Така знаеја дека нивната најголема храброст лежеше во добрата и однапред испланирана акција, а нивната најголема слабост во потребата за апсолутна контрола над текот на истата.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Дали Симона навистина го поттикнуваат алтруистички мотиви или е тоа исклучиво користољубието и дали е тоа предизвикано од егоистичната потреба за признание или за стекнување на политички поени, или е тоа желба за моќ, страв од смртта којшто се огледа во потребата зад себе да остави нешто материјално, бунар или водовод, наместо споменик?
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Развлеченото искуство на еротската немаштија што нужно и болно го доживуваат сите геј-мажи што растат во стрејт-општество го претвора обичното остварување на обичната хомосексуална желба во некаква недостижна фантазија – каква што честопати останува дури и кога, понатаму во животот, паланчанчето ќе се пресели во некое геј-градиште каде што сексуалното остварување на неговите претходни еротски сонувалства на крајот излегува детска играчка.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кога геј-луѓето ќе се лишат од заедничкиот, комунален живот, од сопствен општествен свет, главната мисла на геј-политиката веќе не е отпорот против хетеросексуалното угнетување, туку тоа станува асимилацијата, односно приспособувањето кон главнотековното, поривот за општествена прифатеност и интеграција во општеството во целина.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто задоцнетиот пристап до сексуалните предмети, без разлика колку се многубројни и гламурозни, тешко можат да го премостат долготрајниот јаз помеѓу мечтата и стварноста во потребата за еротско задоволство. (А тоа е причината поради која недобројните можности за сексуално задоволство и љубов што ни ги нуди геј-ослободувањето не довеле до изумирање на порнографската индустрија, туку до нејзина хипертрофична експанзија.) Штом самата можност да го „добиеш она што го сакаш“ ќе се препушти на доменот на мечтата, еротската исполнетост неминовно добива хиперболични размери, излегува од кругот на остварливото и станува нераскинливо сврзана со невозможниот занес.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Целата работа е во потребата да се вклопиш, да му се приспособиш на местото во кое веќе живееш и работиш.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Одново се поставуваат така што во средиштето ќе им бидат општествената признаеност, дефиницијата на државјанството, значењето на патриотизмот, практиката на вероисповедањето, идејата за семејството.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А какви се грижите на геј-луѓето што ќе се најдат во такви места?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Пристапот до главнотековните општествени облици: воената служба, припадноста во црква и бракот.
Ова многу ги објаснува карактерот и преокупациите на современата геј-политика.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Всушност помислував дека станува збор за повик повторно да се втурнеме со сето месо и со сета крв во потребата на нашата глад и жед.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Дали во тие моменти си го замислував и она, животинското во нас, што нè повикуваше на дружење со неразумноста?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)