Во септември 1997 советот, претседаван од судијката Л. Додевска, постапувајќи во оваа правна работа, а во отсуство на тужената странка којашто манифестираше огромна процесна недисциплина – донесе позитивна пресуда поради изостанок5 со која го уважи тужбеното барање на тужителката Ангелеска и тужениот работодавач беше задолжен да и плати износ од 76.000 МКД (1.245 ЕУР) на име надомест за испратнина, сосе законска затезна камата; како и 23.309 МКД (380 ЕУР) на име пет неисплатени плати, за периодот од август до декември 1996 – а сето ова во рок од 15 дена по приемот на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Судечкиот судија-поединец (Ѓ. Христовски), во отсуство на тужената страна, а во присуство на заменикот- полномошник на адвокатот7 (Т.Домазетовски), во септември 2009, конечно пресуди во корист на тужителот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Судската постапка траеше безмалку година и пол, од мај 1996 до септември 1997, и за време на парницата се одржа само едно единствено рочиште4 на коешто немаше ниеден претставник т.е. застапник или полномошник од АД „Млекарница“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Второстепениот жалбениот суд, по пет месеци – во мај 2004 – со Решение ја усвојува жалбата на „Киро Ќучук“, и истовремено ја укинува првичната пресуда, а предметот го враќа на повторно судење.5 Но, и по повторената постапка, судот во Велес – во март 2005 – во отсуство на законскиот застапник на „Киро Ќуќук“, кој не дојде и покрај уредната достава на поканата за рочиштето за главна расправа, пак носи позитивна пресуда во корист на Авдиќ, која станува правосилна и извршна во јуни 2005.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По добивањето на првостепената пресуда, работодавецот – незадоволен од истата – во декември 2003, преку својот полномошник- адвокат (П. Трајковски и неговиот заменик Д. Деспотовски) поднесува Жалба до Апелационен суд – Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За времетраењето на целиот судски спор Мушаланов одржуваше контакти со наведеното овластено лице, при што во еден сосема друг спор на истата Агенција против друга компанија – за ненаплатено побарување – тој (Машаланов) беше викнат дури и како сведок во корист на матичната Агенција, за период кога тој беше работно ангажиран.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во поканата за рочиште на кое ќе се сослушува странка – ќе се назначи дека на рочиштето ќе се изведува доказ со сослушување на странките и дека странката што ќе дојде на рочиштето може да биде сослушана во отсуство на другата странка (чл. 253, ст.3 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Застапникот на тужената Агенција т.е. нејзиниот управител единствено беше присутен кога се вршеше вештачењето, во април и јуни 2009, и воопшто не го оспори тужбеното барање ниту по основ, ниту по висина; а, претходно, не ја искористи ниту својата можност да даде одговор на тужбата.5
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Судот, на подготвителното рочиште, ќе ги предупреди странките за последиците од изостанок на главната расправа (чл. 278, ст.2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Каде ви се? – Ги дадовме! – прифати мајка ми, навикната да одговара прва, кога упаѓаа туѓите војски в куќи, во отсуство на татко ми.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Но варијантата за судење во отсуство, сепак доби најголеми приврзаници и беше готова да се прифати.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Не ќе е добро, според овие одговори, во ниедна варијанта да му се суди на Чанга во присуство или во отсуство, жив или мртов, зашто со ова конечно ќе се придонесеше Чанга дефинитивно да стане козји светец, дури и да го надмине славењето на хероите од војната, дури и сегашните главни водачи.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Едно време зачестија предлозите да му се суди на Чанга во отсуство, за предавство на државата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Целиот септември, најубавите денови, и еве сега почетокот на октомври, минуваат во знакот на тоа неспокојство, на тој немир, и во отсуство на било какво седнување зад машината за пишување.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Витгенштајн особено ја нагласува оваа поента: со цел да постои следење на правила, потребно е да може да се повлече дистинкцијата помеѓу случаите кога се следи едно правило и кога некој само мисли дека го следи правилото: во отсуство на една таква дистинкција, пропаѓа и самата можност за следење на правила.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Но дел од случајот на приватниот јазик се состои во тоа што бидејќи не би можело да има независна проверка на нечие употребување на овие внатрешни когнитивни ресурси, човек не би бил во состојба да ја препознае нивната употреба како коректна, и според тоа, за него воопшто не би можело да се каже дека го употребува изразот (го следи правилото).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
