во (предл.) - кула (имн.)

Направена е во 1880 година, а љубезниот домаќин во кулата ни ја проектираше на кино-платно.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И не требаше многу време да се разбудат и да ги фатат метеризите во кулата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Адемага ги наполни и бочвите со вино; каците со маст веќе беа полни од летоска; донесе од Прилеп и еден товар шеќер; го свари и комињето од белото вино и така се приготви да ја чека зимата и ужива во кулата крај неговите три ануми и црното Кате. Ho даде збор Катето да го удоми дури не го продал чифлигот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таков беше адетот кај сите бегови: да држат по едно младо („живинче") во кулата, да се знае дека се чифлигари и дека имаат измеќари за секаква работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— А така ли е работата? Се провикна глас од одајата и се угаси светлината. Во кулата се направи збрка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Идат луѓе: пет шест десетина, фаќаат Турци прочуени со нивните зулуми, земаат пари ако имаат, и ги изведуваат и колат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ката го трати бегот и не стапна веќе во кулата, а и самиот тој не докондисуваше толку толку, гледајќи да го прибере некако Толета, од кого почна и да се плаши.' По година и половина Ката доби машко дете и го крстија Трајко на свекорот, а во третата година доби и друго, кое го крстија Велјан.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Гласот дека Толета пушка не го дупи, уште повеќе страв му влеа на сите Турци, a особено на чифлигарите, што секоја вечер се тресеа да не ги нагази негде Толе, та се прибираа уште со видело и се затвараа во кулите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Додека трчавме низ сите оние сериозни денови верувајќи дека целта е близу и дека ниту еден чекор не е сторен залудно ние бевме оние кои можеа да ѝ го одредат името на светлината и да ја поведат со себе па и да седнат напладне со неа на сиромашен ручек на тревата во друштво со птиците што стрпливо ги очекуваат своите трошки Така се качувавме кон будните соништа И не знаевме оти овој кревок живот што нè води за рака може да нѝ понуди сè но и да нѝ оспори сè Дури и не помислувавме оти во Кулите на ветената надеж живеат веќе ќерките на нашата тага И дека во растурената градина зад леандрите нè очекуваат цвеќињата на нивните солзи.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Заточеници во кулата од зборови што самите ја кренале.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Неочекувано чувство го обзеде младиот човек, застрашувачка возбуда, и за да го одложи своето влегување во кулата, тој го одврза својот десен чевел и од него ја истресе нечистотијата, што беше се нафатила додека одел преку премачканите коси влезови.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Значи, таа живее во кулата“, рече Кети.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој сфати дека гласовите доаѓаат одозгора во кулата и, погледнувајќи нагоре, над главата виде ногарки од дрвени клинови, греди, диреци и потпорници.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
По акустиката во кулата, Боб беше изненаден од природноста на својот глас.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Ми треба оној што се ожени пролетва.“ „Тоа сигурно е Ден. Него ќе го најдеш во кулата. И името му е Адам.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Гласовите, неговиот и на другите, неприродно звучеа како некои механизми да зборуваа во кулата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Расфрлени мртовци и ранети, крв, остарена младост на прагот на својот прв ден, мајко моја изгубена во моето детство, и мртва помоли се за својот син и за неговата прва љубов и за спас од споулавување пред спомените.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
(Потоа дружината, домаќинот и возбудените луѓе се договориле, едни со оган да ги потераат коњите на Турците в пропаст за да не се вратат во кулите, бездруго кратовски, нивните јавачи да ги закопаат длабоко, ни дивина ни пци да не можат да ги откопаат, а оружјето да се сокрие така што за него ќе можат да знаат само двајца - челникот Онисифор Проказник и молчаливиот Чучук-Андреј.)
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во христијанските куќи, по дворовите, во тремовите, на чардаците, под покривачките, а на чифлизите во кулите долго се прераскажуваа настаните во изминатиот ден и нетрпеливо се исчекуваше новиот, кога христијаните во ропскиот труд ќе можат да ги потопат стравот и неизвесноста а Турците да пазат на нив и да се испазат од нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од некоја тајна врата на замрачената одаја истрча човечец во антерија од чоја.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Влеговме во кулата пред која немаше стражар со кацига на глава и со копје пред себе.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
За казна, ќе продолжи во синџири да копа и да бара дијаманти.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Накусо речено- утре не ќе патиме.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Еден од нив, не помалку бушав од мене, само поблед, некако проѕирен, праша како ќе го совладаме чудовиштето во кулата.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Без придружник, сосем голо, под срп сребрен, под свод китен, Развеселен Рокамболо Во кулата стана жител.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Седеле крај оган во кулата и, ситни, измислувале прикаски за големиот земјоделец Рокамболо, а тој, по секоја нивна прикаска, повторувал танцувајќи: „Во мојата цитадела со грстови храна делам!“
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Имал морков, но ќе садам грашок, зелка, аспарагос!“
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Верувам дека никогаш не сте мислеле дека е во право личноста што живее во кула од слонова коска не уважувајќи ја интелигентната и наклонета публика.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Носот му се издолжи уште толку, очите му пропаднаа, небаре во кула без пенџериња.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Господарската куќа не беше во кула, оти кулата допрва требаше да се гради, туку во најубавата куќа со чардаци, во која порано престојуваа митрополитот и игумените, кога ќе дојдеа тука на прошетка, или обиколка.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Да била млада, може и ќе ја однесел во кулата, и никој ништо не ќе му можел”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
ЦАРОТ нема да дојде. За Велигден ќе е во кулите над Белоно Бзеро.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Сукаловите 'ржи во Кула се прикажани, та затоа тие секоја година врзуваат најголеми снопови, и затоа даваат најмалку спаилак. ***
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И обајцата, како да имале некаков историски долг да се влеат во патријархалната тврдина, да си имаат во неа заедничко одајче, како во кула, од кое ќе го гледаат ограничениот бескрај на Езерото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Изградив кула од зборови Со златни кровови, Со бели дворови, Изградив кула од зборови Во кулата ширни одаи Во одаи занесите мои, Од виденото и сетеното Од тајното и сокриеното: Една одаја за гревовите, Една одаја за зборовите Третата за стиховите, Во темелите стремежите и надежите, Под нив тагата и прелагата, Најдолу душата и снагата.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Всушност кога се качивме во Кулата, без да ни раскажува за замомчувањето и за тајните поврзани со него тој побрза да ни ја покаже својата срамота.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Постојани заноќувања во кулите на неизвесноста, будења на секој шум...
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Си заборавил каде си ме сокрил. Јас сум насекаде, во куќите, во спроводниците, во кулите, под земјата. Ајде, најди ме!
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Каде беше скриен тој глас? Во кулата?
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Уште една карактеристика што Дерида ја споделува со повеќе филозофии е дека тие речиси остануваа недостапни како во кула од слонова коска.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Нејзините термини, суптилни дистинкции и техники се разбрани само од многу мал број луѓе главно концентрирани околу академијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Аквински мисли дека од гордоста најтешко можеме да се воздржиме бидејќи повеќето луѓе се горди токму на нивната човечност.16 Повторно, токму како што во христијанскиот етос напуштањето на злото е овозможено со отстапување од материјалниот, практичен свет, така во Деридината филозофија прифаќањето на логоцентризмот може да го направи полесно справувањето со секојдневниот, практичен свет, и деконструирањето може да има прагматична цена.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мартин живее на третиот кат во кулата број 53 на улица „Јуриј Гагарин“.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ја пронајдов неа сосема пуста во кулата исполнета со некакви нишани, пајажини и вечности како сува пупка која говори пред очите на ангелот.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)