Дури сега забележувам дека дервишите кружат околу едно стилско канабе, на кое, во поза на Мме Рекамие, е оптегната нашминканата гимназијалка.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Се работи за самотно настрано задоволство – за она што Д. А. Милер го нарече „хомосексуалноста на едниот“.246
Нил Бартлет, пишувајќи за Оскар Вајлд, вели: „Кога и да го замислам во поза, не е ниту гол ниту пред празен ѕид.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Хомосексуалноста тука е прашање на дрочење сам во луксузна хотелска соба, по свилена долна облека и во елегантно руво, кај што си го росиш телото со виолетова водичка, си пушиш цигари, си пиеш шампањско, окружен со свежо цвеќе, уживаш во чувството на моќ и си „токму онаков дечко каков што од секогаш си сакал да бидеш“ (130).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Како негова спротивност, раководителот на градбата беше небаре излезен од гардероба: со качкет од јагнешка кожа, со јакна од телешка кожа и четири џеба, со фицерски брич - панталони вовлечени во теренски чизми од свинска кожа - тој ќе се исправеше на единствената скала од штабната барака, на дискретна височинка од долен ракурс, во поза на командант што ја прима смотрата на построените бригади, но поглед вперен над нивните глави, во визијата на езерото или барем на асфалтираниот пат што ќе поминува по грбникот на браната и ќе го опашува езерото, по чии брегови место потопени села ќе се редат современите летувалишта на работниот народ, а првенствено на неговите претставници.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)