Првиот стадиум во станувањето на партизан беше беше растурач на летки.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Ако навистина пресудно во станувањето жена не е нешто суштинско во неа, туку нешто надвор од неа – забележувањето, кога е девојче, дека нема ист полов огран со машкото, забележувањето, како што велеше мојот брат, дека е “осакатена”, зошто тогаш како резултат на тоа забележување, резултат од кој, тврдеше брат ми, од детскоста се раѓа женскоста, од детето се раѓа жената, зошто резултат на таа свесност е зависта, а не тагата, или стравот, или рамнодушноста: тага што половите се разликуваат; страв од разликата, страв од другиот пол; рамнодушност кон различноста?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тој не допушти тоа забележување на разликата, кај некои од девојчињата-кои-стануваат-жени да поттикне и поинакви чувства, а не само завист; ја стави зависта како место околу кое се создава Јас на секоја жена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)