во (предл.) - скут (имн.)

Седна како што седнуваше секогаш на работ, со прибрани колена и со рацете пуштени во скутот, а потоа, кога почнуваше да зборува, лицето му стануваше повозбудено, малку запалено, и десната рака ја ставаше горе на масата. Јас бев воздржан.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Скулптурата ја претставува Дева Марија со Христа в скут.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но, ете, Французинката го носи кучето в скут, не сака да се оддели од него, зашто тоа преставува дел од нејзиниот живот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Барем еднаш во животот курбан во темел да ставиш мајстор на чатија да ти пее еднаш детуле да си родиш и уште в скут да ти се смее а натаму душа да ти вади.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Грдан ја зеде кутијата со маслинки и појде кон кујната во нишата, а Горда му грабна една со два прста и ја лапна како цреша, па си ја прибра чашката в скут, се истегна на столот и си ги крена нозете на масичето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Додека стариот, седејќи на столот како да не се мрднал откако се вратил, со рацете в скут, а не на маса, да не му се гледаат како се тресат, гледаше во него со очите без сјај, но сепак со една искра од можна мисла; „Ме држеа мене, сега сакаат и тебе”.  На Ване му беше доволна и таа искра за да му ја сфати смислата на погледот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Мајка му веќе седеше на празната маса, со сплетените прсти во скутот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Да седиш надвор пред шаторот, на платнено столче како на глуждест триножник, да го држиш в скут врелиот филџан со кафето мирисно што чади, да ги гледаш пред себе на плажата првите капачи како срамежливо се соблекуваат и зиморливо влегуваат во водата, додека на синото небо некое бело облаче полека се топи во сончевината како грутче кравјо масло во тава на оган, додека зад тебе по патот збивтаат шлеперите со ладилници кон границата и од границата, а по врвовите на дрвјата пролетуваат гаврани во засипнато грачење - тоа ти е како да си влегол во разгледница.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Додека се сместуваа меѓу торбите и го палеа старото количе, Богевци забележаа како Фотевци се нагодуваат пред да влезат во автомобилот: Маре беше за тоа подарокот да го стават во багажникот, а Фоте на седиштата; најпосле, разбирливо наваса генералот, па Маре неубедена мораше со подарокот в скут да влезе во колата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Уморни дотаму што главите им паѓаа на градите и рацете им беа како мртви во скутовите, седеа околу огнот што го беше наложил возачот и толку беа гладни што на никој не му се стануваше да донесе барем леб и некоја конзерва да стопли.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Дали и таму помислите се престоруваат цртежи Препознатливи како и пораките На немата молитва на жената што коленичи Уверена дека светлината од иконата Ќе падне во скутот на нејзината осаменост?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ако таа седеше на својот стол, тој потскокнувајќи ќе дојдеше долу по патеката со својата опашка што беше како некој пердув, за да седне пред неа или да ѝ скокне во скут.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И кога ќе се вратеше, не скокнуваше веднаш во скутот на Милан, туку стоеше и чекаше тој да го крене, за кое нешто беше сигурен.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Знаеш ли“, рече обраќајќи му се на колегата, „дека досега никој од нас не го ни допрел, а не, пак, некому да му скокне во скутот...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Таа вечер, кога се опив, ѝ раскажав на Ина сѐ за Луција; таа ми ја зеде главата во скутот и потем долго ме тешеше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Главата му беше олабавена, висната во скутот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мајка ми ја одврза салфетата со сирење и краешник и ми ја смести во скутот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За твоето млеко се покажа достојно чедо, венчан од славата трајна, и никако не го посрамоти родот ти, Недо, в скут на победата сјајна .. .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
На јуриш! Судбината ни е во скутот на бога скриена, иста и сретна!"
