше, се двоумеше пред првиот потег, зашто знаеше дека од него зависи колку сликата ќе заличи понатаму на неговата замисла, а колку ќе се оддалечи од неа, одведувајќи го во предели каде што можеби ќе се родат нови слики, други слики.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А Живко, кој пиеше и јадеше барабар со татка си, се прибираше во себе, смислувајќи ја во главата ако веќе не му беше запишана во тетратката, својата нова приказна така испроверена до вистинитост во измислената Пасквелија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Прво помисли дека се мрднала од умот, вака сама во куќава како утка, па сега блада нешто што ѝ се завртило во главата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
1. По технологија, тоа е главно вака: откако ќе се постави претставата, делото по правило го снемува, Режисерот го има во главата, нему не му треба (поправо, тој го има во главата уште пред претставата; а по претставата, воопшто не му треба, заправо му пречи, зашто треба да му влезе во главата друго дело според кое ќе ја прави следната претстава).
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ване се намурти прашувајќи се каде ќе ја смести таа втора чаша, кога и така од првата беше не толку заматен во главата колку исполнет во празната утроба, но Геро толку настојуваше што веќе и не прашуваше и со задоволство однапред ги триеше дланките пред повторното бетонирање.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Патем погодуваше дека повикот е бездруго во врска со синот, па ги вртеше во главата сите можности што можеле да се случат - од притвор заради тепачка до земање дрога на јавно место.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Како да растеше во телото, па и во главата, ама во умот слабо.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На екипата под шаторот сега сè ѝ беше јасно, од заплетканата идеја во главата на режисерот до замотаниот филм во нивната камера, освен едно: што, каде, како ќе јадат?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Гостилничарот нѐ одмеруваше, час Живка час нас, да разбере со кого си има работа, но молчеше и го одлагаше тоа додека детето од кујната не му шепнеше што кола запрела пред нивната воденица; зашто иако навудум неугледен, не беше толку недугав во главата за да мисли дека и денес облеката го чини човека - денес колата го чини човека.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ракијата не само што им ги зажари образите и им ги светна очите, ами и им ги разврза јазиците и им удри во главите, па почнаа сѐ погласно и речиси едногласно да зборуваат, надвикувајќи се како да се на отворена сцена а, не во затворена просторија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Брза помош, која секогаш задоцнува - проработи една сѐ уште жива жилка во сувата тиква во главата на доктор Миха.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Белки не им шепоти што ќе му скимне во главата, држејќи во скутот отворена тутурка семки за грицкање?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Боге се изненади, зашто беше готов да го заборави тој разговор, како и сите други што влегуваат на едно уво и излегуваат на другото, оставајќи во главата место за поважни мисли.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Во нозете или во главата?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таа вкочането гледаше во неа со вдахновена длабина и јакост, така што во главата ѝ светна помислата дека, и покрај сѐ, змијата може да е вистинска и дека е подобро да побегне.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но можеш многу да пиеш ако јадеш додека пиеш. Храната го впива алкохолот и така не удира во главата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Немој да мислиш дека ова не ми текнало. А и други нешта. Овие нешта ми се вртеа и моткаа во главата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Оној што го создал тоа суштество, со умешност на јувелир, во главата му сместил два полирани и блескави скапоцени камења, со магнетна моќ.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој се врати со камионетот на работа, а во главата му се вртеше веселата песна на птицата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во главата VII насловена како „Мобилност на вработените во јавниот сектор”, мобилноста не е усогласена врз основа на конкретно дефинирани критериуми пред сѐ во насока на утврдување на групи на нивоа кои треба да бидат еднакви во јавниот сектор.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Имено, со Законот за заштита и спречување од дискриминација, во глава V – Постапка за спречување и заштита од дискриминација пред (специјализираната) Комисија за заштита од дискриминација во чл. 25 ст. 2 се предвидува дека: „Со претставката лицето поднесува докази и факти од кои може да се утврди актот или дејствието на дискриминација“, со што јасно дава до знаење дека во ваков случај работникот кој ќе се реши за вонсудска заштита од дискриминација самиот ќе мора да ја докажува основаноста на нееднаквиот третман кон него од страна на работодавачот, бидејќи освен фактите, тој ќе биде должен да достави и 16 2.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
- Оф, мамо, ми се врти во главата... Пак не ми е добро... - вели готов да заплаче ако се укаже потреба.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Бидејќи поради тоа мене во главата ми се вкрстија поголем број сомненија и стравувања, јас, по едно пократко замислување го поставив она прашање што изгледа најмногу ми се наметнуваше.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И колку ти е кешот во џебот, толку ти е умот во главата“, им велеше тој на брезничани.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Мислеше многу и брзо: во главата како да одметкуваше заметкано клопче челична жица.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Сенките се играат на влажната земја... навистина незгодно време после пладне, нема движење само малку дува ветар. Во главата...
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
По цели денови Филозофот минуваше качен на карпата, на папокот на светот, препишувајќи го чудното сочинение на книга, со калем; неколкупати сонцето го удираше во главата и тој се занишуваше, и сите мислевме дека ќе падне и ќе се здроби.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
7. На отец Стефан, по понижувањата што му ги нанесе Филозофот, само една мисла во главата му престојуваше: да ја здроби, да ја уништи, да ја спали, прав и пепел да ја стори штичката што говори.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Грд но безвреден потег на повредена жена на која и се завртело в глава дека јас сум ја потпишал заповедта да му се национализира богатството на оној нејзин кулак!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога се вратив со полните стомни а во главата со оние размисли за чудниот старец наеднаш ми се причини дека и таа заминала.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Не ти префрлам за неговата смрт” ми вели, „иако навистина го приумре јадот дека му ги зедовте и нивите и стоката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Човек ќе си завитка некое помнење во главата а потоа живее и верува дека завитканото е во онаа состојба во која го оставил во килерот на сеќавањето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сигурно си ги редеше во главата сите предмети што ги видовме зад тополите.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
А тој сѐ уште ги гледа, ги пронижува со погледот, како да им навлегува во главите и им ги разголува мислите.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Јас си отидов. „Крушата гори“ - ми бучеше во главата и долго време не можев да заспијам.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Не престанав да сликам. Секоја слика мора да постои во главата пред да се стави на платно и секогаш нешто се губи кога е преобразена во слика. Повеќе сакам да ги видам моите слики без таа кал.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Она што сакам да го кажам е дека уметноста може да биде лоша, добра или индиферентна; но без оглед употребената придавка, треба да ја нарекуваме уметност: лошата уметност сѐ уште е уметност како што лошата емоција, сѐ уште е емоција.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога сѐ ќе биде готово, ние со полковникот ќе излеземе на мократа зелена ливада, ќе ги собереме од тревата шаховските фигури и ќе ги распоредиме врз таблата. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 81 илустрација: VALERO DOVAL “)))ƚ))ƚ ƥƪƟ)ƚ” 82 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Писмата* Келн-Скопје од 89 г., што се пред вас (драги („)маргиналци(“) и творјани), се наоѓаат тука од три причини: првата и апсолутно доминантна е онаа естетската; станува збор за една комплексна, измамнички автореференцијална и во крајна линија лирска во своите пајажинести структури, приказна, всушност Дијалог (воспоставување Разлики што искри Креација!) меѓу два прилично различни духа чиј што фантазмогориски набој се судира на тоа чудно поле на епистоларната проза; втората причина е обидот едновремено да се воспостави како разликата меѓу тоа “fin de siécle време” (кога медиски суптилно дозираниот но континуирано експандирачкиот фашизам на Милошевиќ и неговата клика од глупаци, слуги и разбојници, почнуваше да се прелева преку чашата и полека да ги разјадува и онака тенките шевови на „вештачката творба“) и ова време (на нов почеток, како во нов век, на некој начин, без доволно артикулирани репери и со многу неизвесност), така и сличноста, што можеби најмногу се согледува во таа потенцирана артифициелност, маниризам можеби, ескапизам дури, што, на некој начин, самата уметност и е, гледана од тој беден политикантски агол; третата причина (зошто токму овие „декадентни“ писма, кога и Вулкански и Станковски имаат дела многу „позаводливи“, „попримерени“ на овој сегашниов - „нововековен“ - контекст) се надоврзува на втората: кои сме и што сме со тој багаж што го имаме во главата?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
И мисла црна нејзе ѝ блесна в глава како нож.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Почна да му се врти во глава мислата дека освен за дијамантот, старецот ќе го искористи и за други работи, за гатање судбини на други луѓе, од гатање може многу да се добие!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
На Еразмо се му се измеша во главата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
„Поету будалче, си се прашал дали, во главата некоја цигличка ти фали“ - си мислеа и двајцата, ама инстинктот им говореше дека подоцна, во животот, Поетот сигурно ќе им биде од полза.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Дур они заспиваат, во паралелниот свет на San Francisko Bay Area јас испливувам од сон – уште ми татни возот во главата.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Клук- клап, клук-клап – протезата на Павле, клап- клуп – клап-клуп – протезата на Лина и вијат и викаат мислите, бура во главите, оган во градите. Мрак пред очите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога така лежиш, тогаш само рој мисли ти брмчат в глава.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Потоа ми дојде една дури злобна мисла во главата - дека можеби со ова што ја преместив сликата му помогнав, ако тој и без тоа имаше таква намера...да ја премести.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Косата ѝ се беше наполнила со гасениците кои лазеа по дрвото на кое се имаше потпрено.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога се расони, почувствува дека нешто ја чеша во главата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се намести милиционерот пред бикот, ги рашири нозете, ја поткрена пушката и, без многу размислување за да не должи со стравувањето, пукна во главата на бикот, токму во ѕвездата меѓу очите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Милиционерот... пукна во главата на бикот, токму во ѕвездата меѓу очите...
