Му доолесна кога, додека го чекаше багажот, преку застаклената ограда го здогледа Марка како, потскокнувајќи од место во турканицата луѓе, му мавта со раката.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Не само што не успеа да го види во турканицата Кутрата, уште има надеж дека е во некој друг вагон! туку не ни помисли да прашува за него.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Да, имаше и тој нешто вистинско, но околу себе правеше толкава прашина, па немаше никакви шанси да го препознае нештото во турканицата и затоа најчесто се фаќаше за невистинските работи.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Меѓутоа не го завлече братчето натаму, туку вдолж вагоните, во турканицата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Влечеле, тегнеле, тегнеле, влечеле, еден со друг во турканицата се гмечеле, им пукнала сплинката...
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)