Тој не се прослави, влезе во клинчот на внатрешните односи, односно фати страна во борбите за наследство на Бургиба и подоцна тоа се покажа фатално за неговата кариера.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
На вториот кат, лифтот запира и со силна бучава ја отвора вратата, а пред него двајца, мислиш во клинч, не ја довршиле ноќта и активностите во неа, па сега таа „разбудена“ ќе го доработува.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Во мигот повторно се пренесов на еден од последните разговори што го имав со францускиот амбасадор во Тунис, Ерик Руло, еден од големите познавачи на палестинското прашање, поранешен новинар на Монд и Монд дипломатик, близок пријател на тогашниот француски претседател Франсоа Митеран, именуван од него лично на високиот дипломатски пост.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И, на ненајавена средба, апансас те туркаат во клинч, па со вкрстени прашања од типот „признај сѐ за твоето минато“, те парчосуваат, божем низ хумор.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)