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
-Спушти ме мене, нахрани го гладниот јастреб! – инсистираше старецот, закотвен во скутот на Еразмо. -Како да го нахранам?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Како да се изживува со нејзината помамена немоќ, тој ќе ја седнеше в скут, и шушкајќи ѝ во увото, се истураше во неа, безобѕирно туѓ.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И така одам јас дома и си мислам како ќе ме прегрнат татко, сестрите и братот, како радосно ќе се гушнеме, како татко ќе ме седне на колено, ќе ми погали глава, ќе ме стопли во својата прегратка, а сестрите ќе ми донесат топла манџа и многу леб, како братот ќе ги собуе своите топли волнени чорапи и ќе ми ги обуе, како сите ќе седнеме покрај распаленото огниште... а потоа како наситен и стоплен ќе заспијам во скутот на татко и утрото ќе се разбудам под топлото веленце, ќе се напијам топло овчо млеко...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во една и иста кафеана секој ден се сретнувам со другарите и до пладне се потсетуваме на нашите млади времиња, умуваме за тоа кој каква глупост вчера истреска на телевизија, па дома на ручек и потоа дремка со весникот во скутот и до доцна во ноќта се караш со оние од екранот на кои им се чини дека светот почнува од нив. Лигавење до немај каде.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ѝ раскажа приказна на Ели, држејќи ја во скутот, ме пофали мене за двете петки на писмените работи од македонски и математика, направи некаков пудинг за по вечера.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ели брзо се намести во скутот. Таа беше многу питома. Скоро со секого брзо се спријателуваше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
На почетокот од мојот живот беше љубовта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го гледав како заспива и посакував да легнам покрај него, а останував да седам во аголот на собата, со книга во скутот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И мојата глава се веднеше, мојата глава паѓаше на моите гради; едната рака, стегната во тупаница, како да се спремаше да се брани од болката, а сепак не издржуваше, паѓаше во мојот скут, другата рака ми се олабавуваше, затоа што знаев дека нема да се спасам од тонењето ако се фатам за сламка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Другата рака, положена во скутот, олабавена, едвај го држи шестарот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш ме земаше в скут, и додека седевме крај прозорецот зад кој врнеше снег, таа ми раскажуваше бајки во кои доброто секогаш го победуваше злото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Му имав речено дека читам додека тој спие, а всушност минував часови загледана во неговиот лик.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но бугарската благодарност е само еден ден до пладне, а после Бугарите ќе речат оти тоа го направи Русија со свои планови да го завладее Балканскиот Полуостров, спасувањето на кој ќе се наоѓа во Англија, и затоа Бугарите, наместо да се во сојуз со “великата освободителка”, ќе се фрлат во скутовите или на Англија или на другите непријатели на Русија и на словенството.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Среде Истанбул, седнати на седиштата број 45 и 46, стануваш свесен дека рамото ти го допира еден од Кавадарци, или барем 50 проценти со потекло од тиквешкиот крај, и додека го спушташ седиштето сфаќаш дека ако претераш со спуштањето ќе му легнеш во скут на уште еден од истиот град.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Можеби некому во скут ќе му слета, можеби ќе го прочита.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во очите ѝ се читаше и желбата и гладот и сакаше да каже ама не сакаше да ја растажи мајка си, па се нишаше во скутот нејзин и пееше.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не сте вие подобри од нив, им викна Крсте. Од кои не сме подобри, праша Куцаров.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И дури откако сите другите седнуваат тој го наместува сотлчето до Костадина Дамчески и, некое време, како да се двеуми дали да седне а потоа, кога седнува, свртен со лицето спрема Лазора Перуноски и испулен во него в скут ја држи тутурката и молчи.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Седна на каменот, ја симна пушката од рамена, ја стави в скут и се загледа во полицајците, кои, иако се правеа осилени, стоеја настрана од народот, тројцата на купче собрани, и уплашено се ѕвереа на сите страни.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Поседила што поседила така, па пак си ја прибрала косата, си ја заврзала шамијата, па станала и со пушката на рамена, водејќи го за раче малечкото, се завкачувала пругоре по патчето што води за на накај гробишта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пред тоа ја видел само како ја поднаместува пушката во скутот, како посигнува во пазувата и како потоа ја запетлува кошулата на градите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потоа го испраќала малечкото во гробчето а таа си се враќала во својот гроб.