Самотија бедна, со скршено срце, во клисура тесна, јас плоштад ќе градам со светулки од звездени јата и фенерот згаснат во ноќта ќе свети, деновите јадни вжарената топка, посилно ќе светка, потопло ќе грее...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Во клисурите се превиткува маглата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ама, уште невлезени во клисурата на Треска, Миклош туку се прелапа за бузите.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Бучавата сѐ уште се истура прудолу и се губи во клисурата. И пак тишина, ниту шум, сал молк...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Стигна и запре во Клисура колата со ковчегот во кој лежеше Сане Сандин.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Завлегуваме во клисурата: Вардар ко забркана риба се прпелка меѓу поснежените брегови.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Додека грмежот се уште се растура во клисурите и чадот уште не паднат, во напад тргнува пешадијата. Така до квечерината.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)