во (предл.) - колона (имн.)

Патуваа заедно, во колони. Зад повеќедетните семејства одеа повеќе кози, а поретко и по некој прч.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Разулавената река од коли без застој се движи во колони од по пет и шест реда.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Потоа во колони ги спроведуваа по градот.  Тие денови бев болен и спиев во спалната соба со моите родители.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Уште од вратата на интернатот водот се постројуваше во колона по еден и тргаше тржествено напред. На челото газеше нашиот водник Бане.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сега ми идеше по малце криво и незгодно поради сите оние злобни шеги за сметка на водникот, што баш јас често си ги позволував, кога се точкаше водот во колона.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тројца челни, со маскирани лица - на арлекин, на купидон и на џелат, носеа женска дрвена статуа. – Покорност... покорност... – мрмореа во колоната, која се миголеше кон единственото дрво, на самиот врв на ридот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тесната улица, која тогаш беше нашето единствено место за играње фудбал со топка крпеница од партали, е широка и само мерцедеси се движат во колони.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Бев првиот во колоната. Се пробив низ снегот и на сет глас повикав.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Живи сведоци тврдат дека секоја вечер, во колона од 300 до 500 товарени правда го газеа патот и козјите патеки од Руља преку Брезница, Смрдеш, Лобаница, Крчишта, Новоселени, Шак, Ревани, Калевишта, пренесувајќи го до складиштата во Пиљкати, Јановени, Слимница, Омоцко и Тухуљ или директно до борбените позиции.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Помислував на неа тие денови, кога на улиците гледав мајки како ги гушкаат своите синови кои во колони се враќаа од фронтот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Првата повоена пролет ја сретнав Јохана Климт. Една година пред тоа дознав дека Густав умрел, но не појдов на погребот, не појдов да ја видам Клара, ниту пак ѝ се јавив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Маршираше со униформата на шпански борец, со стари учесници во Октомвриската револуција, прославени команданти на пролетерски бригади во антифашистичката борба, со медали на градите, заедно во колоната со генерали во свечени униформи, со амбасадори во свечени одежди.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски беше прв во колоната, како што некогаш беше прв кога јуришаа на шпанското боиште.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ги замолив да ми дадат ноженце и еден од другарите ми даде, а јас ги исеков врвците на опинците, па ги исфрлив на две страни.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Бригадниот командант набрзина ни даде команда: Бригада мирно, команданти на баталјони мирно, командири на чети мирно, напред марш во колона по еден и право за Дреново!
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сѐ до Црна Река нѐ придружуваа партизаните, а ние во колона по еден, ја слушавме нивната команда.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Се приклучивме кон баталјонот што се движеше во колона еден по еден и целата бригада се врати во Бенче.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Луѓето ги размрдаа нозете, ги оптегнаа глезните и видоа дека ќе можат да се движат во колона по двајца.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сигурна е дека Дине не тргна по нив, дека со двете жени и дечињата останаа таму, како да зауши како се пикаат пак назад во вагонот, ама Борис Биџов секако беше во колоната.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Но знаеше, како и тие што одеа во колона.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Застани во колона и чекори.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А сега, овој Рус, со чудна судбина во егзил, слична на неговата, му го доближуваше Езерото, од кое Татко сакаше да се оддалечи, следејќи го патот на јагулите... VII Спасените јагули, напати сплотени едни во други, напати во колона, водени од силниот инстинкт, спасувајќи се од семожните стапици од природата и луѓето, го продолжуваа вечниот пат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Пак си одиме, - рече тој.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се прегрнаа, потоа силен стисок на рацете, војнички поздрав.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Прво построени по четворица, потоа во колона по двајца, по тројца.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Мрднува со глава, зачекорува пак и, кога белотртката запеа на цело грленце, тој застана.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ми предложија и натаму да останам во колоната, ама јас побарав да одам на линијата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во устата почувствува вкус на горчлива семка од кајсија.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Конечно, зеленото се запали. Едно по едно, возилата во колоната се придвижија бавно, со подзастанување, но пред таксито да стигне до раскрсницата, неумоливото црвено повторно ги запре.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но постојат и таканаречени надворешни услови што дејствуваат врз таа енергија.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Мојата работа не е за во колона.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Поаѓај во колона!!! Жените, кои ја носеа Циљка од горе, од преврзочниот, пункт, дојдоа и застанаа на чекор од неа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ако не можеш да запамтиш, тогаш ќе се најдеш во колоната и тоа пред неа!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пропушти дваесетина товарени добитоци и незабележан влезе во колоната, фаќајќи еден коњ за узда.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Под превезот на мрачнотијата луѓето заедно со стоката се редат во колони.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мајка ти долго се загледа во колоната и тивко рече: „Оди аскеро нашите да ги бие...“
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Појдовме кон границата, сета мајчина челад, во колона од неколку коли.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Стоеше така долго, загледан занесено во колоната, што се губеше во далечината, по тоа крена поглед нагоре кон знамето, кое што се вееше на високиот јарбол.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Напред потрча командирот на четата, а последен во колоната беше комесарот со задача да ги брка пред себе тие што заостануваа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)