Притоа, не станува збор ниту за некое подоцнежно вметнување на спорната одломка во текстот на житието, затоа што истиот текст се јавува во секој од околу 50 списоци на житието.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Освен тоа, словенските народи одржувале голем број контакти со други народи, кои веќе долго време познавале и применувале писма од најразличен тип: од силабариум, преземен од Евреите кај Хазарите, со кои Словените биле во блиски трговски врски, до алфабетот кај Грците, така што не е тешко да се претпостави дека ваквите контакти и запознавањето на други типови писма овозможиле подготвување на солидна почва за настанок на словенското писмо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Сакавме да земеме многу храна, па со козите да се скриеме во блиската планина со пештери, да живееме едно време од млекото на козите па, кога ќе се смират работите, да се вратиме во градот, кога ќе се врати и слободата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Како да се протолкува вистината на луѓето во ова запрено камено време, вистината за минливоста, крај оваа вечна река што се влева во блиското медитеранско море?
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
По жестоката пресметка со козите и козарите, несудената работничка класа, по колективизацијата и трагичните последици, по пресметката со религиите и изградените атеистички музеи низ целата империја, беше сигурен во блискиот пад на сталинизмот...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Козарите мораа, во блиска перспектива, да станат работничка класа! Така беше согледано и наредено од најодозгора.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Во времето на дејствието на романот владее сталинизмот, идеологија преку која се настојува козарите кои живееле во блиските планини да ги трансформира во работничка класа, но главниот проблем биле козите донесени со козарите во градот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Огнени јазици го голтаа селото Баница...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- Еден по еден во блиската плевна! - извика некој.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Ноќта ја поминавме во блискиот мотел и повторно ја доживеавме онаа момците-во-една-соба-а-девојките-во- друга сцена, иако некој непрестано ја убедуваше бабичката која го водеше мотелот: „Не, слушајте, всушност, ние сите сме педери“.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ондин и Дороти така ме викаа без престан - тврдеа дека тој прекар настана со спојување на Дракула и Синдерела).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ги втераа во тој круг и новодојдените, и по малку ги спроведоа во блискиот четврти участок.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Од имотец, освен едно криво магаре, немаше ништо, та беше принуден да прави катран од големите борови во блиската планина, да го продава во Битола и да носи на две недели по едно осмаче 'рж или царевка.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А другите ќе ги кладеш во блиските три четири куќи по десетина. И... добро води сметка?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Пукањето на првата четничка пушка и паѓањето на чаушот направи забуна во блискиот до него аскер.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Комшиите лево и десно позастанаа.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ќе имаш можност да ги видиш сите наши раководители.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во Маклата, тревата беше пораснала поубаво одошто во Градешките ливади та Сиве ја смолкна косата и почна да коси околу изворчето.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
ЖАНР - Тргнала така жар-птицата во потрага по жалфија. Кога ја сретнал еден ко жандар прописно облечен во жакет. Прашал: „Зошто си така вжарена, жар-птицо?“ Слушајќи го прашањето, жабите во блиското мочуриште зажабуркале. „Жално е, ама болно ми е ждребето, жандару“, рекла жар-птицата. „Е па фрлај ждреб тогаш“, рекол жандарот и одвратно ждригнал. „А ти фурај тогаш жаргон!“, рекла жар-птицата. „А ти тогаш ни не си жар-птица туку жар-ѓон, колку си глупа! „Добро“, рекла жар-птицата.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Тие светови се обоени и можат да звучат, а веројатно ќе можеме во блиската иднина да ги допираме, да ги мирисаме и да ги вкусиме.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Реката, која минуваше среде градот, ја минуваше јужната граница и се влеваше во блиското море.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Езерското огледало поруменето и смирено од последните сончеви зраци, волшебно ја одразуваше, во блискиот брег, нејзината занесна игра.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
По шумарот веќе му јавија да слезе в село и да појде на училиште во блиското гратче.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Перките на вентилаторот се вртеа, се вртеа и лимоните во големата тегла со природна лимонада, долгиот излог на ладилникот беше нареден со тулумби, кадаиф, баклави, еклери, шампити, кифлички и колачиња, а празните масички со лажен мермер ги чекаа учениците, а особено ученичките од големиот одмор во блиската гимназија.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Му предложив на Земанек да пиеме во блиската кафеана; тој се согласи, и вечерта бевме на сите три претстави: од пет, од седум и од девет.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Проблемот на националниот идентитет во Источна Европа е длабок и нема да биде решен во блиска иднина.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Деновите ги трошеше седнат во блиската кафеана, што беше обликувана во форма на еден голем филџан за кафе, во чија внатрешност се вртеше, како избезумен, тутунов чад, прикривајќи го видикот на многуте светлечки рекламни паноа и слики, сместени на темните ѕидови, како налепени парчиња смола врз дрвена кора.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Често, многу често влегував во блискиот манастир. Влегував и наутро, и напладне, и навечер.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
