И во упорноста ништо не го запираше, ни отпорот на средината ни ударите на неуспехот; бабу му што би го нарекла „магарешки инает”.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Баш се чудни и неразбирливи брановите: ем знаат дека неизоставно ќе плеснат во брегот и ќе се распрснат што и Господ не може да ги спои во две капки, ем севезден одново се стројат во недобројни колони и итаат, итаат токму кон брегот – како да се на светско првенство во упорност и тврдоглавост.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)