Впрочем, партијата сѐ уште не сакаше да се меша во козјото прашање, а и немаше директиви за акција од републичкото раководство, макар што козјото досие од ден на ден стануваше сѐ подебело и се чуваше во железната каса во кабинетот на секретарот на градскиот комитет.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Во моментот на планирањето на иднината, во кабинетите на Партијата, козите слегуваат во главниот град: оваа бела пацифистичка инвазија ги вознемирува и шармира духовите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Нему можеше да му ја раскаже одисејата со сиџилите, започната уште пред болеста, во кабинетот на Мирон Донски, што траеше сѐ до денешниот ден.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Влегоа во кабинетот на директорот и тој веднаш почна: - Утринава, рано, ми се јавија од кабинетот на Водачот. Предходно се јавиле и во Судот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Кога влезе во кабинетот, другарот Чапаев брзо стана, го поздрави срдечно и му понуди да седне на една од двете фотелји.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Влезе во кабинетот на претседателот на Судот, Предраг Чапаровски, познат по партизанскиот прекар другарот Чапаев.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
VII Со семожни мисли во главата, Татко влезе, во кабинетот на другарот Чапаев кој, во мигот, нешто зборуваше со партискиот секретар Аспарух Зафиров. Срдечно се поздравија.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Фарсата во кабинетот на директоротсе чинеше завршена.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Кога мина повеќе време од настанот, Самир Мустафа, без некој личен повод, меѓу две партии покер, му раскажа на Татко: - Случајот сакаше да се најдам во кабинетот на Водачот кога, по телефон, му се јави секретарот на битолскиот партиски комитет.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Застанавме разочарани: ѕидот на кој требаше да биде вратата низ која се провревме во кабинетот беше заграден со тежок шкаф полн со минеролошки збирки.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Мора професорот да имаше веќе цела колекција марами, кое машки кое женски, но никој не знаеше каде ги држи - дали во кабинетот, дали во лабораторијата, дали дома; а можеби и самиот тој да не паметеше каде ги чува.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Но ни трезен, ни пијан, ни мамурен не склопи око и не му дојде сон, па утредента штом стапна во кабинетот се јави во полициската станица од нивниот кварт, зашто му беше срам лично да се појави таму и претставувајќи се да објасни во што му е проблемот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
А понекогаш му се случуваше да ја пробие ноќта, па место дома да појде право на работа; тогаш се заклучуваше во кабинетот и преспиваше облечен на каучот за пациенти, а сестрите го бранеа од нив под изговор дека докторот моментно е зафатен со неодложна научна работа.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во чл. 22 ст. 1 ал. 6 од ЗВЈС се пропишува работното место „посебен советник“ или со други зборови „пополнување на посебни работни места во кабинетите на претседателот на РМ, претседателот на Собранието на РМ, потпретседателите на Собранието на РМ, претседателот на Владата на РМ, замениците на претседателот на Владата на РМ, министрите и генералниот секретар на Владата на РМ, заради извршување на работни задачи на посебни советници“.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Кога ме виде генералниот секретар како влегувам во кабинетот, откако срдечно ме поздрави, веднаш ми рече: - Какво добро ве носи во ова време во нашата Казба!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Со својот живот и дело ќе ја покаже и докаже тезата за повеќекратноста на идентитетот на индивидуален и колективен план, за меѓузависноста на идентитетските компоненти во нивното хармонично дејствување, како неодминлива вредности и победоносна противтежа на националистичките погубни пориви. Надежта постои...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Најпосле Сојузниот влезе во кабинетот. Срдечно ме поздрави и ми рече: Простете, ме бараа од Вашингтон.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ги престигнувавме воените и полициските коли кои се враќаа од Картагина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Петар Иваз ме чекаше со фасциклата во кабинетот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Инсталацијата ја поставил и со неа работел Богдан Русимиров, а материјалот се систематизирал и се анализирал во кабинетот на Шефот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
„Чирот е зрел за операција, ако не го направиме тоа, ќе прсне, ќе не изгнаси,“ говореше под долгите црни мустаќи како за себе, чекорејќи бавно во кабинетот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Тој располагаше со утврден список (обработен од службата во кабинетот на директорот) со графи во кои, до името и презимето ставаше вертикална црта, за влегување, и хоризонтална црта за излегување.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ема Ендековска, со предходна најава, предпладнето влезе во кабинетот на началникот Круме Волнаровски.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Но борбата за човековите права и за легализација на проституцијата беше само дел од моите активности. Во тоа беше проблемот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
И натаму не ја повикуваше да разговараат во кабинетот.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
- Ќе ја повикам Марија кај мене, во кабинетот - ѝ рече и ја поведе со себе.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Тендери фрчат, во мозок нѐ дупчат опортунисти во кабинет чучат полни кафани од утро до пладне студенти учат за курово здравје Има ли спас од поскапо парно редици долги во социјално и ако завршиш катастрофално скапо е дури и во погребално Избави нѐ Оче од банкари алчни себични луѓе и денови мачни избави нѐ веднаш од шалтерска стока до кога каматата Оче ќе скока?
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Ни сега не можам да си објаснам како се најдоа во кабинетот сите оние натрапници кои пред малку беа на улицата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Вратете ми ја во кабинетот по биологија“, рече наставничката Лидија, „ако ѝ го мениме местото нема да цвета.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Сѐ уште го чекам оној скитник кој со своето арго ќе го натера судијата да збрише.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Веќе не опстојува во кабинетот на истражниот судија.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)