Тој ја милуваше светлата свила на нејзината кратка коса, обликувана во локни според модата на времето.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Средовечната госпоѓа беше со изразито црна коса, малку приобоена, што и завршуваше во локна во полукруг околу вратот, со исто така црни, големки очи, носот изразито издолжено спуштен над горната уста и малку подзапрчен над полничката горна усна поради што горните заби, бели и сочни ѝ остануваа подоткриени. Беше дискретно нашминкана.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)