во (предл.) - сино (имн.)

Се сеќавам дека исто така гледав во синото небо додека фотографот се обидуваше да го убеди да ја облече лудачката кошула што му ја беше донел.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Лани отидов во Лос Ангелес да го интервјуирам Тимоти Лири за националниот весник.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во недоглед се протегнала рамна планинска рудина, опкружена со дебели зелени борови, која се чини како од некоја волшебна приказна.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Високо дури во синото небо, издигнала глава легендарната Пирин Планина. По нејзините падини растат зелени борови.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тргнавме натаму кон камбанаријата. Јас веднаш се искачив дури горе кај ѕвоното, а Јован остана долу, ја побара кутијата цигари во сините работнички пантолони и, откога ја најде, си извади цигара, зачуден од моето љубопитство.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Луј Армнстронг, Ела Фидџералд, Нет Кинг Кол, Гершвин, Рапсодија во сино, Порги и Бес... беа многу често присутни во нашиот дом.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Потоа настапи Александар (неговиот помал брат од Берлин) со лонг плејките со музика што беше тренд во седумдесеттите и нашиот татко почна полека, додуша малку тврдоглаво да ги прифаќа промените...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Чашките, небото, птиците и шетачите, гласовите што ги слушам, крстот на свештеникот спроти мене, песната што се слуша од далеку - сѐ е престорено во сино.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Еден кров бутка друг, шилесто е, повредува, крвари долж светилките, долж улиците во сино, во црвено, во жолто...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
И, на крајот, тука беше благата енергичност, постојаната ведра насмевка, во синото зрачење на неговите очи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Беше прекрасен пролетен ден. Во синото небо едреа мали бели облачиња и се добиваше впечаток дека тоа се балони што го потпираат и го креваат небото високо, високо.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Таму сѐ треба да легне во својата длапка Па сепак песната е глечер и сѐ е закопано во гатанки и пустош Во збунети неосенчени зборови Морето ни дише во лицата сѐ сака да допре со своето спокојство А медузата затворена во синото стакло на водата како да ја испитува горчината на нашата изненаденост додека слегнува на долното небо.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
За делче од миг низ неговото сеќавање поминал настан од неговото најрано детство: неугледна старица од некое планинско село дошла на еден Велигден во полна црква и со голем крст во рацете го надвикала свечено облечениот поп барајќи од набожниците да појдат по неа во доброволна смрт.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Животот на земјата е понижување, душите бараат слобода во сините височини на ѕвездите; ќе појдат по неа, ќе ги проколнуваат и ќе ги плукаат туѓинците а тие ќе ги сечат со јатагани и ќе ги ослободуваат од печал и патила; сите што ќе останат ќе се растураат по селата и ќе собираат нови литии за предизвикување на смртта - оние што не ќе изгинат од оган и од железо, ќе се фрлаат во длабоки речни вирови, ќе се запалуваат по плевни, ќе се бесат во гроздови на свои јамки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И почна да плива како рипка витка, во синото море го престигна Боре.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
А чувството за тоа дека рацете им се исти, тоа чувство за близината, се враќаше кај него со секој нов дојден човек, со секој нов чивт набракнати раце, сѐ додека тоа чувство во него не израсна во некакво чудно чувствување како да си е дома, со тие луѓе во сините валкани комбинезони.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Две зелени оази впловија во синото море.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Може! - со восхит му одврати Рада, огледувајќи го својот лик во сините очи на својот љубен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нејзините розови колена се припиени во сините панталони на морнарот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Со здравје.“ рече газда Таки и повторно зема нов лист, а перодршката ја брцна во синото мастило веќе не дигајќи го погледот пред себе.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Махмуд Дарвиш, загледан во езерската синевина, во другата земја зад блиската граница, која не се гледаше во синото езеро, тивко рече: - И покрај мојата пасија никогаш не сум помислувал да напишам роман.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Владетелите кои сакаат да владеат и дури во трансцендентни услови...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јас се симнав долу до водата и гледајќи во синото, ја осетив онаа стара и позната потреба да запливам, да одам кон ширта колку што се може подалеку.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Стадото пасело, а овчарчето легнало наплеќи се загледало во синото небо над него.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Кога запреа на самиот истек на реката од Езерото, во просторот каде што се мешаа бавните и брзите води, каде што се забрзуваше минливоста, на Исток небото веќе беше заруменето и окото на сонцето се одразуваше во сините води.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ти велев: не гледај во сините води на Езерото, ќе те занесат, однесат...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Таа светла жива линија, во синото Езеро, небаре беше сенката на Халеевата комета, која се појавуваше по единствен пат во животот на Татко и неговото семејство.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Знаеше тој добро што донесуваше и најмалото облаче во синото небо.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И на сон и на јаве, јас бев загледан во сините езерски длабини.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Горе, дури во синото небо, се црнееше врвот на планината Караорман.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Далеку погоре, дури во синото небо, како џин се издига висок планински врв.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Чучулигата, во синото небо одвај се гледаше и личеше на мала црна точка.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Гледавме во синото небо и заедно со облачињата се пробивавме низ светлината и лутавме по бескрајниот лазур...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Румено. Румено. Румено Како занесена песна во синото море на горите тоне залезот...
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Зрнце по зрнце со прстенцата го дробеше стиропорот во сините чиничиња.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Видов дека мостот не е мазен каков што беше кога го обоија претходниот ден двајцата чичковци во сино, туку наместа беше рапав, како нечии раце да се лепеле по него.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ги фрлав накај клацкалките и слушав како камчето прави "тинг" кога ќе се удри од железото.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ги полнеше колку што може повеќе, за да стават по две-три ќофтиња од кал озгора.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Димензиите на остварената погрешна идеја, на мамутската глупост, беа морничаво врежани во пејзажот, како една од можните варијанти на апсурдот откриен во сините медитерански простори од Албер Ками во неговата филозофија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)