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А откако, по пиењето вода, ќе се врателе на гробиштата, Трајана седнувала на плочата на својот гроб, до себе го седнувала малечкото и со пушката в скут долго, долго гледала кон населбата и кон полето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Чувајќи ја пушката в скут, ја симнала шамијата, ја распуштила косата, руса, бујна и природна, како и наживот, и ја собрала кукул на тилот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кловнот го спушта палтото во скут и ја крева главата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Си го стоплила, во скутот, вели Доксим Тренчески и го ѕирка јајцето спроти сонце.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ги отворам очите и гледам - Уља ми ја зела главата во скутот и плаче над мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така: згоре-удолу, Џемо полјакот го враќа дома. Ја спружува пушката во скутот и бара зелник со кисело млеко, бара што има и што нема. Сѐ што му сака газот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ти бацува рака, што се вели, и со предните нозе ти се качува во скутот. 131
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас си ја скрив главата во скутот и ми дојде да ѝ завидам дека нејзе не ѝ се врати Мирче, стопанот нејзин.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми се стори дека тој брз здив на некого што не е веќе меѓу нас дојде за да ги отстрани сите сомневања и прашања дали е тоа она: валчестолика и млада со положени раце в скут, на градите, помеѓу два брега на женскост, сребрен крст и цвеќе, најверојатно китка лилави бел алисум; рамениците се паднати, од едното се цеди сончева светлост за да истакне во заднината некакво зимзелено дрво но толку малецко за да може да биде она џуџе на Едвард Жорес.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
По некое време кучето скока од скутот на жената и стрчнува кај Богдана како да го познава и му скока во скутот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Седи Богдан на клупата под борот: во албумот отворен во скутот ја гледа сликата од синот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Јас ќе ѝ се фрлев во скутот, ќе ја бакнував и ми се чинеше дека таа жена многу ме сака.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ѝ ги собуја со сила цокулите од нозете со кои се обидуваше да ги рита и ја турнаа право во скутот на Винстон, чии бутни коски одвај го издржаа товарот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Сега ја имам в скут,“ шепотеше искуството на Шефот кој таа ноќ задоволно ги триеше рацете, опуштен во масивната кожена фотелја.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ниротакис повеќе се интересираше за врската со Бенедито Лучијани од другата страна на морето, во Италија, во Бари, на што Авни му врати со смирен тон: „Не се оптоварувај со непотребности,” лакомо полнејќи си ги дланките со газот на Дора, триесетгодишна жена од Плевен, која со крената сукња му седеше во скутот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
6. ЗА ОДОТ НЕЈЗИН СЕКОЈ АШИК СЕ ЧИНИ - небаре чекорот ѝ ѕвони и на внимание вика, но тука своето го чини и здолништето мини погледи, ко парички в џеб, во скутот што пика...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Лежиме во скутот на Дух кој е посилен од нас.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Бабо мила, и ти си ја видела ѕвездата? - офна и сета омалена се згуши во скутот на баба.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Домаќинот, во скутот што ми е - али чедото сосечено на Беласица ?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Риса му ја смести главата во скутот, а Тронда неговите нозе со сета кал налепена по пантолоните и чевлите во својот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тука се бабините! открива нешто убаво во срцето забележувајќи како се стиснати околу неа, ама така, при свртувањето, додека низ нејзината глава се разбиструва сликата од мигновеновиденото: Добра со малечката таму во ќошот, со главата во скутот на мажот, а тој седнат со грбот на штиците и со отворена уста, Чана со мајка ѝ крај неа Види лебати, Чана си има ќерка! и никако да се сети кои се другите расфрлани низ бовчалаците и пљачките, и одеднаш она убаво во нејзиното срце станува болка.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Едниот од нив ја зграбил Рада го видов добро со мојот двоглед во скутот ја стегнал и нешто и блада а таа му фрла курвински поглед
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Внука во скутот на дедото, помислив. Внуката си игра со своите прсти и со подбрадокот на дедото!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Притоа двете луди женски глави не престануваа да се кикотат над мојата наивност и да ме исмејуваат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Значи во скутот на тој Непознат седеше Катерина а неговиот глас дури и овде во темнината како да ми приоѓаше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Јана беше прилегната на другиот крај од софата и немаше да ја забележам ако не ми паднеше в очи нејзиното арогантно однесување; госпоѓата воопшто не ме забележуваше ниту пак беше изненадена од моето присуство.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На пример, ми падна в очи дека Катерина не седеше во скутот на Мирко Бунде; беше расположена на софата; но навистина го беше навлекла на колковите спомнатото крпче од здолниште кое во најдобар случај можеше да прекрие само четириесетина сантиметри од оној предел помеѓу нејзините колена и делот на слабините од каде скапоценоста, нејзиното папоче, што не смееше толку лесно и неодговорно да се раздава на туѓите погледи, срамежливо наѕирнуваше како роза или како око.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И додека следев некои познати гласови од службената просторија на Грофот наеднаш сфатив дека во соседната соба всушност се беше разбашкарил Мирко Бунде, и тоа на софата, а Катерина и Јана му седеа во скутот!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
