Или во друштво на Јована Акиноски акаше низ ливаѓето, низ мртвиците, низ бавчите и му помагаше во собирањето бубачки, жаби и тревишта. Или пладнувше покрај изворите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Напротив, со неговиот добродушен израз, со насмевката која бавно се прелеваше во благи движења на усните, во собирање на густите веѓи, тој успеваше да го придобие, смири, прифати другиот во помирлив разговор.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Па,сепак, неговата приказна, онаа што толку многу ги интересираше жителите на Потковицата, за него и за мајка му Благуна, брзо се расчу.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)