Идејата за обединување на Американците од словенско потекло била поздравена од прогресивното македонско иселеништво и сите тие, во годините на војната и потоа, земале активно учество во анимирањето на Македонците за заедничко обединување со другите словенски групи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Учебниците по историја ни објаснуваа дека поради извесни проблеми во раководството на нашиот Покраински комитет сме доцнеле и последни во бивша Југославија.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Поради некаков состанок во гимназијата за избор на раководство на четвртиот средношколски младински актив ( ме избраа и мене во раководството) и поради некаква проба не сум имал многу време за со него, ама сепак е запишано И тогаш кога јадев Ичо раскажа како го презеле Воден.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
А само што ме примија во раководството на Сегрчкиот сојуз на жените.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
По новонастанатата ситуација која дојде неочекувано и со малициозна тенденција да му се напакости по секоја цена, Авдиќ се почувствува изманипулирано и оштетено и, за подготовка на тужба за иницирање судски спор, директно се обраќа кај адвокат од Скопје (А. Ребула) – затоа што немаше доверба во раководството на својот матичен синдикат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Изборот на Георги Пирински во раководството на Словенскиот комитет пред сè претставувало признание за неговата работа меѓу македонското иселеништво и неговиот придонес за неговото обединување во Македонскиот народен сојуз.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Но, по ова, во септември 1999 Авдиќ добива отказ без отказен рок против кој благовремено поднесува писмен приговор до УО на претпријатието4 – и којшто, во ноември 1999, му е одбиен како неоснован, без тој воопшто да биде известен и повикан на седницата на УО за да ја изложи својата одбрана!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)