Брзо се свртеа назад, ги вкопаа погледите во сувиот ѕид налик на несмасен оџак, со по една камара од секоја страна и со главите собрани во рамениците брзо почнаа да се крстат.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Собрана во рамениците, свиткана и посинета, Зоја стои на брегот од вирот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Со завлечени глави в раменици и стиснати раце до колковите крај нас минуваа згрбавени луѓе.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ја собра главата во рамениците. Металната покривка на болничката кола се оддалечи од него, стана безопасна за јаката черупка.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ја наведнувам надолу главата и ја стуткав во рамениците за да се подзатскријам.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Неговите сиви алишта не изгледаа веќе нови, беа стуткани и искапани, со искинати копчиња и распарани во рамениците.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ми се стори дека некој демне од него и јас, збирајќи ја главата во раменици, побрзав дома.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)