Во таа контемплативна состојба дури ни тоа не дозволи да му го помати убаво замислениот ден, кога реши дека е крајно време да го напушти целото образование што очигледно му носеше само проблеми во животот, поради кое влегуваше во караници со сите, во несогласувања, па дури и во физички пресметки - и да си стане шофер.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Секогаш во караница со братот близнак, рапавиот глас зататни со сила на разбуден вулкан: Ни птицава не е птица, ни ушлево јунак за бој.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Во желба да се истргне од стапалата, мојата сенка се џапаше, во намера да се врати од Пупипафија, меѓу сенките на моите врсници, од кои како да ме делеа столетија.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)