Ако погледнеш од горе, гледаш само црневица од забрадени, бабуњосани, свиткани и стуткани сенки како врват со наведнати глави и со одвај видлив чекор, една до друга покрај казаните и, без да погледнат во чинијата, во војничката наполу ‘рѓосана порција, во бакарното котленце, во исчаденото тенџерче, во лименката од празна конзерва, тргнуваат со уште порастреперен чекор кон своите рогозини во старите италијански коњушници во кои никој не успеа да го сотре мирисот на коњската моч.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Таа, пак, ги кубеше, ги опрлуваше на огинот во пампурот, потем ги печеше на жарот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во меѓувреме во библиотеката влезе госпоѓа Камилска со две жолти бакарни ѓезвиња со сварено кафе и два мали филџани во бакарна навлака и две мали празни чашки.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Откако се поздрави со Татко, посака добра работа и си замина бесшумно, Камилски го отвори средишниот таен дел на библиотеката и од него извади шише со француски коњак курвоазије, кое го донесе со шишето шампањско од своето последно патување во Париз и го чуваше скриено зад книгите за ептен ретки пригоди, каква што ја сметаше и оваа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На исток денот се распукнуваше во бакарен сјај.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Потоа, отако ќе ги потопеше со водата што вриеше на пампурот во бакарен сад, и ги предаваше на домаќинката.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)