во (предл.) - албански (прид.)

Кристоф Шикле Tageblatt, septembre 1997, Luxembourg Писателот ја познава земјата на козите и во албанскиот и во македонскиот дел, но го познава и периодот на бурните историски и социјални настани по војната, кога на власт стапува Комунистичката партија.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Имаше само луѓе со наведнати глави, со валкани и крвјосани завои, гладни и жедни кои се повлекуваа во албанската земја.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Ние го бараме оној каде пред шеесетина години беа сместувани македонските и грчките партизани од граѓанската војна кои беа лекувани во албанските болници...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Авторот имаше чест да ги познава академик Оливера Јашар-Настева и академик Харалампие Поленаковиќ овие две маркантни личности да дели незаборавни моменти со нив, да им се восхитува на нивната ерудиција, мултиетничка и мултикултурна проникнатост не само во балканскиот јазичен сојуз туку и на неговото разгранување во сите други сфери на животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Првин Татко и Камилски се нурнаа во длабока потрага по турцизмите и османизмите во јазиците кои им беа блиски: Камилски во мајчиниот македонски јазик, во блиските словенски јазици, како српскохрватскиот, но и западните јазици кои ги познаваше: во прв ред италијанскиот и францускиот, но имаше познавања и од ароманскиот, додека Татко во албанскиот турскиот мајчин јазик, источните јазици, францускиот, италијанскиот, делумно германскиот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко ја наследи мајчината јазична судбина, на ниту еден јазик да не биде целосна, ниту на мајчиниот турски јазик, ниту на албанскиот јазик во албанското семејство во кое дојде како невеста.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Откако Камилски изнесе дека заемката севап во турскиот јазик (sebep), потекнува од арапскиот thehwab, во бугарскиот е присутен како себеб, во српскиот како себап, во ароманскиот како sibebi, во албанскиот како sebep, истакна: Како ретко кој два спротивставени поими инаетот и севапот можат да го објаснат менталитетот на homo balkanicus во текот на изминатите векови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко можеби имаше поголема среќа со наследениот турски јазик од мајка со студиите во младоста во Цариград, во албанскиот беше целосен, го владееше францускиот, се служеше со италијанскиот и германскиот (знаењата на овие јазици им ги должеше на окупациите на родниот Поградец за време на Првата и на Втората светска војна), тешко се справуваше со македонскиот јазик, кој го научи, но и недоучи, доцна во животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Покрај книжевните дела на француски јазик (Bardha de Tmal, scenes de la vie albanaise, Paris, 1890, Rose e spine, Constantinople, 1878 и други), ќе напише и јазични студии (L` alphabet latin appliqu langue albanaise, Constantinople, 1872, Grammaire albanaise l` usage de ceux qui desirent apprendre cette langue sans l` aide d` un matre, Londres 1887 и други), со кои ќе заземе значајно место во албанската книжевност и наука за јазикот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зборот зандана од персискиот збор zendan поминал како zindan во турскиот јазик, а потоа се проширил во другите балкански јазици, во албанскиот како zindan, во бугарскиот како зандан, во ароманскиот како zindane, во македонскиот како зандана.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На инаетот и неговите деривати како злобата, зависта омразата, се спротивставува севапот, со неговите деривати како чувството на возвишеност, добрина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Овие јазици оставиле свои траги во албанскиот, но во помала мера и во романскиот јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пишувањето на романот Балканвавилонци не можеше да се замисли без повеќегодишното консултирање на фундаменталните лексикографски дела на угледните балкански автори како што се Речникот на ориентализмите во албанскиот јазик (околу 4 500 зборови со турско, арапско и персиско потекло) на лексикографот Тахир Н. Диздари, започнат да се пишува за време на неговата интернација во Италија во 1940 година (преиздаден во Тирана во 2005 г.: Tahir N. Dizdari, Fjalor i orientalizmave ngjuhn shqipe, Instituti shqiptari mendimit dhe qytetrimit islame, Tiran, 2006), драгоцениот речник на турцизмите во српскохрватскиот јазик (на Абдулах Шкаљиќ (Abdulah Skaljic, Turcizmi u srpskohrvatskom jeziku, Svjetlost, Sarajevo, 1966) драгоцената монографија, работена со високи научни дострели на академик Оливера Јашар-Настева, Турските елементи во македонскиот јазик, (како посебно издание на Институтот за македонски јазик Крсте Мисирков, Скопје 2001), реткиот и драгоцен труд, докторската дисертација на Харалампие Поленковиќ, бранета во 1939 година под менторство на проф.Петар Скок, Турските елементи во ароманскиот јазик (со компаративен лексички приказ на сите заемки во балканските јазици објавена од МАНУ, 2007 година).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бев дојден во родната земја во својство на писател, за да селектирам драма од албански автор која требаше да биде поставена во Албанскиот театар во Скопје.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Така било тогаш во албанскиот дел на Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Значи јас, тука во албанската земја оставив дел од себе, ама себеси ќе се оставам долу. Отаде планините.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Коста полека ја стегна сопирачката а оние одзади го ораат патот со чизмите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Си ги згоивте газиштата, вошки ниедни, тука, во албанското, а сега потуркајте малку, - си велеше Коста во себе и го фаќаше бес, гледајќи ги онака испотени како се бришат со бели шамичиња.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Имаше извесна здржаност кај авторот во одреден период сакајќи да го избегне евентуалниот шок кај албанските читатели од материјата што дотогаш никој не се беше обидел да ја третира во албанската литература.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И не само што албанскиот диктатор одби, туку придонесе во целиот сталинистички период да се засили масовна пропаганда против личноста и делото на Фаик Коница, кој заедно со Фан Ноли, беа според многумина најголемите умови во албанската историја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А.А., за мене неочекувано го замени вообичаено негативниот пристап со неутрално, реално претставување на православната компонента во албанскиот идентитет: - Христијанското албанско православје и покрај тоа што постои уште од I век од новата ера, првата православна литургија на албански јазик се одржала во Бостон, во државата Масачусетс (САД) во 1908 година во редот на група албански емигранти предводени од албанскиот преродбеник Фан Ноли (1882 – 1695), подоцна делегат во Лигата на народите, архиепископ на независната Православна црква на Албанија, а во еден период и премиер на Албанија, врвен поет, преведувач на Шекспир и Сервантес на албански јазик.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
К.К. беше негов најдоверлив соработник, задолжен за највлијателната религија во албанската историја, католичката.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Зарем може да се заборави примерот на сеалбанскиот јунак во албанската историја Скендербеј, кој ќе биде победник во три војни објавени на Отоманската империја, по неговото враќање во старата христијанска вера, преобратен уште во детството, подоцна регрутиран во јаничарски војска.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
По војната ќе се најде во Скопје, во еден период ќе работи како спикер во албанските емисии на Радио Скопје.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Оваа идеја, подоцна, ја образложив во неколку написи објавени во албанскиот дневник „Флака е влазри­мит” (Пламен на братството), во годината на падот на комунизмот во Албанија, четири години пред пренесува­ње­то на посмртните останки на Фаик Коница во Албанија...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Двајца вооружени луѓе, облечени во албанска носија, ненадејно излегле пред децата и ги „плениле“ детето и самиот Прнаров.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)