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Неговото продолжение, меѓутоа, содржи алегориска поука: она што е раселено во стварност, ќе се насели во главите, и тоа, зависно од самите глави, или како благослов или како проклетство, или како милоина на мислата и чувствата или како проклетиник, како наезда на глувци кои излегуваат од устите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Јас и сега одам по улиците насмеан и среќен носејќи си го кафезот во главата, а што никој не може да го види, ниту да го претпостави.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во главата сѐ така им ечеше божјата музика што со ребрата ја свиреа селаните поцрнети од среќа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Беше гладен и во главата му бучеше.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
„Ебати педофилот, ебати. Ти удрила Германија во главата“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се поднасмевна, задоволен од она што го прочита – ракописот беше читлив, а зборовите јасно и верно ги пренесуваа неговите пораки, токму онакви какви што му беа во главата додека ги запишуваше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Без да се сврти накај местото каде што во снегот ги остави ранецот и пушката, тој продолжи така голорак да чекори по патеката што и дотогаш ја следеше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но наместо одговор, од некоја длабочина во главата му изникна ритам, разбуден од несвесна асоцијација, онаква каква што човек никогаш не умее да пронајде кога свесно ја бара.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Толку многу чувства во тој свеж мирис од островот на неговото детство – љубов, тага, прекор, сеќавањата, му се туркаа во главата без ред.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Веќе им имаше гледано на половината од студентскиот дом и сите филџани ѝ се имаа измешано во главата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тој се поднасмевна на звуците што му се појавија во главата и, сега веќе намерно, продолжи да си ја потпевнува песната...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Вистина е“, започна тој, тешко преметкувајќи ги зборовите низ устата, полупијан, барајќи ги оние вистинските, политички неутрални, за да со нив да ги затскрие сите пцости што му се роеја во главата, „вистина е дека вековниот сон на Македонците беше да имаат сопствена држава – Македонија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Напротив, кога престана самиот да свири и наместо тоа почна да пушта музика, често му се случуваше да стои зад диџејскиот пулт и речиси несвесно да менува една по друга песна (исто како што сега ги менуваше во главата), додека околу него, пред него, зад него стотици тела танцуваа, рефлекторите кружеа по кренатите раце, тие пееја наглас, врескаа со ентузијазам на оние песни што им се допаѓаа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Вториот молк на масата беше понепријатен од првиот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И додека одеше по сѐ уште пустите градски улици кон касарната, во главата, за промена, ја слушаше Васка Илиева...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Како воопшто и да го немало сето тоа изгубено време на еден живот – цели триесет и некоја година од неговото постоење сега во главата му поминуваат само како испресечени далечни слики.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
За среќа, сеќавањата му надоаѓаа без некој посебен ред, а музиката не престануваше да му се менува во главата како на џубокс во кој различни раце пикнале цел куп парички, па сега песните се редеа една по друга без некои поголеми паузи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Помош, ми треба помош!“ мислата почна грозничаво да му работи во главата додека со раката си го притискаше местото на болката на градите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Замислете си го тоа: Писателите кои имаат милиони идеи во главата а немаат хартија, одат по луѓето во градот и ги потсетуваат дека треба да ја променат извалканата, да не кажам, искинатата облека.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Учиме, мака мачиме, но некако не ни влегува во главата дека во однапред означениот простор уметникот може се.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Навистина, во времето кога во главата на Бил Гејтс компјутерите биле присутни колку што во главата на Крале Марко биле игрите со пинг-понг топчињата, ние, децата од нашата улица, можевме да отвораме само прозорци на старите куќи што гледаа директно на улицата по која врвеа најмногу коњски коли, но и по некое фиќо, москвич, или џипче... сите обележани со црвени регистарски таблички.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Тогаш да им кажеме на луѓето од селово. Ќе го фатат. - Ако не го фатат, ќе дочекаат ден на нозе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Утре, место да делкаат камен, ќе спијат, застенка од болка во главата Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ТИ Ти стана невреме во моите очи од сите времиња што изминаа остана во главата да висиш фотографијата притисната на градите ја оживувам и голтам...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Брудасти, Дементиј Варламович.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Кога ќе се поклопат прозорчињата, ја гледате оваа застрашувачка глава на мачка внатре и нејзините заби и очи се вртат во главата, потоа тоа брзо се гаси - за луѓето што ја сакаат мистеријата и незадоволството на поседување мачка, без обврска да ја хранат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Нешто се поремети во главата на несреќната жртва на библиотекарот: - Читам, читам, - му расправаше браварот на дописникот, - лесни зборови: Мечислав, Богуслав, и да ме убиете не се сеќавам, кој е кој.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Беше назначен со голема брзина и во главата имаше некоја особена направа, заради што беше наречен “Органа”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Роден во Будимпешта 1950 г., на истекот на Сталиновата деценија, Џорџ Леграеди (George Legrady) со своето семејство ја напушта земјата за време на Унгарската револуција во 1956 и оди на Запад. OГЛО: Како дојдовте до идејата да ги ставите елементите од вашата колекција за Студената војна на CD-ром? IГЛЕ: Не сакав веќе да го држам целиот тој материјал во глава.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Нив ги имаше деветмина: Владимир, Војцех, Игњат, Степан, два Јана, а по нив Мечислав, Болеслав и Богуслав.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ако немате повеќе во главите за да го сфатите и она другото, тогаш тоа нека ви биде доста.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, не можеше никако да се бркне во главата за да се дофати од таму и да се отстрани тоа, што го остави оној одамнешен снежен ден на гробиштата. Вистина. ...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во главата и се запали светилка. Се сети.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мислите во главата на Рада се движеа миговно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, Светлана добро знаеше што сѐ се врти во главата на Рада на овие години.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кој ли ѓавол ѝ влегол во главата?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На зборовите „мојот пријател“ во главата на Ивона се создаде вистинска конфузија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Ова „откачи“ во главата ѝ одекнуваше како там, там, та та там. - Каде е, каде е?! Некој, сепак, мора да знае!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И веднаш во главата ѝ се сврте метеж.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во тој миг во главата на Рада небаре засвире оркестар од фанфари.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Млада невеста, пуштена сама? - не му се вклопуваше во главата ниту тоа што дојде сама, ниту тоа уверение.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во главата ѝ мина само една силна и убава мисла.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Многу што, и зошто, останаа неодговорени во главата на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во главата ја имаше научено релацијата напамет.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Па нели ти реков, дека е тоа комшијата кој си ставил во главата дека сум негова девојка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Зборовите првото мајчино млеко во главата на Ивона одекнаа како бомба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Токму тој дар ѝ се вгнезди во главата уште на поаѓање.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во главата на Ружа комбинацијата распуштеница плус штирка секогаш носеше баксуз.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Црвената светилка во главата го предупредуваше дека нешто ќе се случи, но не знаеше што.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Самата помисла него да го нарече татко, а Анѓа мајко, никако не ѝ се вклопуваше во главата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Последниот збор на офицерот тешко одекна во главата на Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Изгледа не ја сфаќа смислата или некои неразбрани мисли му се мешкаат во главата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во главата му се преплетуваа сцени и ликови од раскажувањата на Глигор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Долгнавест муаџир со бербатна чалма несмасно навиткана, длабоко изгравиран со дебели нечисти брчки и со очи толку вдлабени во главата, та личеа на дупки во коишто одвреме-навреме проблеснуваа само белките, со лице исушено, глуждесто и аглесто, пушташе необични лаги, та оние што се тискаа околу него самодоверливо потврдуваа со главите или со поглед, верувајќи или сакајќи да веруваат во тоа што беше само убава измислица и мечта.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во главата стои твојата гордост, ако ја скршиш главата, гордоста ја нема, тебе те нема, светот го нема, ништо нема.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но, одненадеж го залеа врелина, во главата му навлезе оган.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И во главата си пробива место, ги зафаќа и ги потиснува сите мисли, нездравата смисла за долг и чест, некое тешко бладање, кое ја мати здравата свест за реалното и можното.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се испомешале во главата и соништа и стварност, и минато и сегашност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Само да дише и да има малку свест во главата, нека си лежи. Тоа ќе биде доволно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- И не можам без тебе Обичен графит, ама го видов и ми стои во главата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И сега, додека го монтираме материјалот снимен со претопи на крупен план и цветови од венците... пламенче од свеќа заматено преку солзите на образот од внукот кој се разделува со дедо му, па ќерката на покојниот свиткана од болка на две, извлечена од планот на крстот на кој со златни букви стои името на починатиот со генералиите кога е роден и кога ги напушта своите од болест или само од смрт... е, не ми влегува во глава.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сите филмови што сега, разлигавен, во главата ги правиш за мирно трето доба, со сите театри и опери кои сакаш да ги посетиш и да ги видиш и чуеш, сите книги што сакаш да ги читаш во двојка или, барем, како школска лектира да ги обработуваш со неа, затоа што таа те разбира најубаво и, додека молчиш, таа ја слуша твојата тишина и кроце пушта рака на твоето колено, кое потскокнува од тоа што нервите ти се отидени бестрага, се утопија, се разбира (тоа филмовите).
