во (предл.) - чанта (имн.)

Мими ја клава пудриерата в чанта.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Пред вратата, на излегување, Васе се врати и на креветот ѝ остави неколку праски што му останале заборавени во чантата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Татко губеше сили. Тоа беше времето кога му паѓаше шеќерот во крвта заборавајќи на задолжителниот оброк во чантата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко, овој пат, не стави во чантата ниту ливче ниту книже, само големата лупа и разни моливи, верувајќи дека во неа ги смести записите од вакафот...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
На крајот, ги стави сиџилите в чанта, ја зеде паларијата со новата кордела, светната среде излитениот штоф.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Па бидејќи те видов кога сношти во бифето, - продолжи Грдан охрабрен, - како си одиш со делото во чантата, си реков....
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И ги прибрав книгите во чантата и отидов да ѝ ја однесам дома.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
„Многу убаво! Невеста, па пијаница! Си се знае, ќе се наведнеш, ќе му бакнеш рака, тој ќе ти тутне една ’црвена’, ти ќе му ја дадеш на деверот и тој ќе ја смести во чанта.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сега влегуваме во станицата Сен-Силпис, некој покрај мене се исправа и заминува, Ана исто така останува сама пред мене, престана да гледа во чантата и на два-три пати нејзините очи расеано ме пометоа пред да се загубат во рекламата за бањското капалиште која се повторува во сите четири агли на вагонот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ги свитка слушалките, ги стави во чантата и продолжи: „Досегашново негово противставување на болеста може да се спореди со онаа билка што израснува меѓу шини и која постојано живее во страв од возовите што татнат над неа и од ветрот плашејќи се да не ја прекршат или откорнат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во чантата, што ќе ви ја даде, ќе има една копија од книгата на Голдштајн.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја провери уште еднаш заработувачката од новата тура, делот за Крумета Волнаровски го стави во посебна преграда во чантата и, намигнувајќи му на Наротакис, му рече: “Чао, батка, до понеделник.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кога најпосле и последната пара ја фрлив, кога виде дека нема веќе ништо во чантата, се згрчи, се фати за градите, офна и се струполи на подот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Таа се обиде да ги земе, да ги стави во чантата, но мораше да ја остави наземи кесата со бундата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И додека повторуваше Доцнам, доцнам, а ти ме зазборуваш ја отвори вратата и отрча по скалите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ги фрли симидите во чантата, ги навлече сандалите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И така во чантата на Димче имаше појадок и за Павле, неговото другарче.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Невенче ја стави тетратката во чантата и отиде во својата соба.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Не знам што сакаше да потврди а што да одрече со овие зборови нашиот дед Павел, но не му го земавме за грев; беше станал помалку снисходителен а многу попакосен во зборот откако му премрзнаа прачките во лозјето.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дед Павел, сега сум веќе сосема сигурна дека и тој беше присутен додека се водеше овој разговор, рече дека Аксја секогаш носела огледало во чантата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
БОРИС: Затоа имаш нов костум и светнати чевли. СОЊА: И седативи во чантата.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Еве ги останатите. Овие се уништени.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ова место е гнасно.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Џебов ми е ужас. жениве ќе ти се смеат зад грб.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Заборавив на овие во чантата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За време на моето запознавање Сем Хант рече дека од сината колекција ќе преминеме на белата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Некој би требало да го исчисти местово.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Следната недела ќе преминеме на друга колекција.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Заборавањето не е лажење. Ќе речам дека не лажев. Заборавив, и тоа е вистината.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ти само врши си ја работата. Само внимавај.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бутни го во чантата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако уништиш некој џеб, стави си го во чантата - ако е многу лош.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Зошто се смешка оваа? што е толку смешно?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ќе речам, заборавив на овие во чантата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
До крајот на неделата ќе имаме доволно од сините.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)