во (предл.) - предел (имн.)

На оваа убавица со години сум мислел, сум се мачел да ѝ пријдам, поради мислата на неа толку пати не сум можел да легнам со жена ми и одеднаш, сега кога таа ми се предаде, кога имав чувство дека пречекорувам во пределите на рајот и чистата среќа, дури и помислував како ќе се разведам за да се земам со оваа жена, јас одеднаш почуствував несовладлива желба за сексуален однос со мојата жена која, еве, на очиглед ме изневерува со радијаторот, како што тоа буквално може да се каже.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Јас сум овде во пределот на црвената боја на животот, далеку, недопирливо далеку од онаа студена и сива гасовита состојба во која се наоѓа човештвото.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Соколе чувствува како се припива таа до него, па ја спушта својата глава на неговото рамо и гледа сѐ така во пределот, сега не се смешка а е замислена.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Афирмирањето на молкот во период кога сѐ (и каменот, и птиците, и татковината, и огништето, и мајката, и стракчињата трева...) се подготвува токму за него, новите песни на Анте Поповски забрзано ги населува таму кај што досега не биле: во пределот на стравот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Кога би зборувал со обезимени зборови, со обеззначени, како на пример: се разминуваш со светци во предел каде во исто време и на исто место светат многу сонца и многу месечини.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Во пределот меѓу два збора, во преминот од едниот до другиот е крајот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Си избра трогателна постела и си легна со зборот и сега никој не знае дали молчи или - сонува. Не е тој тука, замина. ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сега веќе нејзиното лубениче на кората имаше линии, со боја на жад и смарагдни шари, и линии како мали вени, во пределот меѓу пругите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ми се чини дека точно приодот од видливо кон невидливо ја покажува, меѓу другото, и сега апсурдност на психеделичката уметност која докажува дека преку стимулантното дејство на психоделичкиот фактор личноста може да ги продлабочи своите доживувања на надворешниот свет и дека свеста спрема себе си ја проширува на тој начин што доаѓа до активирање на непристапните региони на психата кои во нормални услови остануваат скриени во пределот на несвесното.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Млекарки со полни ведра кога се враќаат од молзење и разбој и на него мајка ти врз бесконечната ливада на веленцето што го ткае спроти Велигден да гледаш постапно како никнуваат на милиони цвеќиња, тревки, плодови и незаборавна, точно во тие години, во пределот на првиот допир, да почне една војна, постапно да го изумуваш својот татко, тој да исчезнува низ времето, да потече и крв од твојата нога за да сфатиш дека твоето детство стои допрено како божјак до војна и молчи...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Сега некој црвен виор ме буди во сонот и во пределот како во света земја гледам: не догорува огнот и не гаснат ѕвездите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
За жал малку знам за него. Само понекој побирок.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во пределот на живеачката во која наеднаш се најде.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Потоа почувствував страотна болка во тилот, во пределот кај што ми беше малиот мозок, и се изгубив.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Од дотука реченото се гледа: прво, оти ако по нашите сегашни етнографски сфаќања на Балканскиот Полуостров, особено на централниот и југоисточниот негов дел, т.е. во денешна Србија, Бугарија, Тракија и Македонија имало и има само две словенски етнографски единици – српски и бугарски народ, тогаш тоа уште не значи дека нема, немало и не може да има друга словенска единица, а напротив, дека нејзиното постоење е во пределите на возможното и на реалноста; второ, дека во Македонија нема две јужнословенски народности – српска и бугарска, а напротив дека во неа има само една народност со свои особини, коишто или претставуваат нешто оригинално што се нема ни кај Србите ни кај Бугарите, како што е, да речеме, со многу особини на македонските наречја, или нешто што се има и кај Бугарите и кај Србите или коешто се има само кај Македонците по краиштата на нивната татковина и кај Србите, или пак по нив и кај Бугарите, и дека од тие особини на Македонците, како дел од словенската група народи, најмногубројни, најраспространети, заеднички за сите Македонци, значи и најважни се тие особини со кои Македонците се одличуваат од другите словенски народи: по нив Македонците фактички составуваат одделна и самобитна словенска народност, иако за неа денеска не се зборува во науката и во секојдневниот разговор; трето, дека причината за тоа игнорирање и затемнување на постоењето на македонската народност се крие во постоењето на името „Бугари” во Македонија во етнографско значење и во експлоатирањето со него од страна на Бугарите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И пак гинеше во пределите на своето измачување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тоа е можеби гласот на неговиот двојник и го води во предели каде што нема ни почеток ни крај.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во пределот река сува и зад неа шума глува Во шумата, под даб свиен, на стар душек костур спиел.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И чиниш од црн дроб никнал со бес викнал: „Ненужно од сон ме крена...
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Заминував во правец во кој не постои.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Птиците заминале во предел од каде што не се враќа времето!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со два зембила храна и голем билнак вода, појдовме во куќата на баба ви, подалеку од Езерото, во пределот на градот под грчките војници.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка беше ретката во семејството, во пределите на нашите преселби, која умееше без збор, без лелек, без знаци на умора, да си го допира дното на страдањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Трмката на твојата мисла се рои во пределот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
ОБЛАК Се ведне тој над погледот и окото на светот облак голем како чудовиште сал сонот на земјата што го памети што секој час може да се истури во пределот на срцето.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Мирно е сега сѐ во пределот на моето око што почнува да лази по изгниените треви место да се јази по препетните лисја.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
6. Од праискони некое темно ѕвоно Ја опустоши нашата срж И во предел на дивна усама нѐ всели.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Токму така направи шинтерот Ф во ноќта дотогаш непозната за него; во ноќта кога со чудна помиреност го прифати прогонството во пределот каде кучињата се плашат од луѓето-скитници; во ноќта кога сфати дека дење гулабите се сиви колку и небото, па не се гледаат, исто како да не постојат.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)