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ми стои во главата напишана и чека.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Па, сепак, и покрај силното препотување, и покрај тоа што сѐ му се сплетка и измеша во главата, и покрај госпоштината со каква тој по прв пат се сретна и се уплаши од неа, реши да остане упорен и да ги прекори.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога го потера виното до половина, пред очите и во главата му се замагли, повеќе од мирисот одошто од самото вино, но се докрепи на нозе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И таму, и најмногу таму, вели Максим, во главите, во душите и во срцата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Спокојно се насмевнувам со јасен план во главата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога на големиот ум ќе му стане тесно во главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе потропа така, па ќе ми се подизбистри во главата. Ама тоа трае кратко.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се плашат да не им ја чвркоса косата и божјата мисла во главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И после ќе подзаборавам на болката во устата, во главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А и големиот оган ни се врза во главите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
дрво удрено од ровја, црно и го фаќам в гуша и го стегам колку што можам, а тој само потклекнува и кркори, небаре да брбори во вирче вода, пушта шапки и очите му излегуваат надвор, ко откатени ореви, бамуја, и потоа памтам само дека ме удри нешто по глава, и ми скрцка нешто во главата, мислиш некој џам ти се скрши во главата и после, кога се освестив се видов бос, ми ги собуле чевлите и чевлите ги видов на нозете од старшијата, оти после многу денови ме тепаше, ќе ме потепа, потепа, и ќе си фати настрана, и ќе се погледнува во чевлите, во ботушите, ќе се кочопери, ко петел на буниште, ама нема веќе што да ми земе, може само животот или калта од под ноктиве да ми ги земе, и сега еве се дотркалав и до ножот од брат ми...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Којзнае каква сила ѝ стои во главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И одново го врти, го стега чепот. Таа го врти чепот, а мене ми се врти во главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еднаш јас така, му грлев кошулче на Ангелета, и само што го засеков платното туку ми свирнаа во ушите, ми забучија во главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На Александар му се заврти во главата од страв дека ќе ја загубат трката со гардистите.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Дури тогаш нешто ѝ светна во главата на Марија и таа сфати зошто жените од автобусот се движеа како да одат по дното од аквариум.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- „Ве молам“- рече. - „Се колнам во мајка ми дека дојдов само да телефонирам.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Каде живеел чиновникот што ги беше поканил, за жал, не можеме да кажеме со точност: помнењето започнува силно да нѐ изневерува, и сѐ што се однесува на Петербург, сите улици и куќи се слеале и толку се измешале во главата, што е мошне тешко да извлечеме оттаму нешто што би изгледало пристојно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Некоја болест ми се качила на главава и го слушам мрдањето на влакната.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Така ми шуми во главава, вели. „- Ти шуми во главата, вели мајка ѝ.“ -Гледај, вели Ѓувезија Дубровска подавајќи ги рацете.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Одвреме-навреме ќе му пламнеа очите, во главата ќе му проблеснеа најдрски и најхрабри мисли: а да си стави, навистина, и куничка на јаката?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Влезниците не ги ни погледнав, а тие ти биле раздвоени.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мојот пријател го кажа приближниот износ од којшто ми се сврти во главата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Меѓутоа, одвреме-навреме бил попречуван од налетот на ветрот, кој појавен наеднаш којзнае од каде и којзнае од која причина, просто му го всекувал лицето, потфрлувајќи му снежни парталчиња, поткренувајќи му ја, како едро, јаката од шинелот или, наеднаш, со неприродна сила нафрлувајќи му ја на глава и предизвикувајќи му на тој начин непрестајна грижа како да се ослободи од неа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Да“, рече Дипен; „и кога го прашав момчето на кој начин го постигнува тоа целосно идентификување, во што и се состоеше неговиот успех, го добив следниов одговор: ’кога сакам да погодам колку е некој мудар, колку е глупав, или колку е добар или лош, или пак што мисли во даден миг, го сообразувам изразот на лицето што е можно поверно со изразот на неговото лице и тогаш очекувам какви мисли или чувства ќе ми се родат во главата и срцето, слични или соодветни на тој израз.’
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Јас се вџашив. – Се шегуваш! – Тоа сите го знаат. Й припаѓала на Ксенија Калопер.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И така, значајното лице се симнало по скалите, седнало во санка и му кажало на кочијашот: „Кај Каролина Ивановна!“, а самото откако раскошно се завиткало во топлиот шинел, ја задржало онаа пријатна положба, од каква што не можеш ни да измислиш подобра за рускиот човек, то ест, кога самиот на ништо не мислиш, а меѓутоа мислите сами влегуваат во главата, една од друга попријатни, не оставајќи ти дури ни таков напор да луташ по нив и да ги бараш.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таа го врати назад. Јас му велам на стопанот: – Колку сме должни за трите изедени слатки?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Откако согледа во што е работата, Акакиј Акакиевич реши да го однесе шинелот кај Петрович, шивачот што живее некаде на четврти кат од задниот влез, кој, и покрај својата косогледост и абрашавото лице, доста успешно се занимаваше со поправки на чиновнички и секој вид други панталони и фракови,  се разбира кога беше во трезна состојба и ако немаше некои други идеи во главата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Така, еднаш ме прашува: – Зошто – ми вели – везден ме водите по улици? Ми се сврти во главата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тогаш мене ми удри крв во главата. – Враќај го – велам – назад!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Помислувам да шмркнам уште една линија, но ја забележувам полициската кола надвор. Улицата е полна со пијани луѓе.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сабејските алхемичари симболично го антиципирале она што Дорн, неколку векови подоцна, ќе го бара од Посветениците: „Од мртов камен престорете се во жив камен на мудроста“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Со истата освестена или неосвестена фраза во главата, нејзините подивени граѓани денес се убиваат едни со други. Нема проблем!
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Јунг споменува дека во cucurbita (тиква, латински колоквијален израз за глава кој преживеал и во италијанскиот, каде што zucca, тиква, исто така колоквијално се употребува наместо глава) алхемичарите го набљудувале „алхемиското консумирање на кралскиот брак”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се чувствувам како неподвижен центар на врел ветар, чувствувам навала на топлина што ми го обвиткува мозокот и чувство на движење во главата, брзо, транс-глобално, како кога леташ.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Понекогаш ми се чини дека во главата имам монтажна маса.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Застанувам и ги затворам очите за да ѝ дозволам на свеста сосема да ѝ се препушти на дрогата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Истото барање, пак прескокнувајќи неколку векови, повторно ќе го формулираат надреалистите, кои, парафразирајќи го Дорн, во еден од своите часописи ја испечатија зајадливата наредба: „Вие, на кои оловото им е во главата, претопете го и претворете го во надреалистичко злато.“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Фактот дека coniunctio oppositorum се одвива во главата, Јунг го толкува како индикација за психолошката природа на овој настан.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Влегувам во такси и го чувствувам пулсот како ми удира во главата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Спокојно се насмевнувам со јасен план во главата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сфатив дека ни самата не сум била свесна за нештата што ги имам во глава.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Кога некој би ставил камера во главава, тоа би било вистинско реално шоу.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Остануваш сам со наученото во глава, па ти преостанува добро да го практикуваш.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сега сфаќам од каде потекнуваат сите проблеми и кризи во главата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Јас често имам некој глас во главата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
До немај- каде сличен на сардина во конзерва, сардина со глава и со мисла во главата, прашав зошто сум на колата и зошто сум врзан.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Барбут- бег ми објасни: - Ќе те продадеме.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Присетувајќи се на тоа, започна да му се метка мисла во главата: како може пак пчелата да го касне на истото уше и на истото место - на јаготката?
