Тоа е некоја посебна доба во која грдоста и убавината се искинати и измешани, потоа врзани како алки на синџир, доба кога на човекот, стиснат во лушпа на треска, му е сеедно дали е во окното на сонот или на јавето, или најпосле, лежи помеѓу нив како меѓа на која 'рти од коренот на минатото една сегашност, секако поинаква отколку што тој можел да ја замисли.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Никој не сакал прв да стане предавник и да се склопча во лушпата на сонот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Десетина печени кочани завиткани во лушпи им остави во бовча со нешто ореви и јаболчиња и ги испрати.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Обогатени со видено умирање, гледале во огнот како во извор на животот, во црвено-жолтите кунатки со непрекинато јазење по усвитените гранки. Со мака ги држеле очите отворени.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)