Болно, растргнато, избраздано парче човек, реширено пред него, здрав медицинар дваесетитригодишник во цветот на младоста.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Птиците во полето празнуваат кога е сè во цвет, кога лисјата се полни со гасеници, кога се врше и кога зреат плодовите.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Отсекогаш. Отсекогаш. Ако водата е најсовршената природа, Платон најсовршената мисла, Исус најсовршената жртва, тогаш ова е најсовршената и најчиста радост – таа внатрешна предаденост кај билката која се преобразува во цвет.“
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Сигурно е веќе зрела. Тој ја имаше токму во цветот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Се наоѓам на некој цуцлест брег што целиот е во цветови како во најцветна ливада.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Плодовите на земјата таа секогаш ги сфаќаше само како подароци од земјата и ги јадеше без да размислува како тие настанале, ги прифаќаше како што ја прифаќаше и чашата со вода што ја пиеше, сѐ додека не ги виде нештата во овие бавчи како од семе се развиваат во цвет а потоа во плод.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Нејзините надежи и делумно ќе се исполнат, кога Татко, сплеткан во витлите на Големата војна, најверојатно жртва на хасмата*во родниот Подградец, работејќи во еден период како преведувач по француски јазик и инспектор на училиштата на албански јазик (според записи на легендарниот поетот од Подградец Ласгуш Порадеци), под управа на француската администрација, по наговор на командантот на француската окупациона зона Едуард Огист Иполит Мортје ќе се најде, по тајни патишта, во цветот на младоста, во Истанбул за да учи за кадија, крај својот вујко Али Фетхи-беј, во времето на најжестоките борби за создавање на нова Турција, по целосниот распад на Османската империја.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Од волшебниот огин во цветовите очички на убавицата, испарија и посребрените веѓи.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Нејзиниот млад живот беше на конец, се исплаши и татенцето, се колнам, со најнежен глас ја храбреше, ја будеше. Ѝ дувкаше во лицето, мило ѝ говореше: - Другарке Оливера Срезоска, - со толку милозлив и добродушен глас ја довикуваше, - крени глава душичке, шепнеше, не жалости го општото дело, не умирај, не умирај, мила другарке, не попуштај во цветот и летото на твојата младост, не жалости го општото дело, како секојпат прибери сила, стани смело, - проклет да бидам, пропеа татенцето, се отвори, просто како поет говореше, низ песна.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Еве ти матице матерка, мирис
на Хипнос во кошарето, пчелинок растриен
и во цвет.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Набљудувајќи го поленот под микроскоп, пресмета дека во еден цвет од јаболко има околу сто илјади поленови зрнца; во цветот од божур, околу три милиони; во реса од леска, околу четири милиони; во реса од бреза околу шест милиони; а пак во ресите на брестовите и костените по неколку милијарди поленови зрнца.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Ушите му се исполнија со брмчежот на пчелите што се пикаа од цвет во цвет како да го истражуваат.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Облак зелен во залез виолетов плови како во пристан млак Стојам под него Маглички утеха сина и бели нежни јадра – бледи јата – копнеж на живи вази Јадреат јадреам јас Во цветот на корењето земјата не се открива сино Гордо виолетово радосно плови над прозорците да ги легне очите на улицата на себе Шуми ми шуми приспивно за раното небо на тротоарот што во правот долго ги помни сините стапалки на ѕвончињата
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)