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
При секое погледнување во тие белини, Богдан го обзема силна возбуда; по телото му врват благи трпки и му се искачуваат во главата; го чувствува движењето на крвта во него, а рачката од фанглата и мистријата му се навлажнуваат во рацете и потреперува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога ќе го зафатеше некој бес, кога ќе му дојдеше некоја сила во главата, палеше копи со сено и слама низ селото.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А пак таа него го возбудуваше со шепотење на увото, нежно, скокотливо, заводливо, кој шепот му се пренесуваше во главата и му го исполнуваше черепот, а потоа силно го возбудуваше, па и неговто тело започнуваше да трепери.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Еднаш, кога разминувајќи се на скелето, пак се жулна, него пак возбуда го обзеде, пак му наудри жештина во главата, пак снагата му затрепери и ѝ рече: „Доста работиме, газдарице...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ја гледа Богдан сликата и пред очите му излегува тој жежок јулски ден: гори полето под врелото сонце, а тој со мајка му и со другите аргати од селото жнеат жито во нивјето од кметот на селото; се исправаат повремено за да ги ублажат болките во превитканата половина, да ја избришат потта од лицето и да му се подзавртат со грбот на сонцето што ги дупчи в глава, што им го зовира мозокот, зашто нема каде да се засолнат, да се подзаскријат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ако нешто не ти е јасно, не отфрлај го: засолни го некаде во главата. Некогаш само ќе ти се разјасни...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Често се случуваше при враќањето од работата со Татко, занесен, да ја одмине кујната и замислено да се втурне во библиотеката, за да запише некои мисли кои му беа свежи во главата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таа тивко, нечујно се искраде од чардакот во главата со нови мисли за можните планови на Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Една од неговите постојани мисли која му се вртеше во главата и која на Татко постојано му ја кажуваше во различни варијанти беше дека секоја европска цивилизација во својата суштина била заснована врз свирепост, злосторства, варварство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски веќе имаше во главата планови како да дојде до пошироки информации за врските на Фаик Коница со Борис Сарафов, но сепак не го оттргнуваше вниманието од Татковото кажување за меѓународната полемика за вештачки или природен јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ја бакна и прегрна сопругата означувајќи го врвот на своето убаво расположение.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ја сонувам секоја вечер нашата сенка на месечината и бакнежот, но сонот ми останува само во главата...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Како можеше тогаш таквиот нешто убаво да ти всади во душата, со унија да ти сипат од таквата наука - ништо не се задржува в глава, од едно ти влегло, од друго ти излегло.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
За што друго можеше да му треба тоа дрво ако не за некаква ѓаволштина што му светнала во главата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кејтен, пријателе, како игравме, како се веселевме, ура! Пуста беше сета строгост, сите казни, сиот ред кога во главата иенадејио ќе ви се јавеше тој бран, Големата вода.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И му се стори дека е во нивната саботна колона, упатена кон сонливото гратче под планината, и самиот тој како тие - со ипотен грб и многу шум во главата, во таа човечка глутница со шестдневна печалба в џеб и шестдневно неспокојство во крвта.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Бори се. Пушти ги очекувањата да кружат наоколу како најнов трач, додека не им се слоши од вртењето во глава.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Аманетите толку многу се измешале во главите на нивните внуци, што еден од нив решил сета збрка да ја претвори во систем.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Беше свесна дека е убава, но сепак не беше задоволна од својот изглед: челото ѝ се чинеше премалечко, очите темно кафени, а не сини, линиите на телото ѝ се чинеа преизразени...се разбира претеруваше, тоа беа некои нејзини бубачки во главата, какви што си имаше секоја девојка на таа возраст.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Во бившата СФРЈ којашто 40 години нѐ маваше во глава со паролата „ништо не смее да нѐ изненади“, денес навистина веќе ништо не нѐ изненадува. Маргина 36 41
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Градината беше во неговата душа, во неговото пошироко семејство Неговото лице можеше да се види овековечено во главите на некоја од статуите на картагинските воини расфрлени низ урнатините.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со нив замина и чичко ми Борис, беше интендант во баталјонот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И само што станав и се иставив, Камбо го ранија во главата, но беше спасен зашто носеше кацига, куршумот само се лизнал и му ја скинал веѓата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Имавме еден вол многу умен, беше многу голем во главата и тогаш си протолкував дека тој сигурно дошол, па нозете му се направиле раце и ја кренал стомната со вода и ја испил.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога дојдовме под едно ритче, а мините фрчеа и пред нас и зад нас, еден партизан почна да плаче, јас истрчав да го преврзам, а тој во главата како да беше избоцкан од песокта што се кренала од мината.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ни рече: Немојте и двајцата да седите, само едниот.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Само што стигнале долу, Никола здогледал шаторско крило и како што подоцна рапортираше чичко ми Борис, ја исправил главата горе за да го смота, тогаш го погодил куршум в глава.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Линијата на западноафриканскиот брег му беше јасна во главата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Само една мисла му се вртеше во главата: дека мора да се наоѓа на ова место подолго отколку што мислеше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во главата му стоеше картата на Африка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да, токму така. без да знам дека во главата ми се вртка каква било лоша мисла.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Изгледаше како да има карта во главата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во главата имаше само шест мисли: болката во стомакот, парче леб, крв и врескање, О'Брајан, Џулија, жилетот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Необично беше тоа што, додека го пишуваше тоа, во главата му се разбистри едно сосем поинакво сеќавање, до таа мера што се почувствува речиси способен да го напише.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во главата дури имаш жива слика како 'рбетните пршлени ти пукаат и како 'рбетната течност истечува од нив.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сѐ што треба да направи е да го пренесе на хартија бескрајниот неспокоен монолог што му се одвиваше во главата буквално со години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Постојаното зуење и непроменливата бела светлина му предизвикуваа вртоглавица, некакво празно чувство во главата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дури и жртвата на руските чистки можела да носи бунт во главата додека одела низ коридорот, очекувајќи го куршумот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Безгранична слобода“, изговори гласно и во мигот му застана нешто во главата како јазол на конец што треба да се провре низ иглени уши и погледот пак го врати на сликата раздробена меѓу зарѓаните квадрати: Човек седнат на клупата во паркот, лево од него и зад него високи ѕидови опшиени на врвот со бодликава жица, пред него долг пат со камени коцки до главната капија на затворот, од десната страна затворската зграда од која зад решетките го гледаат две очи сини, како синото небо над него.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Постојано во главата ми се вртеа имињата на Круме Волнаровски, госпоѓа Мариела, Богдан Русимиров, Ниротакис, Ема, Андон Клековски, Шефот, кои никогаш порано не ми беа предмет на размисла, како комплекс на соодноси при фокусирањето на било кое прашање од нашата дејност.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сега во моите размислувања сè почесто ми се врзуваа имињата на Круме Волнаровски и Шефот, на Богдан и Андон Клековски, на госпоѓа Мариела и Ниротакис.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Успеа за миг да се воздржи (во тоа му помогна повикот по телефон; гласот од другата страна беше на Деница на која ѝ рече да се јави подоцна), а потоа тивко ја праша: „Која е таа жена која ви се врти во главата, а која, според она што можам да го разберам од вашево инсистирање, е инволвирана во случајот?“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Одозгора си ги фрлија тешките мутафи. Многу мисли немаше Петре таа вечер: ни за впечатоците од денот не оддели многу место во главата: небаре мозокот му беше вкочанет, како и нозете.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Така, тој живееше речиси во катови, цел ден носејќи некакви неприсутни слики в глава додека ги гледаше присутните, и предвидувајќи ги новите со точност што зачудуваше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ме погледнуваше со подозирање и, така, со свои мисли во главата, одново се свртуваше кон работата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
А јас му велев: „Чекај, мислите, сликите ми се во главата, само сето тоа треба да се спои некако, кога ќе почнам да пишувам, сами ќе почнат да течат мислите, зборовите.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Имаше моменти кога нешто ќе ми светнеше во главата, брзо ќе ја запишев таа идеја на парче хартија, за подоцна да ја вклопам во моето пишување.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Претходно споменатата проблематика, во овој Закон, беше регулирана во Глава XVIII („Враќање работник на работа“) и содржеше вкупно четири члена (чл. 224–227). 4.  ЗИДЗИП (Сл. весник на РМ – 59/2000 и 64/03).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
7. Штрајк ЗРО (1993) содржеше само една единствена одредба за штрајкот, која беше сместена во главата посветена на синдикатите и работодавците.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во моментите кога во главата му доаѓаа вакви размисли, чувствуваше дека сака да си ја намали вината пред себеси самиот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Како да ѝ надојде некоја светлина во главата... Ѝ се провидели...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Дали навистина можат да ѝ го одземат? - ѝ прелета во главата на Елена тоа страшно прашање.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И со сите тие мисли во главата, пак си го поставуваше прашањето: што може сега тој, нејзиниот Хелвиг да ѝ напише во писмо?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сè му се беше измешало во главата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
На Карл толку му беше збркано сè во главата, што не можеше да мисли.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тие излегуваа една по една, де пред него, де трчаа по него, му се пикаа во главата, му копаа по мозокот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сето тоа ѝ се вртеше во главата, но, од Хелвиг ништо не можеше да разбере.... ...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
