Од неизвесности составен и од осама, Македониј ги изучувал градбата и поредокот на бестелесното и имал дарби да разговара само со она кое се случувало векови и векови потоа. MARAN ATA, кога извикал патријархот, Македониј си ги собрал солзите свои во крпчето свое и рекол: одново згрешивте - ме проколнавте, но ме возгордеавте и сега ќе ме замени следниот кога веќе никаде не е оној кого само вие го гледате насекаде. ***
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Едно во крпче да си го ставите:ништо не значи тоа што стражарите се тргнаа.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Изненадувањето врзано во крпчето на тајната ќе се претвори во трагедија.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Бате Јоле, пткако чу дека јас и Николче кекаде ќе одиме, тој во крпче си го врза зборот дека и тој со нас ќе дојде.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Зашто целата прикаска ја имаше како врзана во крпче.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Очигледен предрасудок, но авторот не само што го прифати туку и како да си го врза во крпче.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Јас за тебе ми рече имам осумдесет гласови во крпче врзани. И вистина така беше“.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Намерата што си ја имаше врзано во крпче просто го возбудуваше.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Некаква милина ги смраморила... саде спокојно дишат... еден здив си дишат... кошмариштана в крпче врзани... а тие втонати во длабок сон...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Вечерта ја чув старицата како објаснува: - Парите ми беа врзани в крпче и под кулч в долап.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Уште додека садеше дрвца во голините на Водно со Танаско и со Вангел на Борис Биџов, при едно спомнување на Вангел дека преку Трудот нашол работа во Монополот, таа тоа си го врза во крпче.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Без збор да пререче, без пцост да изусти, без дури и да го преколне бога што го родил левучар, си го врза тоа во крпче - што стори, како стори - дали преку снимателот, дали преку режисерот, дали преку чашка, дали преку лажга - ја нареди работата така, што тие како мобилна екипа, работна екипа за теренско снимање, си примаа секој ден директно од рацете на магазионерот: по еден леб и по некоја конзерва, сметано по глава на екипа.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Спиро не го доразбра значењето на судбоносните зборови што ги изрече Влаинката Паца, но таа се потруди тој да си врзе во крпче дека без одлагање треба да ја земе со себе и да ја однесе дома во Брезница за да му биде домаќинка во куќата и друшка во животот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Многу тагуваше по гранченцата, и докторите завиткаа неколку в крпче, и ѝ ги дадоа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Таа го развитка крпчето, помина по гранчињата со прстите, и рече: „Ова не е моето семејство.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)