„Често, многу често влегував во блискиот манастир“, не е обична описна реченица (Аврам и Адам) туку вовед во приказната на зографите кои со векови ги гледале и следеле „маките и страдањата на овој народ“.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
За Мисирков, којшто ги имаше предвид конкретните услови во својата татковина и можеше да го согледа развитокот на својот народ во блиска перспектива, таквиот став беше наполно неприфатлив и историски анахрон, особено кога и лично добро ги познаваше националистичките методи и средства во воспитувањето и во српските, и во грчките и во бугарските училишта.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Замина во блиското кафеанче да го проплакне грлото и да го заборави гракањето на Ружа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Станот му беше во блиските куќички близу до кванташкиот пазар.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Телото на Рада повторно се стресе. Веројатно ѝ падна шеќерот и таа само се спушти во блиската фотелја.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Преку логорувањето, врзувањето на јазли со фортома или ориентацијата во блиската шумичка, овие дечиња сакаа да сетат барем дел од животот на своите херои од стрипчињата и книгите.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Овој аусвајс гарантираше дека во блискиот Претор на лето ќе добиеш конак во едно соц-реалистичко летувалиште и голем дел од летниот распуст ќе се излежуваш на плажа.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
- Признај, не мислеше дека ние од отпорот сме толку инфилтрирани во блиската околина на Стојанчо!
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
1. Драга Асенета, Вие можеби имате волшебни црни очи кои фрлаат мирисни погледи околу себе, можеби зад себе сеете скапоцени сенки и можеби мочкате колонска вода, како што рекла една писателка, но тоа нема да Ви помогне да станете јунакиња на оваа книга.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Навидум, сѐ е прилично лесно, доволно е во блиска иднина трипати да излажете, но и нешто веќе да се случило во вашето неодамнешно минато.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Првин Татко и Камилски се нурнаа во длабока потрага по турцизмите и османизмите во јазиците кои им беа блиски: Камилски во мајчиниот македонски јазик, во блиските словенски јазици, како српскохрватскиот, но и западните јазици кои ги познаваше: во прв ред италијанскиот и францускиот, но имаше познавања и од ароманскиот, додека Татко во албанскиот турскиот мајчин јазик, источните јазици, францускиот, италијанскиот, делумно германскиот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Француската Источна армија, во 1914 година во блискиот град Корча, пред сѐ, од стратешки воени причини, ја зазеде Корча и тука формира мала Корчанска република, посади преку ноќ мали европски институции во доменот на администрацијата, судството, здравството, даночната политика, по зазор на француските институции.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Беше јасно дека Татко во градот крај реката која се влеваше во блиското Средоземно Море и беше вистинска раскрсница помеѓу Европа и Азија, ќе се најде на мегданот на големите борби за превласт помеѓу големите европски истории, коишто на траен начин ќе ја обележат балканската историја, но и историјата на неговото семејство во егзил.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ја очекуваа вистинска карта, како дар на судбината, која требаше да им поврати нешто засекогаш изгубено, за да се смири, урамнотежи во нив во блискиот залез на нивните животи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Градот, кој ги бележел своите почетоци уште во времето на Римската Империја под името Скупи на левата страна од реката Вардар, станал и легионерски центар (13-11 година пред новата ера) во време на владеењето на Октавијан Август.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Наврати и неколку пати во блиската книжарница за Источна литература на Армен Самуелиан, ги презеде нарачаните и најдени книги.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Малку беа спокојните години во Татковиот живот по балканската семејна одисеја, запрени засекогаш во нашата двокатна куќа со убав истурен чардак, градена според урнекот на градбите на османскиот цариградски стил, среде неколкуте такви куќи, задржани во овој град, познат во античките римски времиња како Скупи, а на крајот како Скопје, крај бујната река Вардар што се влева во блиското Средоземно Море.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Фантазијата е на власт, како и посветувањето и интелигенцијата, и ние токму сега го доживуваме, или во блиска иднина ќе го доживееме, совршенството на општественото: сѐ е достигнато, небото на утопијата се спуштило на земја и она што некогаш изгледало како сјајна перспектива, сега делува како катастрофа во фокусот на некое временско сочиво што го успорува темпото.“