А всушност од преголема измореност и пренапрегнатост, му се оптегнуваше некоја пречувствитела жица во главата и му создаваше трпнеж, бучеж, што го измачуваше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Една облачна ноќ Мил излезе надвор да ги разведри мислите, да земе чист воздух, да му олесни притисокот во главата. Шетајќи така, заврна.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
По неколку дена Илко не можеше веќе да ја издржи пустината, почна да го онерасположува пустинското сивило, едноличното и здодевно шуштење на тркалата по песокта, блесокот на сонцето што му дупеше во главата, и почна да го фаќа паника и страв од огромното пространство, од безизлезноста.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сонцето печеше, дупеше како сврдел во главата. На здодевноста ѝ немаше крај.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Во почетокот и другарите и воспитувачите во интернатот бараа да се испише од интернатот зашто ги обеспокојуваше, го мразеа, но подоцна го засакаа, зашто видоа дека Богуле навистина не беше агресивен и лош; имаше нежна, питома душа. XXIV На Мил, оној брмчеж на пчелата што се отепа на прозорецот од лабораторијата, како да му остана во главата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се возбудив уште повеќе, крвта ми зашуме, ме удри в глава, ја зграпчив и ја кутнав под мене.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Го изврши тој обид, но уште со роењето на пчелите, се разнесе писок низ селото: се нафрлија пчелите на луѓето, на добитокот, на сè живо што ќе сретнеа, бегаше добитокот, луѓето се затвораа по куќите, ги затвораа вратите и прозорците, ги затинаа дупките и цеповите за да не може да им се протнат внатре; тие што ќе ги каснеа, потечуваа во лицето, во главата, во снагата; врискаа од болки.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Го слушаше нејзиниот брмчеж во главата, сè додека некоја птица не му долеташе и не му ја клукнеше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тоа силно ја погоди и од жал за нив, нешто ѝ се случи, ја чепна нешто во главата и постојано офкаше и тажеше над празните кафези како над гробови.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Само нешто го штрекна во главата, кога се сврте назад и ги виде беговите што јаваа по него; зашто ќе треба со нив да го дели пленот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Никако не му идеше в глава толкава упорност и пожртвуваност, тврдоглавост, како што си велеше самиот во себе. Не можеше да си го објасни фанатизмот на овие луѓе што ги жртвуваа животите заради своите души; заради верата и слободата што ги бранеа по цената на животите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Чана преку ѕидот како да ѝ ги гледаше мислите во главата, само што се зафати да ги поднамести работите, еве ти ја со големата става и широката насмевка и со нарамник убави штици.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А кај може да се спие кога во главата ти седат белите нозе на Родна и оние нејзини полни и подзавртени цицки што како збудалени животинчиња чиниш се ловат под веленцето.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Костадиница има нешто во главата! си помислува, си ја поткрева едната рака и прави пу пу под под мишка, што и да е, нека е подалеку од неа и од нејзината Чана.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Петра благо се насмевна сакајќи без лафови да ѝ каже дека знае што врти во главата, оти малку или многу, сите знаеја, таа тоа гласно го изговори на гаковската станица, дека врзала семка од Доне во мешето.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Не верувам дека имам во главата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Не лути ни се, чичко! и го влечи малиот понатаму, ама во главата го понесува и сувото и жолто човече.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Големата шамата стигна до човекот во главата на возот и оти што туку се засилуваше успеа да го запре со неколку повлекувања на кочницата чија сила помина под вагоните како миговна секавица среде лето.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Не може да е ова некое пусто место! шета мисла во Чана, а таа мисла е и во главите на другите од вагонот, а веројатно и во главите на другите во другите вагони.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Нели и од Прнарот еднаш се врнак су вошки? Во главата не ми најдовте.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тогаш оние придојдените и оние што не стигнаа да се напикат во некоја отворена уста на црните вагони, си ги задскрија тупаниците од зад грб и назадечки го отвораа кругот околу вагонот со скриена мисла во главите дека уште веднаш треба да се спотнат огновите за да не ги угасне денот и сонцето.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Родна откако ги потсмирува струите што ѝ шетаа по телото, се подисправа, си ги гледа разголените нозе, внимателно си ги покрива со веленцето, а го поднаместува веленцето и врз својот Петар од другата нејзина страна кој се однесува како да е мртов, ни се слуша неговото дишење ни се гледа, а не се гледа ни мислата што му седи во главата која неговите физички заспани очи широко ги има отворено и со нив како да гледа и преку коската на черепот и преку дебелото веленце што го покрива сосема.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Постојано во главата ми се вртеше истата мисла: „Влегуваат на наша територија“, и заради тоа сѐ повеќе посакував да добијам пари од Холивуд и да направам еден филм кој “добро” изгледа, но ги носи нашите ставови.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
ЉУБА: Да, солзи, оган во главата...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кога Европјаните мислат на САД, во глава им се сиромаштијата, криминалот, моралната криза и паничната состојба во која се наоѓа ова општество во моментов.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Се надевам дека по ова ќе ви се раздвижат некои запчаници во главата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
— Ајде ти, плаку еден, бери си го умот во главата и полека, да не не чуе Илко, да ни и скрши коските на сред софра!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се позами, се позачешла — колку да му помине апешот во главата — и си ја зеде торбичката велејќи си сам за себе: — Требе порано да се оди, оти литургијата трае два саати (ако не ги прескокне половината молитви, што си имаше обичај), утреното еден, а после . . . ете има три четири кршчења, секое по черек саат, некој и друг парастас .. . денеска ќе се има баја работичка, — и пак си промрмори, навраќајќи долу Катината улица: — Нека даде господ, нека даде: кршчење, венчање, венчање, па и умирање!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И почнаа да и се редат во главата сите друтарчиња од училиште.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Неда ја штрекна нешто во главата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Та си вела да не му тури некои муи во главата невестата Тода та шо се расклоца како коза од стршни.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со ред сите пи врвеше во главата, а штом ќе дојдеше до Нешка Рожденкина, некако умот му се завртуваше и не можеше ни зло ни добро за неа да мисли.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
16. А ќе ми дојде на сон пропаѓањето на империите А тамбара-тумбара ќе почне да ми се прави во главата И да ми се парчосува сонот уште недосонуван Си мислев отпрвин дека тоа е заради историјата И дека толку многу историја не собира ниту во еден сон Особено не собира толку многу пропаѓања и распаѓања Вклучувајќи го и распаѓањето на Советскиот сојуз и Југославија Ама не било тоа бидејќи се покажа дека распаднатите состојки Полесно се ределе во еден сон и не предизвикуваат многу џимкања Работата била во тоа што на крајот на сонот за пропаѓањето на империите Неминовно се доаѓа до најновата американска империја А штом има империја нели има и пропаѓање на империјата И на малкумина им стиска да го видат и на сон пропаѓањето на Америка Поарно варди си го сонот од каква и да е помисла за пропаѓањето на Америка Додека да пропадне Америка сите ќе се претвориме во ништо И ќе им палиме свеќи на гробовите на Волт Витмен и Ален Гинзберг На времето пееја Америка и Енглеска биќе земља пролетерска Па ни пролетерска ни ѓаволи ни врагови стана Америка Зошто тогаш морало да пропадне Америка Божем во тековите не историјата нема исклучоци Што ги потврдуваат правилата И божем во секој сон за пропаѓањето на империите Мора да има и претсказание за пропаѓањето на Америка Од каде до каде такви сонови и претсказанија Се прашал ли некој кој ќе биде тогаш светски полицаец И се допрашал ли кој ќе испраќа војски во Ирак и Авганистан За да извезуваат слобода и демократија За да извесуваат и рестлови од новиот светски поредок А задолжително и локални парчиња од кои се прави приказната
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Но како и да било, мене Џони често ми ѕвони во главата - а јас редовно кревам слушалка, па си муабетиме со саати.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Чуствував како ми буричкаат во свеста и сакав да променам премногу нешта телето веќе притисок ми крена ми дојде даљинско да фрлам во екран Во главата уште ми се моташе ботокс и верглав рефрен од дебилна песна од срањето среќа во несреќа стигна ми заврши запекот се олеснив сместа Сеуште чкрапав ко луд махинално се покајав воопшто што сум се родил слегов до гранап по пиво на рецка од радијација да ублажам бол
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Тој, еднаш заминат и вратен, со толку ум и идеи во главата, сигурно еден ден пак ќе замине.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И многу други прашања ѝ се вртеа во главата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Отец Иларион откако го изми Наќо во главата со вода и му ја поврати свеста, го однесе во ќелијата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„И јас умирам од глад...“ ми вели. Паѓа погоден од куршум во главата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Така наеднаш нешто му врогна во главата... сака да коле...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ајде му простивме за бубачките, ама некои во глава му останале.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А, и кутриот Јагулче Дримски, имаше толку ум в глава да разбере дека го поставуваат на оваа функција не ум да дели, туку сила.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Семожни мисли му се вртеа во главата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кога некој мирис ќе ми пушти стар филм во глава.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Киселина Освен мажот кој го сакам, и песна која ми се врти во глава со денови, се останато околу мене се менува.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Ум не ми остана во главата! - се прекори мајка му и отрча дома.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Дел од вината префрли на посети­ те­лите кои го третирале како куче предизвикувајќи го, удирајќи го во глава итн.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тоа ќе значи дека во главата им отвораш патеки на сите глодари, што не сакам ни да ги спомнувам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Грофот седеше зад бирото и првиот мој впечаток беше дека е зафатен со средувањето на ноктите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во главата го бев понел и сиот оној план грижливо создаден во спомнатата самица.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Инаку точно е дека во главата на човекот сешто може да се измеша Тоа може да се случи и во неговата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ни не помислувајте дека Загорка се згрози кога слушна дека ги спомнувам глодарите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- И јас сметам дека Катерина не лаже.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И како дете што со млекото на мајката Го вселува во себе и законот на чемерот и болот Така во коренот некои жива маѓија го оплодува летото: Црни и златни рани ископани во глава на ангел Од праискони кружат крај тие сончеви реки А сонце нема и лека нема: Се крши стеблото И паѓа сенката Скитникот сам што си ја фрла за да почине во неа.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Не, не ми шета во главата! Погрешно разбра! Реков дека ми шета одоколу!“
