во (предл.) - бурен (прид.)

Тој беше загазил веќе во втората деценија од своите агрономски студии што почнаа уште пред шестојануарската диктатура, а сега навлегоа во бурното време на Втората светска војна и се преместија во друга престолнина.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Човечкото срце е толку големо, може да ги собере сите страдања, а не сакам да страдам, сакам да љубам, ми треба твоето срце, тоа е мојата мека перница,таму спијам јас, тоа е моето скривалиште во бурните денови.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не ми треба се за да те љубам, ми треба само твојата љубов, тоа е се што ми е потребно за да живеам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ми беше потребно, зашто одморот се претвори во бурен замор.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ленче си го имаше муабетот со јатрвата оставајќи ги прво децата да се видат, па подоцна се упати накај внучето, додека мажите сите се вдадоа во бурни разговори на политички и економски теми.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Зашто веднаш штом јас го поставив ова прашање за нивната облека, моите посетители попаднаа во бурна смеа со двосмислено значење.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Така Татко размислуваше во бурната балканска ноќ крај отворените книги, кога јагулите сè уште, макар решетани од рибарите, од далјаните, го продолжуваа својот пат кон Америка...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Така размислуваше Татко во бурната ноќ на заминувањето на јагулите...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)