Кој знае, можеби сум во грешка.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Не смее да одговори: би паднал во сопствената замка повторно немајќи увид во грешката, а потоа и без да забележи би се изел себеси покрај појадокот, гледајќи од страна потпрен на лактот - невклучен, помалку морбиден и неразбирлив, смешкајќи се со чашката млеко и вареното јајце - како еден куп долго собирано ѓубре зад кое се крие мотивот за неговото не толку очигледно самоуништување. И што:?
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
- Другари - почнува Младен - ветувам пред сите, пред сите вас ветувам дека никогаш, никогаш нема да ме најдете во грешка. Ветувам...
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)