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Уживам кога ми се врти во главата“ рече таа и веднаш додаде дека изгледа оти ќе мора да седне.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„За разлика од кај нас во градот, овде вистински владее, оној, како што го викаат, Снежник“, му дојде наеднаш, или успеа да го откорне од некоја далечна бразда во главата името на месецот што неговата тетка Боса посебно го почитуваше.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Секогаш си во право; мора да имаш часовник во главата.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Мајка ми не се плашеше толку од небото прекуден, но ноќните ѕвезди сакаше да ги згасне, и понекогаш скоро како да ја гледав како посегнува кон прекинувачот во главата што никако не можеше да го пронајде.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Дипигус се навредува и, пред да излезе, дрско му вели на господинот Сенка: - ќе ви дадам еден совет, почитуван господару, како да ги истрезните тие ваши пијани послушници: мозок од овен што не се парел, треба да се стави во вода во која биле избањати мртовци; и тогаш само треба да се послужи, господине Сенка, слично како овие риби и змии кои помалку еднолично ги имаме на менито секој ден.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Немаше веќе никого по нашите скали, ниту во нашиот дуќан.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Таа жена ми рече дека тогаш почнало да ѝ се врти во главата и дека сакала да се онесвести.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сите беа киднале...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не, туку страв во главата на Дипигус, вкрстени слики од предубедувања и стрипови, или едноставно рефлекс врежан со мастило како еден енграм- тетоваж?!) Дипигус се задушува и ја исплукува рибината глава, по што и Пајо Ентропија и Даркер и останатите девет лошотии на масата почнуваат да се кикотат и да ги плукаат несварените залаци.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не можела да ја усклади неговата изјава со она што самата го гледала. Тоа секако е прилично „влажен” изговор! Па, тој стварно тоа го направил.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ми се вртеше премногу во главата...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
После ќе се потуриш со водата и пак човек ќе се сториш. Ами како...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сега сум на 111.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Кога се ракуваат, нејзината дланка е студ студена.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Како што вели мојот неодминлив пријател Хорацио Цвикало: „Кога ти е во глава, приказната е прекрасна, кога ја кажуваш, веќе е малку полоша, а кога ќе седнеш и ќе почнеш (премногу) да мислиш како да ја запишеш, станува банална“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Таксистот подголтнува по малку, веројатно си мисли „Што манијак примив во колава!“ и ги врти во главата насилствата врз неговите колеги што им се случија во последниве месеци.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- ...млад, млад, на 53... од толку мисли... - ...мисли, мисли... мисли, мисли... - ...му се истрошил мозокот и толку ... и јас кога ќе се нанервирам, оваа жила во главата ми чука... сѐ од мисли... - ...мисли, мисли... мисли, мисли...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во еспадрили или во јадранки (на една од тогаш снимените фотографии со босиот палец од јадранките го чешкам мачорот Чарли зад уво), со шишиња пиво во рацете, со коси сè уште влажни од поливањето, навидум лежарни, густиравме излупени резниња праски, а во главите ни се роеја возбудливи мисли спротивставени околу најважното прашање – што ќе студирам?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Нормално, не може да се сети, крвта му удира в глава и тој се поти од нервоза, додека надвор врне, а тој воден, како покиснат глушец, пребарува по подот на телефонската кабина.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Се обидов да погодувам кој е од каде. За Романката веднаш погодив.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Нозете му се тресат и во главата му се врти.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
А зошто избрал да се застрела в поле кога можел да го стори тоа дома, е, тоа воопшто не би ми влегло в глава ако се потврди дека е така“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа ни го тврди и верата: мажачката била пред сѐ тоа: соединување на двајцата или на двете тела во едно.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А беше заборавил дека и самиот сешто ми имаше изнаречено за тоа човече што личеше на желка и во вратот и во главата, само уште корупка му недостасуваше па да почне да лази а децата да му се качуваат по грбот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нејси, лудоста во главата на мажот не ја остава на мира ни свеста на жената.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа беше заклучокот од размислувањето на татко ти.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Море, тој што ги пушти во рисјанска вера, немал ни драм ум во главата.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Зашто и сам Ристос учеше дека сите луѓе се браќа.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Ништо, те удрило виното в глава.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ПОЦКО: Бог да го убије виното, што ми го опи нункото!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Шарпланинец: јадар во телото, во главата, во нозете: широк, дебел врат, голема уста, постојано подзината, јадри, изострени заби меѓу кои црвенее издолжениот јазик.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Излегувам надвор и пред да ја дувнам, нешто ми светнува во главата: гледам на училницата отворен прозорец.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Правев сè што ќе ми речеше, огромни болки чувствував во главата, вртоглавица ме обземаше кога станував, но го правев тоа за да не му го расипам тоа негово соживување во тоа,таа негова радост што му ја гледав...“
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ко очи во глава сум го чувал.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Стоев пред дуќанот, со тие бајковни имиња во главата, не можејќи да стапнам внатре.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Кога сонцето се искачи повисоко и почна направо да му сврдли во главата, да му зовира во черепот, започна сè посилно да напина на јажињата, да ја мава главата од стеблакот на муренката за да ја здроби.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Имаше ноќи кога Висар често ја сонуваше бесмртната вода; сонуваше, како слегува во езерото да ја бара: поземаше воздух колку што можеше, скокаше од чамецот и се спушташе кон дното, но воздухот бргу му се трошеше и тој повторно се враќаше назад; Трајан му го пушташе веслото, му подаваше рака да се фати за чамецот, да се одмори, и потоа, земајќи повторно воздух, се спушташе сè подлабоко и подлабоко; не можејќи да слезе до дното, се разбудуваше сиот облеан во пот; погледнуваше кон прозорецот, кон месечината што блескаше, а во главата му одѕвонуваа зборовите на братучед му Трајан: каква бесмртна вода...! Глупости се тоа...!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога запре дождот, Цанул излезе, и по некаков кучешки осет, се упати право кон лозјето; се допре до колибата, го залепи окото на прозорчето, ја виде кожата кај што прета, го почувствува нивниот здив, го наслуша нивниот глас, нивното 'ржење и збивтање, му удри крвта во главата, му зашумеа ушите, го грабна копачот и почна да тропа на вратата: ”Излегувајте, мајчето ваше!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но му дојдеше ли писмо од дома или од неговата саканица Царјанка, му јавија ли дека има свадба в село, ум немаше во главата; како зашеметен, како споулавен шеташе низ касарната; ниту му се јадеше, ниту го редеше на ум она што му го зборуваа на вежбите.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Висар, кога му беше здодевно често се загледуваше во цвеќињата и во главата му навираа чудни мисли: цветчињата навистина му личеа на детски главчиња како што велеше учителот: имаа очи, уста, нос; тоа можеше најдобро да го забележи при гледање од одредена далечина, од одредено растојание: поблизу или подалеку, тоа не можеше да се уочи.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се исплашив за куќата... Ми удри крвта во главата и чкрапнав...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Не знам дали некогаш ќе го остварам проектот што го имам во глава веќе неколку години: да воспоставам однос помеѓу нив и годишните времиња: Тудор би бил пролет; Џонс лето; Канингем есен; Раушенберг зима; (создавање, зачувување, уништување, мирување).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ако дознае дека некој друг имал некаква негова идеја пред неговата да се експонира, тој во главата или некаде на хартија забележува да не го продолжува тој план.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Вториот е да ги прифати последиците, колку и да се погубни.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сите тие придонесоа за промената во мојата работа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ако му се посочи некоја книга за која има причина да помисли дека е занимлива, тој ја набавува и ја чита (Витгенштајн, Набоков, МекЛуан).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Хенриеви плочи кои го исполнуваат воздухот со рокенрол.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ако не можеме да бидеме заедно, ако неможам секој ден да ти покажувам колку те сакам, останува да се надевам дека барем понекогаш се сеќаваш на моите лудории кои ти правеа рингишпил во главата, кои те скокоткаа и блага насмевка ти се појавуваше на усните.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во главата ни се вртат многу прашања на кои не можеме да им дадеме одговор.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се надевам дека дождот некаде ти ја мокри косата како и мене и кога животот нема да ти биде лесен, кога ќе бидеш налутен и скршен ќе се сетиш на мене и колку беше лесно да се живее животот и топлина ќе ти ја обземе душата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Х не ги смени сликите во главата до крајот на животот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Овие записи, во својата почетна форма, се наоѓале во главата на авторот уште од неговото раѓање.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во главата на Х беа сместени три слики: раззеленета врба, клупа во парк и замаглена женска силуета.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Повеќе не го гледаа во главата. Само го одминуваа. Речиси и го заборавија.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Одеше до такви крајности што со месеци не готвеше месо, ако беше актуелно прашањето со лудите крави, макар и во некоја земја на друг континент.