Преку летото работеше во книжарницата на К.Г.Самарџиев најгруби работи и се запозна со некои од тогашните борци за црковна автономија.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Учениците и студентите ги отвораат вратите, а во книжарниците деновиве не може да се пријде: се купуваат само учебници.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
На овие улици можат да се минат многу пријатни часови во разгледувањето на литературата во книжарниците, кои се отворени цела ноќ и секогаш се опседанти со купувачи.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Знаеше од порано дека таткото Хрант починал и сега во книжарницата ги виде синот Арамен и ќерката Алиса Самуелиан.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И запирав, влегував, пребарував, во книжарницава за источни книги пред нас.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Откако го изеде сендвичот со жамбон и го испи пивото во кригла, се врати во книжарницата, се доближи до својот куп книги, ги однесе до касата да плати, веќе му беше означен попуст, односно книгите ги купи по набавната цена од страна на книжарницата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Стрипот кој Гронинг продолжува да го пишува и црта, денес може да се најде во неделните и алтернативните весници во секој поголем град во Америка, а и колекции со неговите работи веќе можат да се најдат во книжарниците.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Во книжарницата на плоштад се распрашав за една од книгите мои необјавени.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Беа тоа наши комшии, наши познајници, муштерии во книжарницата на татко ми, кој веќе не сакаше да оди в дуќан и сосем се повлече во себе, па и онака не многу разговорлив, дозамолча.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во книжарницата набргу некој влезе и се слушна важен женски глас: „Моето девојче е прваче. Ве молам, дајте ми една тетратка со широки и тесни линии и еден молив број два.“
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Тетратките ги купија со мама во книжарницата на „Просветно дело“, тука во населбата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Книгоиздателствата во овој период немале ниту најмалку доверба во авторите од пулп списанијата; во овој период не е забележен ниту еден случај на фантастика публикувана од реномиран издавач и продавана во книжарници. 94
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)