Театарот наш, таков каков што си го имаме, ниту педа не е подалеку од методите со кои се служат во реализација на своите зацртани задачи оние кои немаат личност и умеење.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Голема тема на уметноста е: “она апсолутното во реализацијата на својата игра на создавање свет”.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Затоа длабочината, според него, се појавува не само онаква каква што е во себеси, туку и онаква каква што е во создавањето на светот.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Иронијата е во тоа што, во сегашноста може ништо да не забележиме, доколку сме замаени во реализација на своите себични интереси, или зафатени со секојдневните потреби на нашето физичко тело, не регистријајки ни најмал дел од случувањата.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Меѓутоа и улавиот цар - не се осмели да оди до крај во реализацијата на својата замисла, како што тоа го стори Сталин.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Стружани масновно се вклучија во реализацијата на програмата „Денови на екологијата - денови на пролетта“, со што официјално започна и Месецот на туризмот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Тој секогаш, во реализацијата на своите цели, сметаше на Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Затоа треба пред да тргнеме во реализација на идејата да го прегледаме нашето ѕвездено небо и да видиме дали на оние кои тргнале да се прослават можеме да им ја предочиме кинеската поговорка: „Човекот кој што тргнал да се прослави е во толкава опасност е колку и свињата што тргнала да се здебелува“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)