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Легнав на подот и се обидов да направам неколку стомачни - но притисокот во стомакот ми беше толку голем, што при секое исправување од подот ми се заматуваше во главата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Си реков дека за ова нема да му биде жал, затоа што јас сум виновна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Неколкупати сосем се препотив, ми се заврте во главата и ми дојде да повратам, но откако главните кризи поминаа, почнав да чувствувам дека всушност ми е добро и дека можам да го исклучам тушот и полека да излезам од тоалетот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Главното јадење повторно се состоеше од гигантската заклана кокошка, но овојпат со гарнир од превкусни печени компири.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Така и оној стих што го смислив претходно некако како да ми се изгуби во главата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Може подобро знаеја белите мечки отаде лагуната, кои стопати рекоа: - На оние таму Дедо Мраз им дал се што сакаат, само им го одзел умот во главите!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Со растурен вриеж на желби во главата, куклата го прегрна момчето на кое почнале да му растат нови мустаќи, брада.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Еленчиња мои, видов што видов и не видов, се ми е спобркано во главата, па не знам што запомнив, а што сум заборавил.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Дедо Мраз го ставил своето огледалце на капката, односно на празнинката од глобусот, и замолил тивко, тивко: ОГЛЕДАЛЦЕ, ОГЛЕДАЛЦЕ, НАЈВЕРНИЧКО НА ДЕДО, ВО ГЛАВАТА ДАМНА МИСЛА ЧУДНА ГЛОЧКА: КАЖИ МИ, ТЕ МОЛАМ, ШТО ЛИ СЕ КРИЕ НА ГЛОБУСОВ ЗАД ПРАЗНАВА ТОЧКА?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Елен Лејбовиц Ce 29 mai 2001 Monsieur, En tant que citoyenne de la СоmmunаutЕurореnnе, јаvоuе que je suis souvent perplexe en voyant nos chefs dЕtаtѕ se runir pour trouver des solutions aux рrоblmеѕ de tant dаutrе nations. Ils ne mаtriѕеnt vraiment pas la situation lintriеur de leur propre pays, о les choses sont tout de mmе plus faciles, comment vont-ils la redresser chez les autres? Personnellement, je nаi me plaindre de rien. Mais il ne se passe pas un jour sans quоn entende parler de dysfonctionnements dans les entreprises, les tribunaux, les prisons, les hрitаuх, les соlеѕ, les transports ferroviaires ou аriеnѕ, lаgriсulturе, etc. Il est continuellement question de violence, dinѕсurit, de drogue, de scandales financiers et роlitiquеѕ Enfin, inutile de continuer lnumrаtiоn. Vous vous tоnniеz lаutrе jour que dans la Соmmunаut Еurореnnе une lettre puisse mettre un mois pour aller de Naples Bеѕаnоn. En rаlit, ce nеѕt pas si tоnnаnt. Le рrоgrѕ technique est une chose, et lhumеur des trеѕ humains сеnѕѕ bnfiсiеr de ce рrоgrѕ en est une autre. Dаbоrd, il est connu que la poste italienne fonctionne naturellement assez mal (dilettantisme des habitants?) et quеn France la grvе est une maladie chronique. Lаutrе jour, јtаiѕ donc Montpellier. Certaines rаlitѕ albanaises me revenant en mmоirе, je vous ai сrit une carte que јаi rаmеnе pour la poster de Frјuѕ, car Monpellier les centres de tri postaux tаiеnt, раrаt-il, en grvе depuis trois ѕеmаinеѕ Les trеѕ humains tаnt ce quilѕ sont, il nехiѕtеrа sans doute jamais de pays idаl, et ceci tаnt admis on peut соnѕidrеr que mаlgr tout, la Соmmunаut Еurореnnе est un lieu tout fait vivable et mmе, par certains aspects, аgrаblе. Mais de l se рrѕеntеr comme mоdlе pour les autres pays, et рrtеndrе rѕоudrе leurs diffiсultѕ, сеѕt une autre question!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но со тоа да се претставува како модел за другите земји, и да се претендира да се решаваат нивните проблеми, е тоа е друго прашање!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Некои албански реалности ми се вртат во главата, ви испратив една картичка која ја зедов за да ја испратам од поштата во Фрежис зашто трите поштенски центри во Монпелје беа во штрајк веќе три недели.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Немате една црактична мисла во глава, па докажувате дека водата е влажна.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
МИХАЈЛО: Што треба да се каже за да се добијат три куршуми во глава? Што треба да се каже?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
ЈАКОВ: Не барај за сѐ дозвола. Подготви се Запомни. Сѐ е во главата. Може? НОВЕ: Може.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Уште една мисла ми е постојано во главата, господине Сивиќ.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Што ако човекот е само обичен турист пред пензија кој се шета низ Европа со платени дневници без три чисти во главата?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
ЈАКОВ: Дупло дно е подрум во главата.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Да можете да ми ѕирнете внатре во главава, ќе се уплашите.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Немате ред ни во главите, ни во телата.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Не оти во главата тој си има свој ум?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Упорно, без трептеж гледа во магливата далнина и неосетливо се губи, ја совладува сон, клепките натежнуваат и некаде длабоко во главата искрат мисли на свеста: една дека мора да е будна, а друга - барем малку да дремне, само толку, колку за да ѝ олесни, да го истера сонот кошмарен и малку да закрепне, малку да спушти клепки дури да изброи до пет, само малку да дремне...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И во тие кратки мигови на размислување пред заспивање, неодложно ми се врти в глава прашањето: сонцето, светлината, каменот, времето и човекот - што се?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мислиш цела крв ти надошла во главата која ти натежнала како да ќе екплодита, но издржуваш колку што можеш повеќе и го слушаш броењето на некое од децата - еден, два, три, четри, пет... .
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Зборува за банда на хипнотизери кои го фатиле и во главата му уфрлиле лоши мисли.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
За кратко време се најдов во небрано, збунет, и увидов дека не можам да зборувам и покрај тоа што мислата во главата ми беше јасна.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Користејќи го планот за пишување Дневник: езерото Ема, во текот на возењето во главата го формулирав исказот со одреден број зборови. 52 Margina #10 [1995] | okno.mk Кога тој се вообличи и кога можев да го повторам, свртев од патот, го напишав и го продолжив патувањето.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
А луѓето, луѓето имаат сируси во главите, кои им излегуваат низ очите, како сунгерестите димови кои се издигаат од тлото, распукано од врелите дождови.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Татко добро знаеше дека големите идеи кои зачнуваа во главите врз погрешни основи од смели поединци, како на пример, во главата на научникот Лисенко, со идејата да создаде џиновско јаболко или зрно жито, можеа во доменот на свеста, на пример, идејата да се истера Бог од душите на луѓето, да се отстрани самото верување на луѓето, можеше да биде проследена со несогледливи последици.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Да останевте и вие овде или друго ќе имавте во главата или ќе ви ја немаше.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А.А. се созеде, веднаш продолжи: - Така, така беше само во главите на заколнатите антикомунисти.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во главата му шумеа зборовите на командантот, а во душата го болеше: сета надеж, сета онаа одушевеност, со која што утринава дојде овде, пропадна и како да се потопи во матните води на блатото.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Во главата веќе го копкаше нова ѓаволија.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ако нишаниш во главата или срцето и убиеш некого, неговото семејство може да те тужи дури и ако тој ти провалил во станот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Допри ја другата страна.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Само два чекори го делеа од работ на покривот виснат над бездната на улицата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Јас не плачам. Сите жени на оваа маса носат очила. И пушат. Мензата е како оџак.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Еве. Совршен Џеб. Овој ќе го сочувам. Значи имам еден.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не те задева и не те прави да сакаш да умреш за него.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако ти се врти во глава, испружи си ја раката.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таков ѝ беше впечатокот за Хаваи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа ти е правниот систем во нашава земја, вели брат ми, и во право е.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Врти се во круг.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ми се расипуваат, така, во главата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И ме прашуваат, Како ти оди љубовта, душо?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој направи само еден чекор, а со лесно наведнување на телото го надомести оној другиот чекор. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 118
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ја имам таа болест - сум читала за тоа - од која очите ненормално се сушат. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 192
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Смести се во син бунар и затвори си ги очите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Под себе, низ него ќе поникнеа оние нечујни шумови што несносливо бучат во него и сега, она крештаво кркорење на радиото со прегорен електролид, клопоткањето на садовите во кујната и нервозното мрморење и трескањето со вратите од жената, сите неподносливи звуци што се собираа во непријатната бучава во главата и од кои мораше да избега и да дојде тука, на покривот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Правниот систем во оваа земја нѐ третира како стока.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не е како опојниот жар на тропските краеви кој како со тупаница те удира во глава, заводнички и распален.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не сеќавате како почнувате да губите време пред огледалото, како ја мачите непослушната коса, вртејќи ја на сите страни, внимавате како одите, како сте облечени, одеднаш се вцрвувате во разговор со некое девојче што ви влегло в глава.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Не знам како е сега, добри мои, не знам како вие се однесувате и како ги сфаќате своите учители, но ние, убаво се сеќавам, секогаш сакавме да им подметнеме, да ги подлажеме, да ги надитриме, да забушиме; секогаш убедени дека учителите постојат само за да ги измачуваат децата, да им налеваат во главите некакви непотребни знаења, да им ја ограничуваат слободата.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Премрев. Низ нозете и рацете ми се чинеше дека ми лазат илјадници студени мравки. Во главата ми бучеше.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Од тебе не можам да си ја „замислам“ приказната во главата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Сè е можно, - одговори тој, - но верувај, и мене тоа тешко ми влегува в глава, па, се чувствувам многу беспомошен понекогаш кога за тоа почнувам да размислувам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се сетив на оној збор - сенилен - и си реков: мора да ги измешал работите во главата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Почувствував дека не можам веќе да се држам за трупецот, рацете од страв ми омлитавеа, во главата ми се вртеше, а глас од себе никако да пуштам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Мене ми се пресекоа нозете. Почна да ми се врти во главата. Во ушите ми бучеше и сиот се растреперив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ум во глава не му доаѓа, си мисли дека е уште на млади години.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Не плаши се, туку нанишани ѝ во главата, меќу очите, а јас ќе ѝ пукам право в срце.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Еден, два, три, четири, ... седум, ... десет, единаесет, дванаесет; избројав точно дванаесет, не без напор, зашто очните капаци ми се лепеа еден од друг и мислите во главата ми се мешаа, толку ми се спише - почнав со раскажувањето.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Јас ги премерував од глава до петици тие негови другари и никако не ми влегуваше во глава како можеле да бркаат непријатели по планините, како ги затворале и испитувале злосторниците, како пукале од пиштоли, а толку мирно и безопасно изгледаат.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сето тоа во главата ми се измеша и станав најнесреќното дете на светот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
