Лествичникот, братот мој ја сочува главата на раменици, јас останав Сказник и Мозаичник, ќерката на логотетот прездраве и проклетството го снема, оти се помести вселената и ѓаволот веќе не гледаше нешто што не треба во словата да се види.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Сето тело, месото и коските на отец Мида се претвориле во слова, во букви: коските се претвориле во тврди гласови а месото негово во меки гласови.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тој скокаше од радост, ги прегрнуваше и Лествичникот и Филозофот, им ветуваше делови од царството, товари азно, а овие збунето се гледаа, оти не очекуваа исход ист во словата, на две различни места најдени.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Толку думи има запишано во словото, Ваше величество.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)