Според оценката за ситуацијата во областа Вичо “претпоставениот британски офицер за врска во грчка Македонија“ ќе истакне дека тие се соочени со тројца непријатели: Германци, квислинзи и комити, а дека оние што се борат против окупаторите се три групи: “Андарти, патриоти кои се против ЕЛАС и оние кои се борат против Германците, а не се Грци и сакаат независна Македонија“ и дека “не сакаат голема Бугарија“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Особено се осврнува на паролата која била употребувана од страна на ЕАМ-ЕЛАС за “еднакви права на сите националности во грчка Македонија“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Унцијала Оваа форма писмо главно е користена во грчките и латинските манускрипти од IV до VIII век на нашата ера.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Се најдов во грчкиот кушет. Со мене, со коферите, се најде и еден мој врсник облечен во кусо палто, со пробелена коса, изразити брчки на лицето.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
По тој начин правилото во еврејската реченица стана заповед во грчкиот јазик, којшто се дава на детето!
„За буквите“
од Црноризец Храбар
(1754)
„... Татко му на Еда Бранов од Битола, Ничо Бранов, беше бегалец од Грција, овие од Првата светска бојна, родум од селото Буф, во грчкиот дел на Преспа.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Хајдегер изгледа мислеше дека има чистотија во грчкиот или Технологијата германскиот што им дава интегритет и можност да генерираат преувеличува. нови нешта на доследен начин, што претставува извонредно филозофско гледиште, но јас не го делам тоа чувство, претпоставувам затоа што сум комотен во англискиот позајмувајќи од странските јазици.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Нагласувајќи дека „официјалните и неофицијалните негирања не можат да ја скријат од американската јавност антинародната политика на сегашната Грчка влада и трагичната судбина на македонските Словени“, членовите на Македонско-американскиот народен сојуз барале грчкиот амбасадор Дијамантопулос да ја информира Грчката влада во Атина за ставот на „десетици илјади Американци од македонско потекло, како и милиони слободољубиви Американци“ кои „се многу вознемирени од овие настани“ и „да биде ставен крај на теророт на профашистичките банди“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Во писмото Грција се обвинувала за започнатата "кампања на терор, со цел истребување на Македонските Словени во грчкиот дел на Македонија поради што пребегнаа преку граница, барајќи засолниште во Југославија", а додека "стотици други беа мачени и убивани".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Имињата на знаците од коптското писмо во суштина се соодветни со имињата на знаците на грчкото писмо, додека во конкретно коптскиот дел од системот на писмо, имињата на знаците се засновани врз соодветните имиња, преземени од демотиката.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Создавачот на глаголицата ја пронаоѓа фонетската сличност на оние звуци во старословенскиот јазик кои не постојат во грчкиот но постојат во низа источни јазици, и сообразно со тоа, се позајмуваат и соодветните графеми, што ја пренесуваат фонетската вредност во графички симбол.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Може да се претпостави влијание на други графички примери, претежно од Истокот, во оној дел од глаголичката низа што влегува во дополнителниот дел од алфабетот и нема свој грчки прототип.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
На тој начин, коптската алфабетска низа се сос 92 okno.mk тои од два дела: од основниот дел, соодветен со грчкиот алфабет и од дополнителниот коптски дел, приложен кон грчкиот редослед, а во кој се изразуваат оние фонетски вредности на коптскиот јазик, кои немаат свои еквиваленти во грчкиот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Но, тоа не е случај. 98 okno.mk На ваквите сведоштва се надоврзуваат бројни словенски зборови, забележани во грчки текстови и со грчко писмо во ареалот на јужните Словени, како и одделни зборови и реченици забележани со латинско писмо во ареалот на западните Словени.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Редоследот на системот-прототип се нарушува само на неколку места за влегување на знаци кои одразуваат типично словенски фонетски вредности, со што е предизвикано поместување на системот на бројни вредности.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Притоа, треба да се рече дека Ал Недим бил добро запознаен со неколку системи на писмо и течно говорел неколку јазици, така што секако би го препознал писмото, ако истото му било познато.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Количеството на фонетски единици на старословенскиот јазик значително го надминува количеството на фонетски единици во грчкиот, што доведе до неопходноста за создавање на група дополнителни знаци за пренос на типично словенски фонеми.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Зито и Елас!14 - Е, - им реков на едни нашинци во грчка униформа - не мора да биде баш така, ама дека е така, така е...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)