Никој не го прашува белиот какаду во Ботаничката градина во Сиднеј дали по последниот бел крик ќе се престори во перница од пердуви.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Се свртуваше и со насолзени очи ја зариваше главата во перницата.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Сега, лежејќи на стомак со својот истрошен партнер испружен врз неа, жената пулу-зар’жа, полу-воздивна во перница, „He done her right”.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Овде следи лутење на самиот себе и четиристотини удари со тупаница во перница затоа што отсекогаш сум мразел кога некој истакнува нешто што го поседува(или мисли дека го поседува).
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
- Мамо, мамо! - ѝ викнавме. Таа остана така со лицето во перницата и ми се причини дека не дише.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Ќе ја пикнам главата в перница и ќе се соберам како гол полжав.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Липањето стивнуваше, сѐ потивки беа брзите испрекинати вдишувања и бавното одолговлечено издишување; јас останав со главата во перницата, брат ми остана покрај мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Легнав помешечки. Лицето го нурнав во перницата: чиста, бела, мириса на „факс“.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Така и сторив: се измив, се преоблеков, а валканите панталони и маицата ги скрив во купатилото, мама да не се исплаши, кога ќе дојде дома.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Попосле ќе ѝ раскажам што ми се случило.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Ноќта изминува, а Капинка се бапка, се тепа, ја удира главата на перница. Ја дроби сламата во перницата, излегуваат осилки и прашина околу главата нејзина.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)