Разбојот и влачењето сакаат седење на едно место, а со фурката може и на вода и в комшии да се прошета и да не губи од работата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Штом го виде дедот Петка, отрча во комшиите, ѝ кажа на Доста и — уште не ни врзани маските — се вратија двете и Доста се најде во ќералчето на дедот Ристета.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Го фати за кожата од која вратот и му го фрли пред врата на комшијата; му му го фрли ака на комшијата да не може да се посомнева во комшијата кому верата не му дава да има куче.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Си почекав, дека има катови, меѓукатови, мезанини... ама дојде, заедно со оние двајцата, силно задишени и црвени, а таа дури подлутена дека јас ни едно кафе не сум испила во комшии, туку ги реметам по катови ете овие „вработениве“ по лифтовите.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ги гледав како, рака под рака, навечер по лад под липите, се шетаа до кај неговите, во комшии... Беа среќни.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
СИМКА: (Следена од другарките и мајка и, се повлекува во другата соба, додека другарките ја продолжуваат песната.) Не ли ти велев, девојко, не оди често в комшии, комшии ти се душмани.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
На ти и тебе, бре ајдамак, да пораснеш голем!...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Јас спијам со него, касајот го делам и тој деца ми прави, ама штом вчера и чумата се јави во комшии, од ум не ми излегува дека тој е нашата невола, зашто се греши пред светецот, и треба да ја добие заслужената казна. Котел не му гине, нели оче?“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Таа ноќ немаше доволно столови за седење, зашто тие нагрвалија во огромен број, па јас заедно со татко ми одев два-три пати кај тетка Софија и чичко Ѓорѓи во комшии, за да довлечкаме столови, и кај тетка Јовка, за да ми даде лажички, вилушки и тањирчиња.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Трајче и мајка му отидоа во комшиите.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Кучињата ноќе лаеја, а најмногу се слушаа во комшии зашто оттаму имаше некој избегано во партизани и ноќе доаѓаа постојано да проверуваат.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Забележав дека во комшии прават претрес.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)