Обајцата Балканци, прекинати во зенитот на остварувањето на своите идеали, за другите илузии, маргинализирани и без надеж да си го најдат заслуженото место, решија да си најдат утеха во преведувањето.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
И така, Татко, како вистински балкански Дон Кихот, во тешките времиња, почна да ја освојува својата тврдина од хартија, со невиден занес, во зенитот на својата ментална енергија.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Честопати, кога беше во зенитот на потрагата, ги одложував прашањата за сиџилите кои, подоцна, силно ме обземаа.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Кога ја напушти родната куќа во Поградец крај Охридското Езеро и ја мина границата со семејството, па се најде на другиот брег, во друга земја, со други луѓе, со друга нафака, никогаш не можел ниту да замисли дека неговата балканска скитија по достигната цел во зенитот на младешката моќ во Цариград, ќе заврши во овој град, кој османските султани по неуспешните походи по европските територии кон Рим, Венеција и Виена, го нарекоа, како можеби нивно последно упориште во Европа, Капија на Ориентот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски по одбраната на докторската дисертација во 1936 година на Сорбона, во зенитот на својата револуционерна младост, ќе замине како доброволен борец во шпанските боишта на страната на Ла Пасионарија, горд што на истите боишта ќе бидат и Андре Малро, Орвел, Хемингвеј и многу други славни личности на времето...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Нејзиното враќање се случуваше во зенитот на сталинистичката еуфорија во Албанија и отворените диригирани непријателства кон Југославија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Јас влегував во земјата во зенитот на единствената прослава во светот на 100-годишнината на Сталин!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Кога одлучи во зенитот на својата младост да го напушти Цариград, најчесто доаѓаше во храмот, небаре потсвесно да си ја види сликата на својата судбина.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Така на пример, во зенитот на чеченската војна, тој се појави на Црвениот Плоштад облечен како боксер, со две боксерски ракавици на рацете и извикуваше: „Јелцин! Не се криј! Излези надвор!“ Маргина 34 129
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Отоманците во зенитот на освојувачките походи, откако беа одбиени пред Виена од вратите на Европа, беа решени Скопје да се овековечи во нивна капија на Ориентот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Можев во тогашниот Тунис на Бургиба, кој беше во зенитот на својата владетелска моќ, да ја доживеам реакцијата во арапскиот свет по поразот...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во првите денови на јуни 1967-та како млад новинар се најдов првпат во Тунис.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тие остануваа во орбитата на мојот живот во потрага по светлината на слободата...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
XXXIII Мојата последна официјална средба со Јасер Арафат се случи есента 1989 година кога тој беше во зенитот на својата мировна иницијатива.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Велат дека тука бил во зенитот на дипломатската кариера, кога од Женева, бил задолжен да ги испраќа главните инструкции на Министерството за надворешни работи за сите аргентински амбасади во светот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Козлето одеше по својот пат, од далечина ја гледаше куќата на Сеген, нејзиниот довчерашен затвор. Беше во зенитот на својата среќа.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И сега, кога Татко беше во зенитот на својата потрага по старите отомански документи во кои се сокриваше тајната на идентитетот на семејството, во потрагата по ракописната Атлантида во која се криеше историјата на заминатите и исчезнатите на неговиот народ и другите народи на Балканот под отоманска власт, се префрлуваше во потрагата по природните закони во откривање на еволуцијата на живите суштества во Езерото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)