За сите исто, па потоа тие работи ни се мешаат во главата и никако да ги запаметиме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се обидов да читам од книгата што ми ја донесе татко ми од Лондон за да ме воведе во тајните на англискиот, (со кој, како што тврди тој, „сите врати воживотот ќе ми бидат отворени и ќе станам светски човек“), ама ништо не ми влегуваше во главата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
По неговите зборови настапи една штама од која, се сеќавам, морници од страв ми проструија во главата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Од разговорите на старите тоа утро едно ми остана во главата и подоцна колку повеќе му го разбирав значењето толку повеќе ми слегуваше во срцето и во душата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Беше очигледно дека тоа не се зборови што ни ги вели нам, туку некоја негова мисла што во главата прегласно му звучеше за да не ја изговори.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Почна да ги распрашува кои се и што се, но брзо му секнаа прашањата во главата па повлече некакво јаже после што во дворот се оѕва ѕвонец, чиниш потплашена коза спрснала да бега.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Фати да се чешка во главата.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога дојдоа глава во глава застанаа, клекнаа, се погледнаа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ако во неколку моменти престраши да се подзагледа, сепак ништо не виде зашто веднаш почнуваше да му се врти во главата и пред очите му стануваше матно.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Празна! - вчудоневидено рече тој и ги преврти очите во главата од смаченост.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Идиоте, - рече командирот. - Во главата ли ти ѕвецка тоа, или каде!
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Мене уште месје ми остана во главата.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Од мислење и несмислување почна да им се врти во главите и да ги фаќа мачнина.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ретко со едно мавнување да не ја погоди в глава.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сепак, пораката што му наиде во главата го загрижи во поглед на неговото творечко реактивирање...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ништо. Ум нема во главата што га прави.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во главата му се вртеа сè повеќе идеи кои го намамуваа да седне и пак да почне да пишува.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Успеа да не му даде можност да постави ниедно од прашањата што му се сјатија во главата, силно го вознемирија и целиот го збркаа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Мене почна да ми се врти во главата и да ми се лоши.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„... Ама бургијата на Еда не му се разврте во главата како што треба.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој, кутриот, откако ги преброја парите, откако пресмета во главата со очите превртени нагоре, толку беше очаен што изгледаше како смрзнат.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Со адресата во главата и со две препрашувања, авторот брзо и лесно се најде на периферијата на градот, пред куќата на Едо Бранов од Струмица.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тогаш се сети на нешто. Од некои писателски причини му се имаше врежано во главата еден цитат од „Махабхарата“- Кажи ја вистината онолку колку што тоа може да се каже!
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На авторот во главата му се ниже синџир од асоцијативни алки: Елефтерија значи слобода.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сегана таа мапа што веќе ја имаше во главата, му требаше да ги постави локациите на своите информативни извори.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Пак во главата му светна мислата да не му се случи да го убие.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Меѓувремено смогот му делуваше сè позастрашувачки така што ниту можеше да го тргне погледот од него, ниту пак во главата да заврзи мисла.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Потребата за таков вид активности просто му пукна во главата едно рано летно утро.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„.. Тој Брзакот беше нешто како недоветен, човек кому нешто му шумеше во главата...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Прашувањата што веќе му навираа во главата беа за други луѓе. Пред сѐ можеби за Петра. Можеби.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
За да се воздржи од своето љубопитство, колку што можеше побрзо телефонскиот именик го фрли на задното седиште во колата, но цело време, предизвикувајќи му возбуда, во главата му се наметнуваше прашањето дали воопшто ќе најде некој друг Едо Бранов освен себеси.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Довршува еден превод и му се моткаат во главата неколку идеи за раскази, а е и нестрплив да види од која идеја каков расказ ќе излезе, ако излезе.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Едор во снагата, во главата, во рацете. И силата двојна.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Роса не ги изрече зборовите што ги редеше во главата оти Пелагија продолжуваше со глас мислиш рамен а тој полн со болка Еве сега имам нова мајка, Перса се вика.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Умната и убава Пела треба и други работи да научи му светнува во главата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ја издржал борбата, останал со умот во главата и кога разбрал дека му ја запалиле куќата со децата и жената внатре, продолжил да се бори со една дрвена нога, таков го запознавме и ние во Гаково.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сите оние грди мисли што му се роеја во главата додека скиташе по стопанството и она што сѐ сакаше да ѝ кажува едноставно испари од неговата глава.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Очите полни со солзи од добрината на жената, а во главата голема збрка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Имаш ли ум во главата?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А јас уште ништо немам дозавршено во главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гледам кај ја свртеа и почна да ми се расчистува во главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми се преправи нешто во главата и почнав поинаку да ги кажувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сета крв му слегла во главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Му останала некоја експлозија во главата, што се вели, и само да му трешти: вау, вау, бау, бау, да му прави.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во главата уште ми се врти долгиот пат, ми се одвалува бескрајната степа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не, вели, тие можат и очите во главата да ти ги скараат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си мислам ќе ми пропадне прстот во главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Веќе ми се мати во главата, ме тера на повраќање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Возот веќе почна да свири, а јас уште не можам да се расшеметам, да ми се расчисти во главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Откако ми се премота таа лента во главата почнав да се враќам на детството.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Размислував и во главата си правев план, додека мирно седев со скупчени нозе на каучот и го гледав како се пакува.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Наеднаш се свестив. Почнав да чувствувам како ми навира крв во главата, во екстремитетите.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Следниот половина час во глава ми се сврте целиот филм.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Мрмореше таа со машки глас и секој нејзин збор бесшумно ми одѕвонуваше во главата. Сфатив која е мојата улога.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Си велев во главата, внимавај девојко што посакуваш, ти си наивна и не си ни свесна дека, всушност, не е така како што изгледа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сигурно си ги редеше во главата сите предмети што ги видовме зад тополите.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Едно нешто ептен ме вознемируваше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сѐ ми е измешано и нејасно во главата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас не разбрав што е тоа важно, ама мајка ми има некои такви чудни работи во главата кои понекогаш не можам да ги сфатам, па чекам да пораснам и сè да ми стане јасно. Но, тоа сега не е важно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Нема многу да ќариш кај мене, денес во нашиот фрижидер има промаја. Сосем празен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мислите во главата ми се растрчаа, едната побрза и попалава од другата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Бев фасцинирана и збунета, безброј прашања ми се роеја во главата, а многу малку одговори наоѓав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не можеш да ги контролираш, си одат некаде, се враќаат, ти се мешаат, ти се чини дека не би можела ниту една да задржиш подолго време. Па и не можеш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Важно, прстенот со жолт камен секој ден, кога шетавме со Меги низ Охрид, го меркав и секој ден се плашев да не го купи некој друг, оти беше единствен, а јас решив тоа да го сторам последниот ден, пред да заминеме, да не се случи да останам ептен без пара во џеб додека сме сè уште таму.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Те направиле одговорна и да си постојано на штрек да ја оправдуваш нивната доверба.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- А, четвртата е што не стигнав да појадувам, па ми се врти во главата – додадов.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Одеднаш многу прашања ми се насобраа во главата, а згора на сè и онаа Миру постојано ми се меткаше низ мислите, ама си молчев.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ми се чинеше дека ги гледам како се разотидуваат во разни правци и сфатив дека сум немоќна да ги вратам и да ги насочам кон Игбал.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Е, сега, слушај ме внимателно. Во главата сите ние имаме безброј мисли. И секоја си оди на своја страна. Кога си расеана, тие прават што сакаат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Како да не, никој, така само ти се чинело, тие тоа ти го напикале в глава, без да почувствуваш, без да знаеш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)