И така парализирани го гледаме како го навртува нагоре, во гредите, во керамидите над себе и страшна експлозија!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Првин почна да ги чепка алиштата, како да бара болви во рабовите и во веѓиците, а потоа се загледа, нагоре, во гредите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
По навика погледна во гредата над вратата, ги крена рацете, но не скокна.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Дури го учел Божин Силјана сина си, се пулел во гредите и во ѕидовите, чунки како крв му се гледаше татко му пред очите кога го учеше.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
А отец Никодим избезумен, гледал во пожарот, во гредите што гореле и шепотел: „Горете кревки дрвчиња...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
СКОБА- поткова за коњ, но и железо свиткано во вид на скоба кое се заковува за нешто, на пример во греда или труп за да може да се повлече.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Утрото, дваесет и шестиот ден од месеца цутара, втората година по Големата војна, миропомазаната жена на Пане Липовдолски (одамна упокоен) осудесет и едно годишната Лена, шевелеше низ куќи, се вѕираше час во ноќвите, час во амбарите, во потонот, во малата и големата одаја, во гредите над чардакот, по ќошињата на дворот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Во гредата над леглото беше забиена долга, шилеста лескова прачка.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)