Гога работеше во поштата и инаку беше вонреден студент по право, еден од оние млади луѓе што, запазувајќи си го својот јазик и однесување сепак можат да воспостават необично брзо и лесно контакт со луѓето од старото поколение, и тоа по еден шеговит начин, од кој не можеш да се лутиш.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Воопшто, и нека тоа биде крај на овој двоглав текст, демократичноста истовремено е предност и недостаток на мејл-артот бидејќи, ако го прифатиме советот на Лиотар, „треба да им се спротивставиме на консензусот на вкусовите и на утехата на добрите облици”, не претворајќи ја уметноста во пошта, кога веќе дефинитивно пропадна обидот да се претвори во црква. okno.mk | Margina #15-16 [1995] 13 ]
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
За него, се разбира, не беше неинтересно ни ова што Мише го додаде за да задоволи некоја своја потреба: „Бргу потоа, за следната учебна година, татка ми, кој беше поштенски службеник, го преместија во поштата во Гевгелија па јас таму продолжив со учењето и во Струмица не се вратив се до растурот на Југославија.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Хм, си пристори авторот сам за себе и, веднаш откако се разделија, отрча во поштата да го купи новото издание на телефонскиот именик. А можеше и да се сети.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тргнал со цел да предаде “телеграма“, а всушност во поштата да фрли бомба.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Илија влегол во поштата оставил запалена бомба пред шалтерот и избегал.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Три службени лица загинале до Банката, еден во поштата.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тој знаел дека сите јавни установи биле будно чувани од власта и дека не ќе може да влезе во поштата.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Мечев и Шатев тргнале во поштата, меѓутоа, Мечето, кој бил прочуен меѓу своите другари со своето домаќинско однесување и штедење, кој десетпати броел а еднаш давал, сметајќи дека во случајов сепак би можел да згреши со тоа што парите ќе му ги позајми на Сарафов, два три пати влегувал и излегувал во поштата под разни изговори, но главно за “да размисли“.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Ја замоли Марија да одат во пошта, за да зборува со татко му и со Марша.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Пелагија се одзатна по недела две, веќе пролет и наместо во тутунскиот комбинат, таа работеше на довршување на зградата во која и живееше, со една друга кутра женичка во тезгере влечеа малтер до најгорниот кат, тогаш со едно пусулче беше викната да се јави во поштата и таму ѝ го вратија пакетот наменет за Димостена.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Чичето беше на мака само тие денови на почетокот од месецот кога во долари му доаѓаше пензијата во поштата во Охрид, ама мајката и ќерката направија како направија, и таа работа тие му ја вршеа на задоволство и на поштарите во Охрид.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Има луѓе кое своето Јас потполно го заменуваат со некое друго Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Настаните од стварноста и од нивната фантазмагорија се судираат и се кршат едни со други, а тие се обидуваат да ја докажат својата не-стварност: еден работник во поштата е уверен дека ќерка му не патува да се сретне со вереникот во соседниот град, туку засекогаш заминува на некој далечен остров; една кројачка го фрла тукушто прочитаното писмо на сестра си, во кое таа ѝ кажува дека сака да ја види, а оваа жена е уверена дека сестра ѝ ѝ соопштува дека татко им, кој умрел многу години пред тоа, наскоро ќе ја посети; еден студент, додека гледа во книгата пред себе, во мислите ги превртува животните стории на своите колеги и професорите – настани кои тие никогаш не би ни помислиле дека некогаш би можеле да им се случат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Прво, да знаеш дека телефонот не се добива, туку треба да се плати в пошта.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Во малите пошти животот бил угоден, му пишувала Аксја.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Веројатно некое училиште за чиновници во пошта.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Нели и самата заклучила, и тоа дури во Поштата, (додека ми телефонираше) дека и покрај сите подготовки излегла од дома несоответно дотерана.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Во Жван му го дале, во поштата, вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Вистинското име му беше: Методија Лечоски, но направи кратенка - Мил, земајќи ги почетните букви од името и презимето и името на татко му кој се викаше Илко за полесно да се потпишува и да не се создава забуна во поштата, бидејќи во селото имаше уште еден човек со такво име и презиме: Методија Лечоски, дрварот, кој, зачудо многу личеше на него.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)