Но кога погледа подобро во списокот што Никола го држеше во рацете закима со главата: - Ако, ако...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Климент Камилски имаше уште многу податоци од западните извори за јаничарството, но Татко го потсети дека беше време да се задржи на главната цел на нивниот проект: дали во списокот да се задржи овој збор и неговите деривации во балканските јазици, зашто ги очекуваше работа врз уште многу други зборови.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Зарем не беше запишано на паноата тоа што сакаа да ни се порача, во списоците за убиените свештеници и верници, па сега мораат и гласно да се читаат овие имиња, да се коментираат нивните дела, со различна интонација на гласот, во зависност вината.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Долго време, како и мојот пријател, полскиот амбасадор Мајевски го очекувавме денот во славната палата на Претседателот Бургиба, како во некој егзотичен храм од 1001 ноќ да бидеме внесени во списокот на Шехерезада, со што продолжуваше дипломатскиот, воопшто животот во светот на суверенот!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И мигум сети лозарот од Неготино како обичните луѓе стануваат обични смртници, обична бројка во списокот на умрените.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Побарајте ги вашите имиња во списоците во кои сте заведени.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
- Да ме запишеш и мене во списокот дека имам платено... - му вели Дачо.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
- „Како се викаш? -“ ја праша. Марија ѝ го кажа своето име со воздишка на олеснување, а жената не можеше да го најде во списокот, иако го прочита неколкупати.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тие всушност беа смирени со седативи, а оваа сенишна градба со дебели камени ѕидови и студени столбови беше болница за душевни болести.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)