На 21 февруари 1951-та Парискиот суд го осудува во отсуство.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Трпе научи да менува и пелени па во отсуство на Ратка беше добар бебиситер.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Членовите на колегиумот кимнаа со главите, но како уредници на редакциите не беа толку категорични, па дури беа и сомничави, и се двоумеа по однос на пројавените способности кај доставениот кандидат. Кадровикот ја разбра работата, па ја предложи преостанатата можност - не сакаше самиот да се наметнува на колегиумот, особено во отсуство на директорот, но не дозволуваше ни да биде игнорирано неговото мислење.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во отсуство на чичко Томе, кој уште во рани зори заминал за варница, да ја ѕида на суво со сур камен и суво грло, за леб и раат на челадијата и душата, мајка му го избаци по сите страни држејќи му го лицето меѓу дланките како велигденско јајце, и долго му мавташе со марамата од главата, небаре го испраќа чедото на далечен пат во непозната земја.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Ване беше барем толку присебен да му остави на Азис банкнота а не металка, промрморувајќи „за телефонот”, и да му ја стисне раката во отсуство на друг другар.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Поради тоа, сликата направена на „трип“ има пред сѐ психолошко значење но помала естетска вредност, бидејќи се работи со погруба уметничка техника и во отсуство на сублимација.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Работничката класа, во отсуство на моќни и класно ориентирани синдикати, работнички партии кои би биле канализатор и градител на класната свест, се повеќе се одрекува од сопствената сила и се води од оваа наводна „неидеолошка“ доктрина за барање на сопствена среќа со индивидуални напори.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
И покрај тоа што некои наши драмски писатели, идеалот на драмскиот текст го наоѓаат во отуството на текстот, сепак, сметам дека постдрамската фаза во театарот кај нас ќе задоцни.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Русинката Ксенија Драгунска,театролог и драмски автор, идеалот на драмскиот текст го бара во отсуството на текстот.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Оттука, во отсуство на штогоде релевантни податоци за основањето и карактерот на населбата во Потковицата, останува да се потпреме на она што сегашниве нејзини жители го кажуваат за себе, занекогашните и единствени господари на Потковицата, до нејзиното завојување на Потковицата тврдат до нив допрело од нивниот тефтер, од тевтерот на господарите на Потковицата - Акиноските.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Уште одамна, уште не-знам-од-кога пред да ја завојуваат Турците, Потковицата ја поседувале Акиноските - пишувало во тевтерот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Друго, карактерите всушност често претставуваат делови од зборови (морфеми), како и цели зборови, така што дури 196 okno.mk и терминот „логографски” делумно е погрешен; но во отсуство на посоодветен термин (каков што би бил „морфографски”), тој и понатаму се употребува.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Во отсуство на секаква вистинска комуникација внатре во Океанија, тоа не беше тешко да се уреди.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тие три збора во еден момент Круме Волнаровски ги продолжи во „така сакаше Шефот“ (или така можеби мене ми се причини), но веројатноста дека јас тоа навистина го слушнав беше голема затоа што често, во отсуство на цврст факт во кажувањето (си го толкувам тоа како професионална деформација) ние го спомнувавме Шефот непосредно слушнат во наложувањето на обврските, иако никој од нас не можеше да биде блиску до него, а уште помалку близок со него.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Глупости, нашиот кревет беше пресметан, строго испланиран, студен механизам што го придвижуваа мотиви далеку од срцето и душата. Во отсуство на клиентка креветот ти го исполнував јас.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Влаинката почесто одеше кај турските жени, кои во отсуство на мажите ги плетеа рогозките на тремот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
А сега, еве, потпиши, ти, најстариот, на ова место, во отсуство на родителите, и пакетот е ваш.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ова оди заедно со едно проширување на фонографијата и со сите средства за зачувување на говорниот јазик, кои овозможуваат тој да функционира и во отсуство на субјектот кој говори.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Спореди ги, на пример, поимите на “секундарна елаборација” или на “симболизам од втора интенција”, во E. Ortigues, Le discours et le symbole, pp.62 и 171.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Но од онаа страна на теориската математика, развојот на практиките на информација мошне ги проширува можностите на „пораката“, сѐ до точката до која таа не е повеќе „пишан“ превод на еден говор, пренос на едно означено кое би можело да остане говорно во својот интегритет.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Содржината и стилот на овие извештаи многу се разликуваат и се чини многу јасно дека дипломатските претставници кои ги пишувале извештаите (или вршителот на должноста, во отсуство на дипломатските претставници) работеле по сопствено убедување за она што е важно.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Уставниот суд на Грција ме осуди во отсуство и ми го забрани враќањето назад.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)