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Слично како и сто години порано, во времето на германскиот романтизам, поетите и ликовните уметници стапија во близок и плодотворен дијалог.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Постарата ќерка Блерина беше подготвена за да ја оставиме со Бешир во блиската француска гимназија Карно во Ла Мараса, во која некогаш матурирал Бургиба.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Бешир ме оттргна од сината размисла: - Се сеќавате, амбасадоре, пред три години од ова место го здогледавме Титовиот брод Галеб кој потоа пристана во блиското пристаниште на Ла Гулет!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ја споделував камиевската распнатост меѓу аисторискиот пејзаж и историската реалност, меѓу кралството и егзилот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но напротив, не стивнуваше новиот динамизам на малата медитеранска земја, во која довчерашниот владетел Хабиб Бургиба, големиот и славен Југурта, беше на принуден егзил во блискиот крајморски Морнаг, опкружен со внимание, грижа и медицинска помош.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тој овде работел дваесет години. Живееше во блиското гратче Ла Гулет.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Шефот на протоколот ме замоли малку да се стрпам додека претседателот Бургиба не се врати од вообичената утринска прошетка во блиската Ла Марса и потоа да ги прими моите акредитиви.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во белиот дом навлегуваше животот на денот. Се ширеше миризбата на свежо вареното кафе, цедените портокали и лимоните.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Момците одговараа: на Асан-бег од Ерековци, на Селим-бег од Коњари, на Суљо-бег од Рувци, на Муарема, Фазли, Фета, Даута, Сефедина, Мамут-бега од Дедебалци, Шелеверци, Алданци, Букри, Егри, Бач, Брод, Новаци итн. и им ја кажуваа и цената на стоката која стопаните – бегови беа ја определиле, а исто така им ги покажаа и самите бегови кои седеа во блиското кафе водеа пријатни разговори.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Дали тоа се случило во блиската Јанина или во Солун?
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Чардакот, речиси виснат над брзата река која се влеваше во блиското Средоземно Море, се претвори во еден вид семејна читална.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
„Зошто да не сме си со своите и во блиската туѓина, кога таму, до вчера, ни била татковината!“
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Татко одбра да живееме во Скопје, крај реката Вардар, која се влеваше во блиското големо медитеранско море.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во чудесниот Арл пленеше сината питомина, од сите страни. Во блиската околина се извишуваа ветерните мелници.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Сакаше да го види исходот на сталинизмот и во блиската родна земја.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Беше моќен кадија, многу остави, но и многу однесе за новиот живот во Цариград, во блискиот расплет што го наслутуваше.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ја замислуваше среќната река како ја минува границата и се влева во блиското море.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Тивко заѕвони телефонот во блиската куќарка.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Двете подрачја на дискурсот се јасно раздвоени едно од друго.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Една друга интуиција заедничка и за модернистичкото и за предмодернистичкото мислење, а и за Дерида, е верата во блиската поврзаност помеѓу знаењето и доблеста, т. е. дека промените во онтолошките и епистемолошките гледишта кај луѓето можат да доведат до морални и политички трансформации.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Исто како и другите теории неговата е исполнета со желбата да го пречисти светот на останатите, безвредни теории и да ги преобрати сите неверници во вистинската вера.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ми предложи да седнеме на кафе во блиската кафетерија.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Побарале чичко да појде со нив на краток разговор во блиската полициска канцеларија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тој никако не нѐ доведува во близок допир со сопствената земја.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Светоста на нашиот телесен имиџ, заедно со ирационалните табуа во врска со сексот и смртта по сѐ изгледа се најупорните анахронизми на мислата во индустриската ера. човечкото суштество на иднината можеби ќе биде био-компјутерски хибрид со облик каков што ќе се посака, или “електронски ентитет” во дигиталниот инфо- универзум.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во блиска иднина, методите на информатичката технологија, молекуларниот инженеринг, биотехнологијата, нанотехнологијата и квантното дигитално програмирање, можат да овозможат создавање на материја, целосно детерминирана од индивидуалниот ќеиф, стил и сезонската мода.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Неговата Аргентина останува место на соништа. Борхесовиот ум тука е најстварното нешто.”
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Џорџ штајнер, исто така, нѐ потсетува дека “Борхес е кустос во душата.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Изградил еден анти-свет, совршен и кохерентен простор во кој неговиот ум може да измислува колку што сака...
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)