— Море, отрова, ќерко, отрова клади, а не каве! — рече попот кога Бисера стана да тура кафе во ѓезвето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Боге и Маре останаа да го поделат останатото кафе во ѓезвето.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
И знам сега дека геометрите саркастично ќе се смешкаат, а физичарите ќе паламудат... ама нивните равенки овојпат и секоја домаќинка би ги исмеала: да го прилепиш македонското небо над Америка би било исто како да правиш палачинки во ѓезве за кафе. И обратно.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)