-Љубовта мора да си верува на себе си, или воопшто не постои - додаде таа откако престана да го гали лицето на Денко Самоников и си ја прибра раката во скутот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тогаш се сети дека тоа со своето клунче го скинало и ѝ го фрлило во скутот цвеќето, како благодарност, а можеби и поздрав.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Бабата го зеде в скут и почна да му става студени облози врз каснатото место.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Плачеа минута-две. количка. Ѝ седна во скутот завртен кон неа, ја прегрна Ред солзи, ред мрсули.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Тетин ми гледаше во чинијата пред себе, а децата молчејќи гледаа во скутовите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Изутрината истата Маци си лежеше во скутот на свекрва ми и си предеше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Аман... - тетин Јован веројатно по смрдеата сфати што се случило и се фати да ја одзатнува шолјата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дека премногу доцна ми текнало?
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Свекрва ми седеше на едно столче до масата на којашто сечев и ми кажуваше што да правам, а Маци ѝ седеше во скут и мрдаше со носот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Баба во скут ја држеше Мими - заспана.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Мими се почувствува и навредена, и засрамена, и виновна, па се мушна во скутот на мама Злата и залипа.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
БОРИС: (Ја става главата во скутот на Мира.) Ми удира срцето како да сум на заболекар. (Пауза) Јас ви завидувам. Млади сте.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
И јас да го послужам, се му истурив во скутот.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
БОРИС: По тебе, се разбира. Смеам да ти ја ставам главата во скут? МИРА: Зошто?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
СИМОН: Сега сите редови, каплари, поручници и капетани го бараат резервистот Симон Андреевиќ низ Скопје, а Симон дреме во скутот на Мими Бошковиќева.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
БОРИС: Мојот хи-фи ми вели дека многу сакам да ти ја ставам главата во скут. МИРА: Стави ја.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Фимка ја погали по глава како тогаш, кога јa држеше во скутот и почувствува дека топлината на нејзините усни и го затоплува срцето.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Бокалот со вода потскокна, се навали и водата се истури во скутот на командирот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А, дедо, за да не оди чупчето расплакано да спие, се враќаше до пред куќата на Нановци и јa завршуваше приказната: - И скришум поминав одоколу, одокопу, олоколу... - тој зборуваше сѐ потивко, додека Циљка не заспиваше во скутот на мајка си.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Циљка го стави во скутот и полека му го отвори клунот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Дедо ми ја зеде во скут и ѝ вети дека ќе ја носи во золошка градина.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Ја, - подрече Чакарвелика, го пристутка плеталото во скутот и не кревајќи ја главата кон нив си рече во градите: - Убаво сте смислиле, деца, ама вие дома не ќе можете да се вратите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- И на одење пред три години ние тука спавме, - расмеано откачи Шишман. - Демек така, - присторе Чакарвелика и го собра плеталото во скутот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сите тие имаа пластични кеси или торби што ги туткаа под мишките и во скутовите, жените дури и како да ги напикуваа меѓу нозете.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Авторот упорно ја посматраше додека таа седеше со рацете во скутот и погледот веднат, но како да знаеше дека тој ја гледа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Дончо никако да ги заборави деновите на доење кога се сместуваше во скутот на Чана и се насладуваше со нејзиното млеко, нешто што потраа речиси пет и повеќе години.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Со грбот на ѕидот, едната рака како да е подадена на кај моето чело, другата ѝ е во скутот, а главата - нанапред и надолу.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Само го потпушта и само го потсобира во скутот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе ми ја стави главата во скутот и јас ќе му правам патци, што се вели, ќе му ја одгрнувам косата и ќе го требам, ќе го чистам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)